Насловна / Вести / Штетници кај декоративни растенија

Штетници кај декоративни растенија

Најважниот услов за задржување на градината во топ форма во текот на целата година претставува тековното одржување. Тоа не подразбира само полевање на растенијата, туку во голема мера претставува и умешност за справување со големиот број штетници кои се јавуваат во различен период од годината. Во денешно време има многу штетници кои во минатото не биле присутни на нашето поднебје. Се претпоставува дека дел се донесени со увоз на егозотични растенија од странство, а дел мигрирале поради климатските промени кои се случуваат во послените години.

 12

Еден таков вид кој во поново време многу често се среќава кај нас е Cydalima perspectalis или познат како шимширов молец. Станува збор за инсект кој ги напаѓа видовите од родот Buxus spp. – зеленика, а може да се сретне и на  Еuonymus japoonica, како и на некои видови од родот  Ilex spp. Во последните години во некои градини кај нас има предизвикано катастрофални штети на многу репрезентативни растенија од родот на зелениките. Многу често се среќава и во шумите, пред сè во парк шумата Водно каде што неконтролирано прави штети врз зелениката. Лептирот има бела боја и распон на крилата околу 4 см, но правата штета кај зелениката ја извршуваат неговите ларви. Тие се со зелено-жолта боја и црна глава. Најчесто се хранат само со горната страна од листот. Овој молец има до три генерации годишно, па затоа мора редовно да се прави контрола затоа што не може со точност да се одреди кога би направиле штети. Контролата претставува длабинска инспекција на поголемите садници затоа што најчесто ларвите ја зафаќаат внатрешноста на зелениката. За сузбивање наједноставен метод е механичко отстранување, а доколку станува збор за напад од поголем обем потребно е повеќекратно третирање со соодветен инсектицид. Оштетените гранки најдобро е делумно да се закројат за повторно да се оформи густа зеленика, но во случај доцна да се реагира, ниту оваа мерка нема да е од помош.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Туја

Како еден од најатрактивните видови на декоративни садници во последните години се среќава Thuja occidentalis smaragd. Таа претставува вид кој има широк спектар на примена во хортикултурното уредување, со што се користи и како солитерно растение или во групи, најчесто за формирање на зелена ограда. Многу често култиварот смарагд заболува, најчесто од габични инфекции, а доколку не се третираа соодветно физиолошки ослабените растениjа може да бидат и нападнати од страна на инсекти и обратно. Кај повозрасните единки заболувањата може да причинат сушење на одделни делови, и во тој случај се препорачува освен третирање со соодветен фунгицид и сечење во целост на заболените гранки. Кога е во прашање овој вид, многу често се случува поради нередовно полевање на енормно високи температури кои се сè почеста појава кај нас во летниот период, растението физиолошки да ослабе со што претставува лесна мета за многу штетници.

steti od Didymascella thujina

Штети од Didymascella thujina

            Phloeosinus thujae претставува еден од најголмите штетници на тујите. Во суштина тој напаѓа само физиолошки ослабени стебла, со тоа што прави канали во стеблото на растението што доведува до негово целосно пропаѓање. Со оглед на тоа што се работи за вид кој напаѓа во внатрешноста на стеблото, за идентификација е потребна постојана контрола на растенијата, а како симптоми може да се забележи смола и пилевина во деловите каде што има оштетување.

steti od argiresthia thu

Штети од Argiresthia thu

Argiresthia thujellа или познати како молци минери, за разлика од претходниот штетник не предизвикуваат изумирање на растението во целост, но знаат и тоа како да го нарушат естетскиот изглед на туите.

Габични инфекции најчесто причинува Didymascella thujina која предизвикува пегавост на избојците на тујите. Симптомите на оваа болест се бела прашина на горната страна од листот, каде во понатамошна фаза се формираат темноцрни точки кои претставуваат плодишта.

larva na simsirov molec

Ларва на шимширов молец

Како основна мерка на заштита кај тујите е одржувањето на хигиената и користењето на здрави резници при нивна репродукција. Под одржување на хигиена се подразбира редовно чистење на исушените делови и превентивно третирање со контактни и системични инсектициди и фунгициди.

susenje na zelenika od simsirov molec

Сушење на зеленика од шимширов молец

Биро Проект, ДООЕЛ Скопје

 

Испрати коментар

Scroll To Top