Центарот Лахта во Санкт Петербург висок 462 метра е највисок објект во Европа. Спиралниот облакодер чива изградба заврши во јуни оваа година е и 13 највисока зграда на светот. Неговите 87 ката во моментов се опремаат.
Нафтната руска компанија „Газпром“, која ќе се смети во најголем дел од објектот, исто така вели дека Лахта е „најсеверниот облакодер на светот“. Британскиот архитект Тони Кетел го проектирал облакодерот, додека работел во компанијата RMJM, пред да го предаде проектот на руските архитекти од бирото „Горопројект“ да го завршат.
Облакодерот претставува спирално свртување од 90 степени од основата кон врвот, правејќи го моментално најекстремен во светот, по мегависокиот Shanghai Tower во Шангај, кој има спирала од 120 степени.
Кетел изјавил дека при проектирањето бил инспириран од Петропавловскиот сабор во Санкт Петербург, кој е формиран од пет кули поставени околу јадро. „Желбата ми беше да создадам нешто елегантно, како историската форма на која влијае дневната промена на светлината, како кај златните куполи и столбови“, изјавил Кетел. „Кулата е дизајнирана како едноставна, органска спирала со асиметрични движења, како единствена оријентација во градот“.
Брзината на ветерот на висина од 400 метра во Санкт Петербург може да достигне и до 40m/s, што создало потреба од специјален конструктивен систем кој ќе се спротистави.
Стаклената фасада на кулата е формирана од 16.500 парчиња закривено стакло со систем на автоматски ролетни и вентили, како би ја направиле енергетски поефикасна. Лифтови за рекуперација на енергијата, систем за одлагање на вакумски отпад и ладни акумулатори се некои од останатите технологии кои кулата ги користи, што ја прават одржлива.
Јавната платформа за набљудување е на висина од 360 метри, додека планираниот ресторан во овој облакодер ќе биде највисок панорамски ресторан во Европа.
Облакодерот е одалечен 9 километри од центарот на Санкт Петербург на обалата на Финскиот залив, а комлексот Лахта Центар од 400 илјади квадратни метри, вклучува и главен влез висок 24 метра, одвоена повеќенаменска зграда и покриен парк.
Две третини од канцеларискиот простор на Лахта Центарот припаѓа на нвото седиште на компанијата „Газпром“, која овде ќе запосли 8.000 работници. Третина од комплексот ќе биде доделена на јавни простори, вклучувајќи научен образовен центар, планетариум, концертна сала, амфитеатар…