Насловна / Архитектура / Еден или три музеи на Скопското Кале?

Еден или три музеи на Скопското Кале?

muzei-na-skopsko-kale-thuymb.jpgАрхитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во пролетта 2008 година одлучи
да реализира продлабочена настава од областа на градителското наследство на тема „Археолошки
музеј Горен град – Кале, Скопје“. Во текот на два семестри, во овој проект зедоа учество
четири професори, два асистенти и други соработници. Тие работеа со 24
студенти, и изработија студија за значењето и вредностите на
Калето од различни аспекти, и предложија нови
соодветни локации за подигање на
тематски археолошки
музеј.

 

Во минатиот број на нашето
списание ви го претставивме
првиот дел од обемната
работа на професори, асистенти
и студенти од Архитектонскиот
факултет при УКИМ, студијата за
подигање на „Археолошки музеј
Горен град – Кале“. Во овој број е
продолжението на истата тема.

 

локација 2: Музеј
јужно од МСУ со
поглед кон калето
(Маја Велкоска и
Снежана Симевска)

 

Втората можна локација се наоѓа
на јужната страна и непосредно
се надоврзува на Музејот на
современата уметност (МСУ), од
каде се пружаат убави визури кон
Калето и непосредната околина.
Новопроектираниот музеј има
навидум сложена подземно-
надземна експресионистичка
структура, но всушност тој
има многу јасно и прегледно
функционално решение.
muzei-na-skopsko-kale-1.jpgВлезот е предвиден од јужната
страна преку шпицот истакнат
кон Калето, а од него посетителот
преку вестибилот има директен
пристап до рампата што се искачува
кон МСУ. Оваа рампа всушност
претставува ‘рбет на композицијата
со кој се поврзани изложбените
и административно-техничките
простории, а од нејзината највисока
кота е овозможена директна
врска со МСУ. Вкопувањето на
археолошкиот музеј во наклонетиот
терен не ги нарушува визурите
кон Калето и кон МСУ, а со едно
„атриумско“ пробивање на теренот
се создава нормално осветлување и
вентилација за новиот објект.значаен и ретко виден кул парк.
Новопроектираниот археолошки
музеј, генерално земено, има три
функционални нивоа: влезно ниво,
едно над него и едно под него. На
влезното ниво, покрај вестибилот (со
повремена изложба, библиотека и
предавална) има и административно-
технички дел, како и депоа поврзани
преку скали и лифт со депоата
на МСУ. Кабинетите за научни
истражувања се распоредени
околу еден атриум, што како
функционален состав продолжува
и на подолното ниво. Таквата
концепција овозможува пријатна
работна атмосфера со доволно
осветлување и вентилација.

 

Над влезното ниво се појавуваат
само горното ниво од влезниот
кубус и од кубусот до МСУ. На
горното ниво влезниот кубус содржи
повремена изложба, читална,
кафе-бар и библиотека, додека во
кубусот до МСУ е сместена сала
за постојана изложба и техничка
просторија. muzei-na-skopsko-kale-2.jpgТаквиот просторен
концепт истовремено овозможува
рационално, функционално
решение на објектот со негово
истовремено совршено вклопување
на наклонот на теренот, така што
воопшто не се наметнува над
околината.

 

Делумното вкопување во
теренот на овој длабоко осмислен
модерен музеј наложува употреба
на армирано-бетонски ѕидови
со потребната термичка и
хидроизолација. Зениталното
осветлување преку специјални
заштитни стакла создава пријатен
амбиент, збогатен со соодветни
извори на вештачко осветлување.
Деталната разработка на
изложбените витрини е во целосна
согласност како со потребата
на изложбените експонати така
и со севкупниот архитектонски
израз. Сето тоа на овој проект му
дава голема доза на уникатност,
па и авангардност.

