Насловна / Вести / Атрибути на градската форма или тихи убијци на урбаниот човек

Атрибути на градската форма или тихи убијци на урбаниот човек

Еден од највознемирувачките аспекти на современата општествена заедница е алармантниот раст на човечката популација. Односно сè почесто, земјите во развој се соочуваат со проблемот на управување со демографијата. Заедницата не само што расте квантитативно, туку и во густина, што создава посебен проблем на приспособување во кој луѓето треба да се справат со моментално предизвиканиот стрес од оваа појава.

Општо земено, урбаниот метеж води до непријатни искуства, негативни чувства и чувство на отсуство на приватност. Во поголемиот дел од секојдневниот живот во градските ткива, корисниците и немаат баш многу избор, па така неизбежно се справуваат со појавите на краткотраен и долготраен метеж.

Натрупаноста, исто така, се занимава со субјективната состојба која обично има компонента на стрес и воочен намален физички и психолошки простор. Чувството на непријатност, перцепцијата на губење на контролата врз социјалната интеракција и упадот во приватноста се сметаат за карактеристични состојби при стрес предизвикан од бучава. Така, бучавата е перцептивна афективна состојба на стрес, што доведува до последици во однесувањето. Толпата не е само толпа која се состои само од голем број луѓе собрани заедно на единица простор. Во реалноста, секоја толпа има свој живот. Иако некои можеби се тесно поврзани, секоја толпа е релативно различна од другата. Затоа, важно е да се набљудува однесувањето на толпата, од индивидуално ниво, и како неделив дел од колектив при што значитечно би се спречиле сериозни загуби, како по квалитетот на живот на урбаните луѓе, така и по останатите расположливи ресурси.

3 (2)

Метежот често како термин се перципира како „количина од луѓе на едно место во исто време“, а резултатот од тоа е чувство на непријатност и нервоза. Постојат повеќе дефиниции што го опишуваат овој социјален феномен и тоа:

1. Демографска состојба со висока густина на население каде метежот е во функција на бројот на луѓе и на површината на располагање по лице.

2. Феноменолошка реакција на просторно ограничување каде е поврзана со перцепцијата на премногу луѓе или на премалку простор.

3. Општествена состојба на висока интерперсонална стимулација, каде бучавата е симбол на несаканите, непотребните и потенцијални интеракции.

Првите две дефиниции споделуваат заедничка претпоставка каде метежот е поврзан со просторно ограничување и со територијално наслојување, а пренатрупаноста ќе се случи во оној момент кога побарувачката за простор во одредена ситуација ја надминува достапната понуда. Третата дефиниција, од друга страна, го смета метежот за општествен феномен, каде поединецот е директно засегнат од присуството во толпа. Со други зборови, толпата влијае на личноста. До одреден степен, овие општествени дефиниции се сметаат за посоодветни бидејќи тие го дефинираат влијанието на метежот, па оттука соодветно, карактеристиките што се важни при негово дефинирање, (квантитативноста и проксимативноста заедно) се истите димензии што се важни при неговото искусување.

7

Метежот како психолошки феномен

Урбаниот метеж неретко се поистоветува и како психолошки феномен. Според ова гледиште, тој се перципира како субјективно чувство на непријатност поради присуството на други луѓе. Доколку очекувањата за користење на просторот се нарушат со присуство на други, се предизвикува чувството на преполнетост. Следствено, може да се појави емоционална вознемиреност соодветно проследена со нови шеми во однесувањето насочени кон зачувување на личниот простор. Со други зборови, метежот може да се дефинира како негативна проценка на одреден степен на густина во дадена област. Можеме ли да кажеме дека тогаш толпата и метежот имаат исто значење?

Изгледа дека сепак и двата концепта не се поврзани бидејќи анализата на колективното однесување е речиси целосно исклучена од истражувањето на ефектите при наслојување. Тоа е затоа што, во толпа, станува збор за емоционална реакција, олеснета со експресивно однесување, (како што се изрази на лицето, гестови, извици или шумови), додека метежот е комплицирана психолошка конструкција на луѓе на премал простор.

5 (1)

Метежот како индивидуална перцепција

Толпата и метежот поседуваат многу димензии и аспекти кои бараат внимателно истражување. Сепак, има малку информации за тоа дали самата толпа (без разлика на нејзината големина) би можела да предизвика значителен товар за луѓето во неа.

