Насловна / Урбанизам / Урбаните фарми регенерација на предградските населби

Урбаните фарми регенерација на предградските населби

urbani_farmi_thumb.jpgФАРМА РЕАЛИТИ По повод светската изложба ЕКСПО која треба да се одржи во 2015
година во Милано на тема „Храна за планетата, енергија за животот“, градот распиша
конкурс под наслов „Генерација која се развива“. На конкурсот пристигнале 250 трудови
од целиот свет, а меѓу нив и проектот Фарма реалити (Farma reality) на авторскиот
тим Аpts architect во кој учествува и македонскиот архитект Александар Петров.

По повод развојот на
Милано во контекст
на манифестацијата
ЕКСПО што ќе се одржи во
2015 година и ќе ја разработува
темата за храната, минатата
година од страна на градот бил
распишан конкурс под наслов
„Генерација која се развива“
(Una comunita per creshere).
На конкурсот пристигнале вкупно
250 трудови од целиот свет,
а меѓу нив и проектот Фарма
реалити на авторскиот тим со
заедничко име Аpts architect.
Во овој тим учествуваа: Иван
Павловиќ (Босна и Херцеговина)
во коавторство сo Александар
Петров кој живее и работи
во Италија, а во соработка со
Клодијан Омури (Албанија),
Доротеа Церезони (Италија,
Македонија) и Антонио Ангелило
(Италија) како консултанти.

 

urbani_farmi.jpg Авторите, во согласност со темата на ЕКСПО 2015 „Храна за планетата, енергија за животот“, ја отворија темата за можниот однос меѓу економската криза во градовите и самата популарност на реалното шоу „Фарма“, односно популарноста на тоа реално шоу кое веќе претставува дел од секојдневниот урбан живот, па затоа, според нив, тие две сосотојби се надополнуваат едена со друга… Го поставуваат прашањето „Колку имаме рурално во нашето урбано?“.

 

ПРЕДГРАДИЕ

 

Поконкретно, нивниот проект се однесува на едно предградие во источниот дел од Милано чиј развој, за разлика од многуте други населби кои се веќе добро стабилизирани и функционално дефинирани, се шири на неиздефинирано урбано ткиво од станбени објекти и генерира слабости (зони кои се спорни во нивното користење, со нејасна сопственост, и честопати маргинализирани како такви). Се работи за зони и места каде што јавниот простор се совпаѓа со сите неартикулирани простори, дополнително добиени од отпадот направен од користењето на постоечкото земјоделско земјиште. Овие простори повремено ги користат локалните пензионери со ниски социјални примања, како диви ботанички градини каде што го поминуваат најголемиот дел од своето време.

 

ФАРМИ

 

„Торете ди Тено“ е дел од мрежата на 58 фарми во сопственост на општината, кои го претставуваат базичниот и концептуален план за светската изложба ЕКСПО. Градот планира овие фарми да ги искористи во функција на урбаното преструктуирање, мотивирано од големиот настан кој ќе се случи во 2015 година. Од друга страна, преку темата храна, оваа манифестација сака повторно да ја врати улогата што земјоделството ја имало во минатото, нè само во смисла на поддршка на локалната економска база, туку и на сите можни социјални соодноси кога е во прашање заедничкото производство на храна и други продукти. Градот Милано сака квалитетно и максимално да го искористи овој настан, па заради тоа е насочен во анализа на производството на храна и останатите продукти, и ги испитува сите можни опции и форми на дистрибуција на продуктите преку разни дополнителни или алтернативни форми, кои би биле прифатливи за трговците, и во согласност со принципите на одржливост (економски, безбедносни, транспортни). Според авторите на проектот Фарма реалити, во овој случај фармите би биле значајни референци за градот. Тие ќе обезбедуваат продукти од урбаните ниви и градини (ФАРММАРКЕТ), но ќе бидат и носечки точки на целиот алтернативен агрикултурен систем кој делумно веќе е спонтано присутен. Се верува дека овие урбани фарми можат да ја подигнат социјалната состојба и физичката благосостојба на старите лица (пензионерите).

 

УРБАНИСТИЧКО ПОСТАВУВАЊЕ НА РУРАЛНОТО

 

Проектот, според авторите, има за цел да обезбеди нè само доследен одговор соодветен на комплексната зададена градежна задача и програма, туку и да експериментира со еден просторен и животен модел, кој би понудил квалитетен и напреден одговор на новите потреби за социјализација во предградските населби. Инаку, обликот на објектот/ фармата предвидува создавање на еден дарежлив колективен простор заштитен од бучава и надворешни влијанија. Исто како што се случувало на големите фарми во минатото. Севкупниот хоризонтален дистрибутивен систем би бил насочен во централниот двор кој би располагал со најразлични содржини и услуги. Во центарот на овие социјални случувања ќе бидат лоцирани поголем дел од сервисните услуги, подземните гаражи и дворовите, кои ќе создадат поврзување сo фармата и зоната на спонтаните ниви во насока од паркот Каве-Боско кон градот. На тој начин ќе биде засилена оската север-исток и југ-запад, што преовладува во проектот. Првото циркуларно тело од два ката содржи станбени единици со поголема потреба од директен однос со земјиштето. Тие се поставуваат по должина на периметарот на градежната парцела следејќи ги улиците и постоечката состојба. Концентрацијата на проектот во само три блока од осум ката за сите станбени единици со мала квадратура, дозволува да се редуцира можноста за окупирање на просторот, ослободувајќи на тој начин поголем простор за разни јавни активности и за обработливи ниви. Употребата на мешано типолошко решение со хоризонтална (згради во линија) и вертикална (објекти во кула) дистрибуција на животните ќелии резултира ефикасно, особено во поставувањето на станбени комплекси каде што треба да се комбинира високата густина на населението со создавањето колективни или отворени простори надвор од станбените, притоа задржувајќи ги високите стандарди за осветлување, вентилирање и создавање услови на добра енергетска ефикасност. Високите тела се поставени на начин да ја поддржуваат циркулацијата на воздухот во внатрешниот градежен систем, избегнувајќи ги сенките врз предвидените ниви или местата за колективни активности.

 

РАЗВОЈ НА ЈАВНИОТ ПРОСТОР

 

Приватните градини и овоштарници би биле колективна матрица на околниот пејсаж и би биле силно интегрирани со дизајнот на зградите. Управувањето на јавниот простор би се реализирало преку еден организационен модел, кој би бил базиран на еманципација на станарите. Би постоел еден центар, кој најверојатно би бил лоциран во внатрешноста на фармата. Тој би овозможил да се управуваат, следат и даваат информациите со кои ќe се подигне свеста зa заедничките цели, a воедно ќе ги вклучи жителите во одржување и користење на јавните површини. За секој станар би била доделена една гаража и едно обработливо земјиште, кое ќе располага со градинарски алатки и систем за наводнување. Секогаш кога некој од станарите ќе посака да се откаже од обработливото земјиште, тоа ќе биде доверенo на трети лица. Центарот ќе се труди да овозможи знаење, материјали и инструменти за самото одгледување и одржување на тие градини

 

подготви: Дејан Буѓевац

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top