Насловна / Архитектура / Шигеру Бан – експресионист на невидливата структура

Шигеру Бан – експресионист на невидливата структура

shugeru (3)
Шигеру Бан e роден во Токио во 1957 година. Јапонскиот архитект е познат по својата иновативност во користењето на рециклирачки материјали за креирање на исклучителна и невообичаена архитектура. Студиите по архитектура ги започнува на Државниот институт во Калифорнија, за подоцна да ги продолжи и заврши на Универзитетот во Њујорк (Cooper Union), под раководство на Џон Хејдук. Преку работата со Хејдук, еден од најважните архитекти на Њујорк – „Њујоршката петорка“, Бан почнува да се интересира за архитектонската поетика и за алтернативните методи и процеси при проектирањето. „Њујоршката петорка“ која ја сочинуваат Питер Ајзенман, Мајкл Грејвс, Чарлс Гватмеј, Џон Хајдук и Ричард Мајер, се приврзаници на чистата форма на модернизмот и ја практикуваат работата на Корбизије. Тие се експресионисти, визионери, поети и теоретски пишувачи на модерната и постмодерната.
shugeru (2)
Како и членовите на „Њујоршката петорка“, Бан ја негува идеологијата на Корбизије, односно лојален е на чистата форма на модернизмот. Тој има освоено голем број престижни награди, има одржано голем број предавања, а за неговото творештво се организирани изложби низ целиот свет и се издадени бројни публикации. Списанието „Тајмс“ го прогласи како еден од најпрогресивните дизајнери архитекти на 21 век. Во оваа 2014 година, Бан е прогласен за добитник на Прицкеровата награда, со што стана 37. носител на оваа најпрестижна награда во модерната и современа архитектура. Прицкеровата награда се доделува годишно, како награда за талент, визија, приврзаност кон архитектура која е во сооднос со природата и содржи хумани димензии, и се смета за Нобелова награда во полето на архитектурата. Првата Прицкерова награда е доделена на Филип Џонсон во 1979.
shugeru (1)
Една од најважните карактеристики на архитектурата на Бан е „невидливата структура“. Иако за себе вели дека не е посебно заинтересиран за нови материјали и техники во архитектурата, тој е повеќе од модерен во својот метод на „прочистување“ на текстурата и структурата со употреба на лесни материјали и конструкции. Комбинирањето на методи на западниот модернизам со јапонската рационалност, доведува до нивна симбиоза, односно до традиционално ултрамодерен архитектонски простор. Бан, сепак, на пошироката архитектонска јавност најдобро ѝ е познат по своите хартиени структури PTS – Paper Tubes Structures, и е првиот архитект кој изградил куќа првенствено од хартија како градежен материјал. Хартијата е евтин,  лесно заменлив и еколошки материјал, а објектите од хартија се вбројуваат во категоријата одржливи објекти. Затоа и Бан се вбројува во еколошките архитекти, но овие принципи не го одвојуваат од јапонската експериментална, рационалистичка или модернистичка архитектура. Функцијата за него е секундарна категорија, која произлегува од техничките потреби, додека основни се просторноста и структуралноста.
shugeru (7)
По катастрофалниот земјотрес во Јапонија (1995 година), Бан станува интернационална фигура на архитектонската сцена поради користење на хартија за изградба на привремени структури за сместување на жртвите од земјотресот. Истата година ја основа невладината организација VAN (Voluntary architects network) – мрежа архитекти волонтери. Преку изучување на структурата и својствата на хартијата, заклучува дека е можно да се постигне не само конструктивна стабилност на овие структури, туку и да се решат техничките барања поврзани со водоотпорност и заштита од пожар. Во оваа смисла, тој тврди дека е возможно да се подигне и повеќекатница со употреба на хартија како носечки елемент на структурата. Хартиените структури можат лесно да се обработуваат, да се склопуваат на градилиште, а можат и повторно да се користат или рециклираат.
shugeru (6)
Во рамките на своите планови Бан не експериментира со нивелација туку формира мирни и хармонични простори… (прочитајте повеќе во број 219)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top