Неретко, како резултат на зголемени концентрации на метеж во внатрешноста на градските ткива се јавуваат и здравствени нарушувања како: туберкулоза, венерични болести, дизентерија, хипертензија и смртност на новороденчиња. Некои од нив се заразни болести, јасно поврзани со нискиот животен стандард; други пак, се делумно психолошки и се директно поврзани со квалитетот на живеење.

Физичкото, биолошкото и социјалното опкружување на човекот сочинуваат систем со интензивна интеракција, структуриран на таков начин што промените во која било компонента би имале значителни последици во сите сегменти. Од огромниот број проблеми со кои се соочува човекот и светот денес, постојат три значајни трендови според важноста:

1) растот на населението низ светот – и сите негови последици;

2) зголемената урбанизација; и

3) честата комуникација и социјален контакт низ целиот свет, така што секој дел од светот сега е свесен за секој друг дел. Сите овие трендови предизвикуваат зголемена концентрација и перцепција за натрупаност.

1 (2)

Натрупаност и густина

Натрупувањето и густината не се нужно исти. Густина е бројот на поединци по единица површина или единица простор. Тоа е, производ на густината, комуникацијата, контактот и активноста што вклучува одредена психолошка реакција во зависност од степенот на густината.

Замислете некој да гради куќа оддалечена една милја. Оваа куќа, да речеме, е опкружена со богата вегетација. Во исто време, замислете личност која живее во повеќекатница опкружена со многу повеќе станови и многу повеќе луѓе. Овде густината е многу висока и тоа предизвикува одредени внатрешни реакции во споредба со личноста која живее една милја подалеку, но опкружена со природата. Па оттука, чувството на натрупаност претставува психолошка и еколошка појава, а не само квантитативна состојба на средината.

Психологија на натрупување

Темата на поврзаност помеѓу однесувањето на индивидуата и околината е истражувана уште од самиот почеток, на пример, под доминација на бихевиористичкиот пристап, физичката средина е замислена како сложена низа од стимули, а однесувањето како синџир на одговори.

Поради самиот нејзин фокус, психологијата на животната средина беше и останува пред сè психологија на просторот, до степен до кој ги анализира перцепциите, ставовите и однесувањата на поединците и заедниците во врска со физичките и социјалните контексти во кои постојат луѓето и заедниците.

Па така, поимите за простор и место заземаат централна позиција. Енвироменталната психологија работи на неколку нивоа на просторна референца, овозможувајќи истражување на интеракциите со околината на луѓето на индивидуално, групно или општествено ниво. Повикувањето на просторната димензија овозможува да се земат предвид различните нивоа на анализа:

Приватен простор (индивидуално ниво): Лице и приватен простор, живеалиште, домување, работно место, канцеларија.

Јавни/приватни средини (ниво на соседна заедница): Полујавни простори, станбени блокови, ниво на маалска заедница, паркови и зелени површини.

Јавни средини (ниво на поединечна заедница, жители): Вклучувајќи ги и изградените простори (села, градови, градови) како и природната средина (селата, пејзажот итн.).

Глобална средина (социјално ниво): Животната средина во својата целина, изградената и природната средина, природни ресурси.

2 (2)

Густина како физичко натрупување

Високата густина или пренатрупаноста можеби не се стресни сами по себе, но како компонента на стрес кој се состои од серија поединечни појави (бучава, загадување, намален личен простор, индустријализација итн.), може да се третира како ситуација со преголеми димензии. Се вели дека слични степени на густина може да имаат различни ефекти врз човековото однесување, во зависност од различните социокултурни поставки. Според таткото на енвиронменталната психологија, Харолд Прошански, метежот неретко генерира чувство на губење на идентитетот, со што се развива чувството на неприпадност и обезличување. Во земјите во развој, високата густина на населението е навистина поврзана со капацитетот на просторните ресурси.

Постојат два вида густина: социјална и просторна густина. Просторната густина е релативна на количината на простор доделен на секој човек во дадената област. На пример, ако бројот на луѓе и просторот се удвои, просторната густина ќе остане иста. Социјалната густина пак, од друга страна, зависи само од бројот на луѓе во дадена област. Ако се зголеми бројот на луѓе, социјалната густина се зголемува, дури и ако се зголеми количината на доделениот простор. Густината има и други два вида во зависност од тоа каква е природата на просторот на кој таа се однесува. Внатрешната густина се однесува на голем број луѓе кои живеат во мал животен простор, додека надворешната се однесува на живеење во помала или во поголема урбана матрица.

