Насловна / Архитектура / Објавени добитниците на наградата за архитектонски цртеж за 2022 година

Објавени добитниците на наградата за архитектонски цртеж за 2022 година

Во  својата шеста година од постоењето, Наградата за архитектонски цртеж (The Architecture Drawing Prize) продолжува да ја слави уметноста на архитектонското изразување во три категории: аналогно, хибридно и дигитално.

Во ова издание се претставени 138 дела од повеќе автори. Како и во претходните години, делата пристигнуваат од целиот свет, покажувајќи ја големата разновидност, умешност и оригиналност на учесниците.

1

„Духот на планината / Духот на планината“ од Вајхенг Је.

Победник во категоријата скицирање за 2022 година е „Духот на планината“ од Вајченг Је. Исцртано со молив, уникатно дело кое го истражува во конкретна атмосфера односот помеѓу артифициелното и природното.

„Ова е цртеж што се одликува со голема деликатност што ја истакнува разликата помеѓу естетиката на висококатниците и можноста за нивно креативно транформирање преку инкорпорирање на природата во нив како уметничка интервенција.

 

2

Институт за храна Фицрој од Самуел Вен.

Победникот во 2022 година во хибридна категорија е „Институтот за храна Фицрој“ на Семјуел Вен. Цртежот раскажува теми поврзани со кинеската култура, глобализацијата и автоматизацијата.

„Институтот за храна Фицрој (Fitzroy) се издвојува по својата внимателна и суптилна употреба на бојата. Се одликува со доза на достапност и топлина изразена преку претставата на заеднички оброк ; архитектонскиот контекст кој прикажува особености на технички цртеж, низ коти и детали. Концептуално оригинален и искрено шармантен влез“.

4 5 7

Оваа година како победник во категоријата за најдобар дигитален цртеж му припадна на Антон Маркус Пасинг, кој во 2019 година ги соедини наградите во сите 3 дисциплини како севкупен добитник. Неговото овогодинешно дело „Ѕидот / Ел Муро“ си поигрува со идеите околу почетокот, крајот и конечното. „Ѕидот го врамува погледот: бесконечен и различен по состав, мултиплицирајќи се вертикално и хоризонтално, пред нас и под нас, дефинирајќи ја човековата просторна перцепција. Тоа не е граница или бариера, тоа е простор сам по себе, живеалиште, единица на врамена социјална интеракција. Ѕидот е како време, тој е историја во процес“.

3 8 6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top