Насловна / Вести / Повеќе од четвртина од светското население нема пристап до вода

Повеќе од четвртина од светското население нема пристап до вода

Нешто повеќе од четвртина од светското население нема пристап до чиста вода за пиење, а дури 46 отсто од населението нема пристап до основните санитарни потреби, се наведува во извештајот на Обединетите нации.

Во годишниот извештај на Обединетите нации за вода наведени се и чекорите што мора да се преземат за да се исполни целта целото население да има пристап до вода за пиење и основни санитарни потреби до 2030 година.

в2

Уредникот на извештајот Ричард Конор вели дека за да се постигне таа цел ќе бидат потребни помеѓу 600 милијарди и еден трилион долари годишно.

Нагласува дека е подеднакво важно да се создадат партнерства со инвеститорите, финансиерите и заедниците, кои се борат против климатските промени, за да се осигура дека вложените пари придонесуваат за снабдување со вода за две милијарди луѓе кои немаат пристап, како и санитарна помош за 3,6 милијарди луѓе на кои им е потребна.

в1

Конор изјави дека, имајќи предвид дека 70 отсто од водата се троши за наводнување, тоа мора да биде поефикасно, како и дека повеќе земји треба да го користат системот за наводнување „капка по капка“, за да на тој начин се овозможи повеќе вода да се користи во градовите.

Во извештајот е наведено дека сезонските недостатоци на вода ќе се зголемат дури и во областите со многу вода, како што се Централна Африка, Источна Азија и делови од Јужна Америка, и дополнително ќе се влоши во областите со недостиг на вода, како што се Блискиот исток и субсахарска Африка.

v3

Наведено е и дека во просек 10 отсто од светската популација живее во земји со висок или критичен недостиг на вода, а дека 3,5 милијарди луѓе живеат во екстремни услови кога станува збор за вода барем еден месец во тек на годината.

Според извештајот на Обединетите нации, потрошувачката на вода се зголемила за еден отсто годишно во текот на изминатите 40 години, а се очекува да расте со иста брзина до 2050 година.

Главните причини за тоа се растот на населението, општествено-економскиот развој, како и промените во потрошувачките навики.

Испрати коментар

Scroll To Top