Насловна / Технологии / Пристигнува новиот Архикад 14

Пристигнува новиот Архикад 14

arhicad-14-1.jpgНа 11 мај годинава, Графисофт (Graphisoft) објави
детали околу новиот Архикад (Archicad) 14.
Вообичаено месец-два пред објавувањата на новите
софтвери, на големо се шушка со датуми, информации
итн. Со оглед на тоа што во изминатиов период буквално
немаше никакви информации за новата верзија,

се доби
впечаток дека 14-ката ќе доцни. Сепак, Архикад 14 почека
да стивне вревата околу Аутодесковата 2011 софтверска
линија за да настапи на сцена.

 

Оние што го користат или го следат Архикад, сведоци се
на извонредни „пикови“ во развојот на овој софтвер. Пред
некоја година тоа беше поддршката на 64-битната
технологија, година потоа Архикад стана првиот БИМ
софтвер кој понуди поддршка на повеќејадрената
процесорска технологија, потоа значително се унапреди
тимската работа преку Архикад со воведување нови
комуникациски и проект-менаџмент алатки. Оваа година
сè е во знакот на интероперијабилноста, односно
компатибилноста со софтверите на останатите
професионалци како што се електроинженерите,
машинските инженери итн. Имено, инженерите во
Графисофт посветиле навистина големо внимание на
ИФЦ (Industry Foundation Classes) форматот што е од
отворен вид и служи за размена на фајловите помеѓу БИМ
софтверите.

arhicad-14.jpg
 

Иако оваа поддршка постои веќе извесно време,
Архикад 14 понуди низа значајни подобрувања со цел
подобра комуникација помеѓу корисниците на Архикад со
корисниците на останатите БИМ софтвери. Пред сè,
подобрувањата подразбираат воведни нови унапредени
ИФЦ Транслатори и тоа различни за неколку светски БИМ
апликации, почнувајќи од својата директна конкуренција:
Аутодеск Ревит Стракчр (Autodesk Revit Structure), Аутодеск
Ревит МЕП (Autodesk Revit MEP), Autocad MEP, па преку нè
толку омразениот Немечек ОлПлан (Nemetschek Allplan), до посакуваниот ДДС-КАД (DDS-CAD). Листата на поддржани
БИМ софтвери е навистина голема и значајна. Овие т.н.
Транслатори се всушност алгоритми за конвертирање,
односно преведување на фајлот креиран во Архикад, во
фајл со ИФЦ формат специјално разбирлив за дадениот
софтвер. Покрај Транслаторите, се воведени и експорт-
импорт додатоци, но и дополнителни опции во делот на
одредување карактеристики на елементите. Така, Архикад
нуди дополнително специфицирање на ИФЦ тип на
елемент, потоа поделба на елементите на носиви,
недефинирани и неносиви конструктивни елементи.

 

Сето ова е во функција на подобро „преведување“ на
фајловите што се спремаат за користење во други софтвери. На пример, фајлот кој содржи архитектонски
модел се преведува за пренос во Аутодеск Ревит Стракчр,
со цел негова доработка од статичка гледна точка. Бидејќи
Ревит Стракчр го „интересираат“ само носивите елементи,
од највисоко значење е при ИФЦ „превод“ Транслатерот да
ги потенцира носивите конструктивни елементи пред сè
останато. Практично, тоа значи: Архитект кој изработил
проект со фаза Архитектура во Архикад, слободно може
да комуницира со останатите професионалци од другите
фази, без разлика што софтверот што го користат тие е
различен, па дури е развиен и од директната конкуренција.
Фазистите можат да извршат доработки или промени на
проектот, додавајќи елементи кои ги засегаат нив и така модификуваниот модел да го препратат на друг фазист или
да го вратат назад до архитектот. Вратениот модел е повторно
компатибилен со Архикад и не само
тоа, туку ново додадените елементи се
целосно едитабилни.

arhicad-14-2.jpg 

Иако бенефитот на корисниците е
огромен, треба да се знае дека ова е
извонреден потег на челниците на
Графисофт, иако веќе виден по некои
потези кои ги направи Аутодеск пред
некое време. Имено, Графисофт
веќе извесно време се наоѓа во
незгодна состојба пред конкурентите
што имаат пошироко и побогато БИМ
портфолио составено од
најразлични БИМ апликации кои ги
покриваат многуте фази во
Градежништвото: архитектура,
статика, електрика, греење,
водовод, канализација итн. Од друга
страна, Графисофт го има
најдобриот БИМ во делот на
архитектурата, Архикад. (Впрочем
не е за чудење, Архикад почнал да
се развива далеку пред неговите
денешни конкуренти.) Во името на
унапредениот работен процес
помеѓу различните фазисти, а кој
е обезбеден во голема мера
преку интероперијабилноста на софтверите што
ги користат, дел од професионалците често се одлучуваат
(или им се наметнува) да користат БИМ софтвер кој е
компатибилен со оној на соработниците. Затоа Бентли, кој
има најголемо БИМ портфолио, е во далеку подобра состојба
во однос на конкурентите, иако неговите решенија честопати
се оспорувани во однос на нивната БИМ вредност. Аутодеск
кој има помало портфолио од Бентли, но квалитени БИМ
решенија, го воведе дгн фајл форматот во своите апликации
и со тоа овозможи своите корисници без проблем да
комуницираат со оние на Бентли, па на тој начин го намали
притисокот врз себе. Практично, сега истото го прави и
Графисофт. Доста храбро, својата најголема ранливост ја
преведе во предност, воведувајќи транслатори за неколку
популарни софтвери меѓу кои и оние на конкуренцијата.
Само за потсетување, фајл форматот до пред некоја година
беше гордост и уникатност за секој софтверски производител.
Никаква поддршка за туѓите фајл формати не доаѓаше во
предвид, ниту пак отворање на спецификациите на
форматите. Сега работите се различни. Архикад ја отстрани
својата најслаба карактеристика и продолжува да биде
одличен архитектонски БИМ софтвер кој соработува со
останатите, давајќи им на корисниците несекојдневна
можност да го унапредат својот работен процес и
комуникација.

 

Архикад 14 ќе почне да се испорачува на 9 јуни 2010, додека
порачките и уплатите ќе почнат од 1 јуни 2010. Во третиот
квартал од 2010 можат да се очекуваат и 26-те локализирани
верзии на Архикад 14 (колку што знам, македонска верзија сè
уште нема). Сега засега нема информации колку ќе чини, но
се претпоставува дека цената ќе остане иста со онаа на
Архикад 13. На прв поглед, Архикад 14 изгледа како уште едно
успешно издание.
Сите оние што би сакале подетално да се информираат,
информации можат да најдат на официјалната веб страна на
Графисофт www.graphisoft.com, а куси видео материјали се
поставени и на www.youtube.com.

 

Трајче СТОЈАНОВ, дипл. инж. арх.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top