Насловна / Архитектура / Фабриката како сетилно искуство во Нингву, Кина

Фабриката како сетилно искуство во Нингву, Кина

Лоциран во Нингву, провинцијата Шанкси, проектот вклучува нови индустриски капацитети  за производство на овесна каша, трансформирајќи го суровиот овес во брашно. Процесот на производство, автоматизиран во најголем дел, бара две различни производни линии со машини со голем обем и простори отворени за јавноста, вклучувајќи и мали комерцијални простори, кафетерија и канцеларии.

2

3

4

Околината на проектот е всушност неатрактивно земјиште, со нови индустриски капацитети, неплоден пејзаж и рудници за јаглен, па вистински предизвик е  да се развие фабриката како интровертна зграда која ја пресоздава сопствената природна средина. Покрај задоволувањето на сите функционални барања, индустрискиот комплекс е обмислен  да  ги стимулира човечките сетила, нудејќи му изненадувачко искуство на посетителот.

Идејата е да се користи систем од ѕидови од тули за да се прикријат различните технички простори на фабриката во приземје и врз него да се постави едноставен бетонски волумен кој ќе ги смести сите јавни простори на програмата. Парковските површини ќе ја обиколат целата зграда, за да обезбедат природна светлина и во исто време да создадат импресивни просторни проширувања во рамките на фабриката. Централните производствени простори ќе добиваат и природна светлина од бетонските настрешници, со што кровниот простор ќе се отвори за северната страна. Системот на ѕидови од тули започнува од фасадата на фабриката, каде што градината со урбана опрема и просторот за рекреација на децата  во склоп на фабриката доброволно се остава отворена за користење од локалната заедница.

10

11

12

Обликот усвоен од ѕидовите од тула ќе ги формира и дефинира различните влезови во фабриката, секој со специфична функција: испорака на суровини, товарење на производи, влез на персонал и посетители. Поделени на различни начини, персоналот и посетителот никогаш нема да се вкрстат внатре во фабриката и додека работниците ќе уживаат во функционална организација, посетителот ќе помине низ планирано просторно искуство. Во еден момент, производната линија му се прикажува на посетителот во подигнат коридор со поглед на работилницата. Привременото сместување за вработените е поставено на задниот дел од фабриката и е замислен како невидлива архитектура.  Просторот помеѓу фабриката и останатиот контекст е претворен во градина во која е поставена урбана опрема од бетон. Изборот на градежни материјали има силно значење: употребата на сива тула е начин за создавање длабока врска со местото, користејќи локални методи на градба. Бетонот, од своја страна, ја нагласува модерноста на зградата и овозможува синергија помеѓу обликовноста и конструкцијата.

Партерното уредување е исто така целосно интегрирано во процесот на проектирање и дождовницата собрана на покривот се пренасочува во базени со вода на различни нивоа преку бетонски излези за вода. Овозможувајќи ја природна циркулација на водата од дождот е дел од искуството на просторот. Водата тече до влезот на фабриката, каде што последниот водопад, во комбинација со дванаесетметарски конзолен бетонски ѕид, го поканува посетителот да влезе во комплексот. Во текот на процесот на проектирање, некои регулаторни прашања беа решени преку дизајнот. Прописите за пожар бараат контејнер за вода на покривот што решен како самостоен елемент, додека конзолната кутија од нерѓосувачки челик, добива своја скулптуралност на покривот.

14

15

16

17

18

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top