 

Локација 3: Музеј
под западниот бедем
покрај Р. Вардар
(Драгана Данилова и
Зоица Долдурова)

 

Од направените претходни
анализи, студиската група заклучи
дека трета поволна локација за
подигање на Археолошки музеј –
Кале претставува рамниот терен
под западниот бедем на Тврдината.
Тука всушност е локацијата
каде што неодамна започна
изградбата на управната зграда на
Скопски водовод, во вид на една
неокласична ротонда. Како што
може да се види подолу, и за музејот
на тоа место, две години порано
студиската група предложи еден вид
кубична ротонда, но во согласност
со современите функционални
и обликовни трендови. (Сл.16)
Една од главните поволности на
таа локација претставува нејзината
близина до главните пешачки
токови, како што е кејот на реката
Вардар и нејзината видливост од
другиот брег. Од источната страна
новиот објект би бил во директен
визуелен контакт со Тврдината,
како што на пример е остварен
контактот меѓу Археолошкиот
музеј и Акрополот во Атина. За
посетителите на музејот и за
останатите заинтересирани,
искачувањето на Калето и во
овој случај би можело да биде
обезбедено преку контролиран
влез во едно од постојните стари
засолништа, а од таму со помош
на лифт да се искачи на горната
површина. Се разбира дека
таквата атракција би привлекла
голем број посетители.

 

Предвидено е ротондата да
има сутерен, приземје и три ката.
Во сутеренот би биле сместени
техничките простории и подземниот
паркинг со пристап од улицата
„Лазар Личеноски“. По средината
на ротондата има процеп со
пасарела, кој зафаќа височина
од приземје и два ката. На таков
начин тие три нивоа се поделени
на по две функционални целини.
Во приземјето е предвидено, освен
влезната партија, да биде сместена
и административната управа.

muzei-na-skopsko-kale-3.jpg 

На првиот кат во северниот
сегмент се наоѓаат простории
за стручни служби, а во јужниот
сегмент има привремена изложба.
Соодветно на тоа, на вториот
кат се предвидени простории за
едукативен центар, а на јужната
страна се развива воздушниот
простор на привремената изложба
од првиот кат. Постојаната изложба
со своите придружни простории
го зафаќа целиот трети кат од
ротондата. Преку нејзината стаклена
обвивка се овозможени погледи кон
околината во круг од 360º, со што
посетителот при разгледувањето на
изложбата по желба може да прави
паузи. Дел од средновековната
изложба е сместен во стаклена кула
на кровот, пристапна преку рампа.
Мала стаклена кула се развива и
над просторот со скали и лифт
за посетители. Ова двојство на
транспарентни кружни кули фино
контрастира на масивните квадратни
кули 14 и 15 од Тврдината.

 

Наведената флексибилност
на функционалното решение
и просторно-волуменското
обликување е постигнато со помош
на скелетна армирано-бетонска конструкција. Конструкцијата,
исто така овозможува конзолно
испуштање на третиот кат
во вид на кружна нагласена
лента од темно стакло, која
ја стабилизира динамичната
структура на објектот.

 

Како и сите останати
студиски идејни проекти, така
и овој изобилува со прилози
за внатрешно уредување, за
опремата и за конструктивни
детали. Секако дека овој проект
не би можел да биде реализиран
на првобитно замислената
локација, но сепак тоа би било
можно со извесни поместувања
на Деталниот урбанистички
план за конкретниот простор.
На крајот треба да се нагласи
дека за трите разгледани локации,
од страна на студиската група
беа направени уште по три
идејни проекти, кои имаат свои
специфични квалитети и по некоја
оригинална идеја. Меѓутоа, јас како
раководител на курсот, поради
ограниченоста на просторот можев
да презентирам само по еден. Во
изборот ми помогнаа аналитичките
дискусии, кои се одвиваа при
јавната одбрана на проектите
во почетокот на 2009 година.

 

На јавната одбрана и дискусијата,
официјално беше поканета и
Управата за заштита на културното
наследство, но нејзин претставник
не дојде. Сепак, сметам дека иако
веќе се работат проекти за три
сепаратни музеи на Калето, не
е доцна да се преиспита целата
замисла и да се тргне по патот на
интеграцијата: во еден музеј да се
сместат сите периоди распоредени
во свои оддели по хронолошки ред.
Видовме дека за таа цел постојат
погодни и слободни локации,
за кои накратко презентирав
по една варијанта на идејни
проекти, со чие додефинирање
би можело целосно и квалитетно
да се одговори на поставената
задача, на современите барања и
на предизвикот на времето.

