Насловна / Архитектура / Пријава до Комората за неприменување на Ценовникот

Пријава до Комората за неприменување на Ценовникот

Врз основа на член 15 став 2 од Статутот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, а во врска со член 5 од Ценовникот за висината за минималниот надоместок на услугите на архитектите и инженерите, Комората оформи Комисија за контрола на спроведување на Ценовникот. На сајтот на КОАИ може да се види Упатството за работа на Комисијата.

пр

Комисијата има надлежности, права и обврски да утврдува повреди, непочитување и неприменување на Ценовникот од страна на членовите на Комората. Непочитувањето на Ценовникот се утврдува со информација добиена од правно или физичко лице, независно дали е член на КОАИ; со директа Пријава поднесена до Комората; со Пријава поднесна од Претседателот или УО на Комората.

Пријавата се поднесува на Образец писмено на e-mail: cenovnik@komoraoai.mk или по пошта на адреса на Комората.

Повеќе информации и превземање на Пријавта тука.

кк

Испрати коментар

Scroll To Top