Насловна / Архитектура / Шарената џамија во Тетово

Шарената џамија во Тетово

sarena-dzamija-tetovo-thumb.jpgШарената џамија, како недвижно наследство заштитено со закон уште пред 60 години, е културно-
уметничко сведоштво со висок степен на изворна зачуваност и карактеристични архитектонско уметнички
елементи, кои го оправдуваат статусот на културно наследство од исклучително значење. Нејзината
монументалност и значење, пред сè, се препознаваат во специфичната надворешна и внатрешна декорација.

Oвој месец започнува
реставрирањето на фасадата
на петвековната Шарена
џамија во Тетово, и со тоа овој
репрезентативен споменик на
нашата земја од османлискиот
период ќе ја обезбеди својата
долговечност. Фасадата на
Шарена џамија се реставрира
со средства на aмбасадорскиот
фонд за културна заштита на САД,
во износ од 94.708 американски
долари, а преку Министерството
за култура овој грант му се
доделува на Националниот
конзерваторски центар кој ќе ги
извршува работитe. Договорот
за заштита и реставрација на
фасадата на џамијата го потпишаа
министерката за култура Елизабета
Канческа – Милевска и новиот
амбасадор на САД, Пол Волерс
„Овогодишниот грант е еден од
најголемите за оваа година во цела
Европа. Се надеваме дека овие
проекти ја симболизираат нашата
длабока почит кон уметничките и
културните традиции од минатото“, изјави амбасадорот на САД во
Македонија, Пол Волерс.

sarena-dzamija-tetovo-1.jpg

Шарената џамија, како недвижно
наследство заштитено со закон
уште пред 60 години, е културно-
уметничко сведоштво со висок
степен на изворна зачуваност и
карактеристични архитектонско
уметнички елементи, кои го
оправдуваат статусот на културно
наследство од исклучително
значење. Нејзината монументалност
и значење, пред сè, се препознаваат
во специфичната надворешна
и внатрешна декорација.
Министерката за култура во
врска со објектот, посочи дека
продолжуваат заложбите да му
се обезбеди долговечност на
овој репрезентативен споменик
на архитектурата и сликарството
од османлискиот период.
„Декорацијата е уникатна,
живописна и впечатлива, изведена
со безброј стилизирани флорални
и геометриски орнаменти.
Надворешната декорација плени
со кружните и ѕвездести мотиви
во живи бои, кои ја збогатуваат
убавината на целиот објект“, изјави
министерката Канческа-Милевска.

sarena-dzamija-tetovo-2.jpg

ИНТЕРВЕНЦИИ



Со конзерваторско-
реставраторските интервенции на
фасадната декорација особена
важност се дава на сочувување на
затекнатиот уметничко – естетски
израз. Токму затоа сите заштитно-
реставраторски интервенции кои
ќе бидат предвидени со проектот
би требало да се однесуваат
на зачувување на оригиналните
сликани елементи и реставрација
на оштетени, исчезнати и
избледени фрагменти. „Во
моментот се вршат организациони
работи околу обезбедување
Одобрение за конзерваторски
истражувања (од Управата за
заштита на културното наследство),
за непречено извршување на
конзерваторските истражувања,
кои се во функција на изработка на
конзерваторскиот проект“, изјави
в.д. директорката на Националниот
конзерваторски центар, Цветанка
Хаџи Пецова за Порта3.
Во изработката на проектот
ќе учествуваат стручни лица од
Националниот конзерваторски
центар – Скопје. Стручниот
тим е мултидисциплинарен и
во него се вклучени: сликари
-конзерватори, историчар на
уметност, хемиски инженер -
конзерватор и други стручни лица
за подготовка и изработка на техничка и фото документација.
„Непосредната заштита, односно
реализацијата на проектот ќе
отпочне оној момент кога ќе биде
готова проектната документација
и кога ќе биде издадено
конзерваторско одобрение за
извршување на реставраторските
работи. sarena-dzamija-tetovo-3.jpgБидејќи заштитните
интервенции се однесуваат на
извршување работи на фасадната
декорација на џамијата, односно
се работи за специфични и
осетливи интервеции кои бараат
умерени темеператури, реално
би било работите да започнат на
терен во втората половина на март
2012 година или порано, зависно
од временските услови“, вели
Момчило Трајковски, советник
конзерватор во Националниот
конзерваторски центар.
Пред да започне процесот на
реставрирање, потребно е да
се направи увид на состојбата
преку која се забележуваат
сите конзерваторски проблеми,
почнувајќи од најосновните
механички оштетувања, пукнатини,
стабилноста на објектот и
оштетувањата што имаат хемиски
карактер. Откако ќе се направи
увидот, следува фазата во која
се одредува кои материјали и
какви техники ќе се користат во
конзервацијата. Во првата етапа
од конзервирањето се започнува
со чистење на гипсената краста,
односно прашината, потоа санирање
на сите пукнатини кои најчесто
се наоѓаат околу прозорците и
како последна фаза да се изврши
ретуширање на ѕидните слики
на фасадата со акрилни бои.
„За првпат во Македонија како
материјал ќе користиме Nanoline,
кој претставува најнов светски
материјал во конзервирањето.
Тој се користи како раствор кој се
нанесува на ѕидот, а по сушењето
ѕидот станува поцврст. Останатите
материјали кои ги користиме при
конзервацијата се раствори на
амониум карбонат, раствори на
амонуиум бикарбонат, хартија,
целулозни влакна (ZZ 1000) кои како
хартија се нанесуваат на ѕидот. Како
маса за инјектирање ќе користиме
Primal ac 33, а за чистење на
површината ќе употребиме
Amberlite ir 120 или ir 4400.
Материјалите што ќе ги користиме
се од италијанската фирма CTS,
која произведува конзерваторски
материјали и алатки, а
набавувач на овие материјали е
специјализираната фирма КАСВЕР-Ц
од Скопје“, објаснува Трајковски.

 

Петвековен белег
на градот



Според натписот над влезот во
молитвениот простор, џамијата
е изградена во 1495 година,
а е обновена и проширена во
1833/34 година, од Абдурахман
паша. Денешниот архитектонски
и уметничко – декоративен изглед
е настанат во првата половина на
19 век (1833/34 г), кога познатиот
тетовски паша Абдурахман дал
посебен налог да се обнови
џамијата, која изгорела во
големиот пожар што го зафатил
градот при крајот на 17 век. sarena-dzamija-tetovo-4.jpgОна
што оваа џамија ја издвојува од
останатите џамии и на некој начин
го оправдува статусот на недвижно
културно добро од исклучително
значење, е пред сè поради својата
впечатлива декоративна обработка
на ѕидните површини во ентериерот
и екстериерот. Со преубави и
уникатни насликани орнаменти и
употребените сликарски техники,
овој објект претставува еден од
најпрепознатливите белези на
Македонија, но и еден од бисерите
на исламската архитектура.
Шарената џамија во основа има
правоаголна форма со следните
главни содржини: молитвен
простор – харим, галерија – махвил
и трем на западната страна.
Фасадните површини на џамијата се
карактеризираат со исклучително
богата декоративна обработка. Во
четири реда се насликани исправени
правоаголни полиња, во секое
поле, во внатрешниот простор се
насликани кружни и ѕвездести
мотиви во живи бои, наизменично
поставени и изработени во секо
техника. На нејзината десна
страна се наоѓа класично минаре
изработено од фин делкан камен
и како елемент е од првобитната
џамија од крајот на 15 век.

Весна Костовска

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top