Насловна / Вести / Словенија преку Австрија и натаму увезува руски гас

Словенија преку Австрија и натаму увезува руски гас

Словенија и натаму се потпира на рускиот гас кој се увезува преку Австрија. Освен тоа, таа е една од само петте земји членки кои не ја намалиле потрошувачката на гас за 15% од август 2022 година, според договорот на ниво на ЕУ. Иако компанијата „Геоплин“ склучила договор за испорака на гас од Алжир, тоа е доволно само за околу една третина од потребите на Словенија за гас. Со договорот е предвидено снабдување со 300 милиони кубни метри годишно, во период од три години, односно до декември 2025 година.

Една од мерките во склоп на планот за намалување на зависноста од руските фосилни горива е и намалувањето на потрошувачката, при што земјите членки на ЕУ се согласија на доброволно намалување од 15% на ниво на ЕУ. Од август 2022 до јануари оваа година, потрошувачката на гас во ЕУ е намалена за 18%, но има прилична нерамномерност од земја до земја. Најуспешни биле Данска и Финска кои ја намалиле потрошувачката за 40, односно 39%. Словенија успеала да ја намали потрошувачката за само 10%. Помалку успешни од неа биле само Полска со 8% и Ирска со 4%. Од друга страна Малта е единствената земја која ја зголемила потрошувачката на гас за 10% во споменатиот период.

Испрати коментар

Scroll To Top