Ефекти од долготрајна висока густина

Ефектите од долготрајната висока густина кај личноста може да доведат до:

а) Блокирање на целите кај индивидуата: Несаканиот социјален придонес во ситуации на урбано натрупување го зголемува стресот, возбудувањето и иритацијата. Во обид да се справи со ситуацијата, лицето може да се повлече и да се препушти на активност насочена кон целта која е нарушена. Оттука, високата густина води до меѓучовечки и внатрешни нарушувања при секојдневно справување со дразбите од околината.

б) Ментални очекувања: Понекогаш очекувањето на толпа може исто така да доведе до стрес. Психолози спроведоа експерименти во кои набљудуваа како луѓето се однесуваат кога чекаат голема или мала група субјекти кои никогаш не се материјализирале. Кога очекуваат да пристигне голема група, луѓето заземаат периферни седечки позици и се чувствуваат помалку удобно. Студијата покажа дека влијанието на метежот врз индивидуата е помало доколку просторот во кој општиме е заштитен со некои формални правила.

в) Когнитивна контрола: Двајца психолози спроведоа студија во која субјектите примени во супермаркетите се изложени на услови со висока и мала густина на населението. Субјектите на кои им биле дадени претходни информации за ефектите од метежот се чувствувале поудобно и имале подобри резултати во шопинг-задачите во споредба со оние на кои не им биле дадени такви информации. Ова сугерира дека ако луѓето имаат воочено когнитивна контрола, односно ако се подготвени претходно, ефектите од метежот може да се ублажат. Паулус и Мекејн во 1984 година, ги проучувале ефектите од метежот кај затворениците. Податоците откриле дека со зголемувањето на популацијата на затвореници, се зголемила и стапката на смртност, а исто така имало и зголемување на прекршителите на законот. Според податоците, во еден затвор популацијата на затвореници се зголемила два пати, стапката на прекршителите на законот се зголемила шест пати и стапката на самоубиства се зголемила три пати.

Ефект врз однесувањето на урбаниот човек

А) Конкуренција: Кога има голема густина, таа наметнува ограничувања на ресурсите. Ова резултира со конкуренција при собирање на достапни ресурси. Оттука, толеранцијата на конкуренцијата ги ублажува лошите ефекти од метежот. Толеранцијата на конкуренцијата се однесува на капацитетот на поединецот директно да се соочи со конкуренцијата, без да користи никакви одбранбени механизми и без да се црпи од ситуацијата со која се соочува.

Б) Негативни ефекти и благосостојба: високата густина нема однапред дефинирана структура, стабилност и значење. Тоа се рефлектира во безличниот однос меѓу соседите во урбаните средини, како и во недостатокот на чувство на припадност во преполните градови. Оттука, недостатокот од социјална кохезија во урбаниот живот го намалува вниманието што им се посветува на другите и ја намалува нашата подготвеност да им помогнеме на другите.

4

Таквите бихевиорални шеми се објаснети со нивоата на густина на населението во големите урбани области кои предизвикуваат индивидуализам и рамнодушност кон другите. Градскиот живот се карактеризира со социјално повлекување, егоистичко однесување, одвоеност и незаинтересираност кон другите. Општо земено, учтивоста е поретка во градовите отколку во мал провинциски град, што сугерира дека густината на населението и нејзиното непосредно влијание врз аутпутот на луѓето ќе влијае на однесувањето на помагањето и учтивоста.

Натрупаноста не е само случај на висока густина на населението ниту физички индекс, всушност тоа е субјективно искуство. Социјалните фактори како што се бројот, типот и постапките, заедно со физичките фактори т.е. архитектонските карактеристики, на изградената средина го нагласуваат дразбеното искуство при метеж. Поединците и културите се обидуваат да се справат со тоа, но сензорното преоптоварување и недостатокот на лична контрола доведуваат до многу негативни исходи. Истражувањата сепак покажуваат дека секојдневното изложување на средини со висока стапка на густина значително го нарушува менталното и физичкото здравје, извршувањето на задачите, развојот и социјалната интеракција помеѓу корисниците, што значитечно го детериоризира севкупниот квалитет на животниот стандард на урбаниот човек.

Испрати коментар

Scroll To Top