 

проф.д-р Михаил Токарев

 

 

Еден или три музеи на Скопското Кале?

skopsko_kale_thumb.jpgАрхитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во пролетта
2008 година одлучи да реализира продлабочена настава од областа на градителското
наследство на тема „Археолошки музеј Горен град – Кале, Скопје“. Во текот на два семестри, во
овој проект зедоа учество четири професори, два асистенти и други соработници. Тие работеа
со 24 студенти, и изработија студија за значењето и вредностите на Калето од различни
аспекти, и предложија нови соодветни локации за подигање на тематски археолошки музеј.

Горниот град – Кале отсекогаш
претставувал основен
мотив за препознавањето
на Скопје – главниот град на
Македонија, па затоа тој заслужил
да биде составен дел на неговиот
официјален грб. Меѓутоа, покрај
обликовно-идентификациски
карактеристики, овој локалитет
содржи уште позначајни културно-
историски вредности како во
вид на надземни архитектонски
структури така и во вид на
археолошки остатоци под нивото
на теренот. Ценејќи го тоа,
Министерството за култура, преку
Управата за заштита на културното
наследство, во последните неколку
години презеде три широки
паралелни акции: обновување на
одбрамбените ѕидови, систематски
археолошки истражувања и
ревитализација на локалитетот.

skopsko_kale_1.jpg
При обновата на одбрамбените
ѕидови беа применети
основните методи на
конзервацијата, реставрацијата
и реконструкцијата, при што
реконструкцијата доби пренагласен
обем. За оправданоста на таквиот
методолошки пристап, кој беше
применет и при обновата на
Самоиловата тврдина во Охрид,
дефинитивен став треба да заземе
домашната, па и меѓународната
стручно-научна јавност.

Многу поголемо домашно и
меѓународно внимание привлекоа
археолошките ископувања и
истражувања во рамките на Калето.
Како резултат на актуелните
општествено-политички состојби
во Р. Македонија и во нејзиното
соседство, различните етникуми
покажаа посебно интересирање
за тоа како ќе се истражува, што
ќе се пронајде, како и каде ќе
бидат презентирани пронајдените
артефакти. Се чинеше дека секој
етникум е длабоко заинтересиран
да докаже дека еден важен дел од
неговите корени се наоѓаат токму
во почвата на Скопското кале.

skopsko_kale_2.jpg
Таквата сепарирана
заинтересираност постепено
прерасна во недоверба, така
што одделни етникуми побараа
археолошките ископувања да се
вршат во „присуство на нивни“
археолози. Како што покажаа идните
настани, недовербата ги зголеми
сомневањата што прераснаа
во недоразибрање, а патот од
недоразбирањето до конфликтот
е многу краток.

Калето – симбол на
интеграција или
сепарација

Уште првата сесија на археолошките
ископувања (до 2008) покажа
дека почвата на Калето изобилува
со артефакти од праисторијата,
па сè до почетокот на XX век.
Поголемиот, и тоа најзначајниот
дел од нив беше и сè уште е
изложен во Музејот на град Скопје.
Ископувањата продолжија и
понатаму, при што се дојде и до
темелните структури од најстариот
праисториски период. Датирањата,
а особено именувањето на
одделните културно-историски
слоеви (периоди), непотребно почна постепено да
поминува од стручно-науен
во општествено-политички
домен. skopsko_kale_3.jpgМеѓутоа, минатото
покажува, што и во овој
случај се потврди, дека
мешањето на политиката во
струката и науката може да
предизвика далекусежни
негативни последици.
Еден од основните
принципи при археолошките
истражувања во цел свет
гласи: Не ископувај ако не си
подготвен да го заштитиш и
конзервираш она што ќе го
откриеш. Меѓутоа, сведоци
сме дека добар дел од
архитектонските структури
откриени за време на
првата сесија, извесен
период беа (се) изложени на
временски непогоди. Сепак
надлежните органи почнаа
да обезбедуваат средства и
за таа намена, но прашање
е дали беа поставени јасни
приоритети, зависно од
загрозеноста и значењето на
откриените одделни
структури.
skopsko_kale_4.jpg
Секако дека еден од приоритетите
претставува сместувањето и
презентацијата на движните
артефакти откриени при
ископувањата на Калето. Познато
е дека за таа цел претходно треба
да се направат продлабочени
истражувања, за тоа што ќе се
презентира, кога, каде и на
каков начин. Секоја избрзана,
а особено недоволна
транспаретна одлука може да биде
само контрапродуктивна, што се
покажа и во конкретниов случај.

