Насловна / Вести / Спасот за пчелите е во цветните градини

Спасот за пчелите е во цветните градини

Во поново време пчелите сè почесто се наоѓаат во вестите и на насловите од многу магазини со кои се потенцира заканата од нивно исчезнување. Намалувањето на бројот на пчелите е регистрирано уште во поодминатите 60-ти години, но во последно време се става поголем акцент на глобално ниво на оваа проблематика.

2

Како проблем се посочуваат повеќе фактори. Урбанизацијата е основен проблем, кој не само што ја намалува количината на храна која е достапна за пчелите, туку исто така ја зголемува температурата на површината создавајќи ефект на топлински остров во централните подрачја.

Докажано е дека високите температури го намалуваат преживувањето на пчелите, така што ги прави повеќе подложни на патогени или помалку способни за исхрана.

3

Еден од факторите за намалувањето на бројот на пчелите е и мешањето на организмите надвор од својот ареал. Во суштина секој огранизам со текот на еволуцијата е прилагоден да му пркоси на одредена група на патогени, а со ваквиот начин на принудно мешање (во најголем случај човекот е фактор) доаѓа до контакт на нови болести на кои одредена врста на пчели не се резистентни.

Echinacea Meadow

Друг фактор кој влијае на оваа проблематика е примената на пестициди кои погубно влијаат врз животот на пчелите. Некои од другите стресови кои се соочуваат со медните пчели вклучуваат инфекции, разни патогени и вируси, губење на живеалишта, како и недостаток на разновидност и квантитет на извори  на храна.

Градинарите можат да помогнат создавајќи градини со видови кои цветаат во изобилство, како и употреба на растенија резистентни на патогени и инсекти со што би се намалила употребата на пестициди. Доколку сакате здрава градина тогаш ви се потребни инсекти. Најдобар начин да се привлечат инсектите е присуството на цветни видови кои цветаат во текот на целата сезона.

5

Не секои цветни растенија се добри за пчелите. Некои цветови може да претставуваат вистинска атракција, но тоа не мора да значи дека истите се од корист за пчелите. Со употребата на автохтони цветни видови, не се стимулира само привлекувањето на инсектите, туку поважно е тоа што се придонесува за враќање и обновување на здрави и функционални екосистеми кои во минатото биле вообичаени за ова подрачје.

6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top