Одлуката на Управата за подигање
на црква-музеј врз темелите на стара
црква од XII век (обновувана во XIII
и XIV век) ја разбранува јавноста во
Р. Македонија и предизвика такви
меѓуетнички недоразбирања, кои
набргу резултираа со крвава
тепачка. Како резултат на тоа,
од февруари 2011 година сите
активности на Калето се стопирани.
Меѓутоа, одеднаш на 15 јули
годинава директорот на Управата,
археологот Паско Кузман во
интервју за дневниот весник „Вест“
обелоденува дека во подготовка
се планови за нови значајни
активности. Во написот „Место
црква три музеи на Скопското кале“,
Кузман изјавува: „Во музејските
објекти ќе бидат презентирани
движните предмети откриени
на Тврдината. Едниот објект е
посветен на праисторискиот
период, што Албанците си го
нарекуваат дека е период од
Дарданците. Вториот ќе биде
посветен на средновековниот
период – византискиот или, како
што си го викаат Македонците,
период на христијанството, и
третиот објект ќе биде за наоди
од отоманскиот период, како што
тие векови ги нарекуваат Албанците
и Турците. Во него ќе има и
реконстуриран отомански објект“.

Сакајќи да се уверам дека
наводите во написот се без
т.н. слободна новинарска
интерпретација, неколку дена потоа
бев љубезно примен од директорот
Кузман на стручно-научен разговор
во неговиот кабинет. Од разговорот
произлезе дека наводите во
написот се веродостојни и дека со
реализацијата на изнесените идеи
би можело да бидат задоволени
различните интереси, така што
ревитализацијата на Калето би
можела да се одвива
непречено.

Средбата со искусниот
археолог ја искористив да
укажам на други можни
солуции и да покажам варијанти за
нивно решавање, што предизвика
особен интерес кај него, за што
посебно му благодарам. Убеден
сум дека понудените солуции
ќе поттикнат размислувања и
превреднувања на идејата дали
да се градат три „сепаратни“ или
пак еден „интегративен“ музеј,
односно дали да се примени
исклучувачки или вклучувачки
приод. Подолу изнесените ставови
и предлози се базираат на моите
долгогодишни сознанија како
професор и проектант во областа
на заштитата, реставрацијата
и ревитализацијата на
градителското наследство.

Науката и
образованието Во
служба на општеството

Архитектонскиот факултет
при Универзитетот „Св.
Кирил и Методиј“ од
Скопје, следејќи ги актуелните
настани и движења поврзани со
неговата дејност, во пролетта
2008 година одлучи да реализира
продлабочена настава од областа на
градителското наследство на тема
„Археолошки музеј Горен град
- Кале, Скопје“. Во текот на два
семестри, во наставно-образовниот
процес зедоа учество четири
професори (М. Токарев, како
раководител, М. Гулески,
Т. Стојков и А. Христова-Поповска),
два асистенти (А. Ивановска и
М. Зиноски) и соработникот
Е. Апостолова. Тие работеа со
24 студенти, кои во VIII семестар
поделени на шест групи, изработија
студија за значењето и вредностите
на Калето од различни аспекти,
и врз основа на стручно-научни
параметри предложија нови
соодветни локации за подигање
на тематски археолошки музеј.
Во текот на IX семестар,
студентите групирани по
двајца, подпомогнати од
наставниците и асистентите,
имаа задача да изработат
идеен со елементи на главен
проект за Археолошки музеј на
конкретна локација. На таков
начин, за три различни локации
се добија по четири проекти,
кои студентите успешно ги
одбранија пред Комисијата и се
стекнаа со статус на апсолвент.
Во рамките на Студијата на
постојната состојба беа направени
главно четири групи анализи и тоа:


- Анализа на пошироката околина,
од местоположбата на Калето, преку
класификација на објектите
во околината, па сè до
карактеристиките на
културолошката патека;

- Анализа на потесната околина,
од намена на објектите, пристапи
и движења, па сè до анализа на
моторниот и пешачкиот пристап;

- Анализа на локалитетот, од
неговиот историско-хронолошки
развој, преку културно-естетските
анализи, сè до попис (преглед) на
пронајдените артефакти (Сл.6);

- избор и анализа на
конкретната локација од
различни аспекти, па сè до
програмската разработка
на локацијата и на идниот
археолошки музеј.

Треба да се нагласи дека од
истражувањата направени во
рамките на сите шест Студии не
произлезе ниту еден предлог
(избор на локација) за подигање
на археолошки музеј врз некоја од
пронајдените подземни (темелни)
архитектонски структури.
Одлуката се заснова на два
основни принципи, и тоа:

- Ниту една од пронајдените
подземни структури не би
можела просторно и
програмски да ги задоволи
потребите на еден современ
археолошки музеј, без да биде
деградирана самата структура;

- За каква било обнова (целосна
реставрација или реконструкција)
врз некоја „соодветна“ темелна
структура не може да стане
збор, бидејќи нема ниту
директни материјални
докази, ниту пак индиректни
нематеријални показатели
за тоа како би можела
да изгледа надземната
структура над конкретните
стари темели (ѕидови).

При отсуство на неопходни докази
или показатели, би можело да се
пристапи само кон т.н. типолошка
обнова по пат на аналогија,
што како постапка е силно
критикувана од соодветните
меѓународни стручно-научни
кругови, бидејќи таа се
граничи со фалсификат. Таква
постапка е дозволена само во
исклучително ретки случаи, кога
со лесна транспарентна надземна
структура треба да се заштитат
„ин ситу“ археолошки артефакти
со многу големо значење.
Евиденто е дека таков случај
на Калето нема, така што какви
било предлози за типолошка
обнова врз три различни подземни
структури (од праисторискиот,
средновековниот и т.н. отомански
период) нема стрчно-научно
оправдување. Од друга страна,
сместувањето на пронајдените
артефакти во три одделни
павилјони поврзани со чувствата
и желбите на одделни етникуми
или верски заедници имплицитно
води кон културна, па и
општествена дезинтеграција.

skopsko_kale_5.jpg
Наодите од сите
периоди Во еден музеј

Базирајќи се на направените шест
Студии на постојната состојба,
студиската група (студенти и
наставници) направи темелни
анализи за избор на најпогодна
локација каде би можело да се
подигне археолошки музеј.

Притоа се земени предвид сите
фактори кои треба да пружат
најповолни услови за негово
функционирање, при што треба да
се истакне неговото архитектонско-
уметничко достоинство, но без
да се наметне врз непосредната
околина со нагласено историско-
уметничко значење.
Од анализите произлезе
дека за подигање на музејот
би можеле да се земат
предвид пет можни локации, и тоа
една во рамките на Тврдината и
четири во допирните појаси со неа.
Од понатамошната валоризација се
заклучи дека најголеми предности
имаат следните три локации:

1. Местото на некогашната
касарна (подоцна музеј), што
се наоѓа покрај западниот
бедем, внатре во Тврдината.

2. Местото јужно од Музејот
на современата уметност со
наклон на теренот кон Калето.

3. Местото под западниот
бедем на рамниот терен покрај
брегот на р. Вардар.

Во продолжение, зависно
од расположивиот простор,
за секоја локација од
можните четири ќе биде
претставен само по еден од
најуспешните проекти, и тоа
во многу скратена верзија.
Заедничко за сите проекти е тоа
што во еден објект е предвидено
да се сместат сите вредни
артефакти од археолошките
наоди на Калето, распоредени
по оддели според хронолошки
ред. Притоа се земени предвид
актуелните светски тенденции
дека новите музеи, меѓу
останатото треба да бидат
места за средби и атракции, со
цел културното наследство да
се приближи до што поголем
број граѓани. Во процесот на
проектирањето е искористено
значајното искуство на познати
музеолози, како на пример
италијанскиот експерт Фабрицио
Аго, кој одржа пригодно
предавање на Архитектонскиот
факултет во Скопје.

Локација 1: музеј Во
рамките на Тврдината

(Милановска Деспина и
Стојановска Драгица)

Локацијата се наоѓа непосредно
покрај западниот бедем кај кулите
14 и 15, на местото на некогашната
касарна, чии урнатини се отстранети
по земјотресот од 1963 година. На
таков начин во теренот е создадена
една поширока вдлабнатина, за чие
подземје е утврдено дека
претставува карпеста структура
без археолошки остатоци.
Со пополнувањето на таа
вдлабнатина со нов музејски
објект во вид на едноставна
хоризонтална призма, врз нејзиниот
рамен кров се создава пешачка
платформа од каде се пружаат
атрактивни визури во круг од 360°.
Платформата се наоѓа истовремено
на ниво на пристапната патека
и на ниво на градобраните
од одбрамбениот ѕид. Со
проектот е предвидена само
делумна реконструкција на
бедемот меѓу кулите 14 и 15, така
што објектот во добар дел би бил
видлив од брегот на реката Вардар.
За набљудување на пошироката
околина, посетителите би можеле
да се искачат и на кулите. 
Објектот е предвиден да биде
само приземје, и тоа со димензии
30,30 m х 67,50 m, при што
поголемиот изложбен дел би
бил висок 4,70 m, а помалиот
административно-технички
3,00 m. Режимски пристап за
моторно возило е овозможен од
техничкиот влез на северната
страна, додека пешачкиот пристап
е овозможен преку скали и рампа
од источната страна на објектот.
На почетокот од симнувањето
по скалите или рампата веднаш
се отвора атрактивна визура кон
центарот на Скопје и пошироко.

skopsko_kale_6.jpg
Со понатамошна разработка
на проектот може да се
добие уште еден
функционален и атрактивен
пристап. Имено, од шеталиштето
покрај брегот на реката Вардар
би можело да се издвои наменска
патека, која би влегла во едно
од старите засолништа под
Калето, од каде контролирано
со лифт посетителите би можеле
да пристигнат во влезниот хол
на музејот, за да ја разгледаат
поставката или едноставно да
прошетаат по Калето и околината.
Во основата на објектот, најголема
површина зазема изложбениот
дел, а потоа следува влезната
партија (хол, привремена изложба,
предавална, бифе и сл.), како и
административно-техничкиот дел
со сите потребни содржини.
Армирано-бетонската конструкција
на објектот е предвидена да
го прифати товарот врз неа од
масовната посета, како и од
евентуалните сеизмички потреси.
Со нејзина помош е обликувана
едноставна скалеста призма, чиј
понизок дел е ориентиран кон
бедемот. Преку понискиот дел и
преку делумно реставрираниот
западен бедем, од кровната пешачка
платформа на сите страни се
шират непречени визури. Со веќе
направената целосна
реконструкција на западниот
бедем, визурите од објектот кон
запад се делумно ограничени,
додека кон него речиси сосема
се попречени. Тоа пак, од своја
страна може да придонесе за
визуелно доживување на т.н.
целосна историска компактност на
Тврдината, без видливи модерни
интервенции. Фасадната обвивка
на предвидениот музеј со сивите
полни површини се надоврзува на
колоритот на бедемот, додека со
доминантната застакленост јасно се
издвојува од него.
Во рамките на проектот се
дадени голем број прилози со
детали и изгледи на внатрешното
уредување и обликување, како и
позначајни конструктивни детали,
кои поради ограничениот простор
овде не се презентирани.

проф.д-р Михаил ТОКАРЕВ

(текстот продолжува во следниот број)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top