Насловна / Архитектура / Подигнувањето објекти на кејот ќе биде грешка на векот

Подигнувањето објекти на кејот ќе биде грешка на векот

greskanavekot.jpgОд медиумите дознаваме дека со новиот ДУП на просторот
пред Македонската опера и балет, на платформата, на самиот кеј на реката Вардар
се пред
­видуваат
административно деловни објекти. Ние пов
­озрасните архитекти кои сме работеле во тоа време, кога
се проектирале и граделе објектите од културниот центар, должни сме да ве
информираме за сите замисли, за целокупната концепција, за да можете да
донесете издржан, конструктивен и зрел заклучок.

 





102_SE PRAVI.indd

Согласно основната поставка на проектот
на Кензо Танге, предвидено е формирање на јаки мега урба
­ни
структури кои ќе бидат носители на главните функции во централното подрачје: транспортен
центар, тргов
­ски центар, културен центар, универзитетски кампус и друго. Локацијата
на културниот центар во централното подрачје на градот зазема особено значителна
и скапо
­цена положба, што наметнува одговорен и студиозен пристап кон програмското
и ликовното решавање (тоа е постигнато со избраниот конкурсен труд). На левиот брег
на реката Вардар и пред земјотресот имало објекти од културата: стариот театар,
филозофскиот факултет, библиотеката и други.

Како почитување на традицијата на
левиот брег на реката предвиден е комплексот културен центар со опера, концертна
сала, ексклузивна киносала, објекти за едукација – музичко балетско училиште и факултет
за музички уметности, пратечки функции – продавници за музички инструменти, музичка
опрема – сервисир
­ање, книжарница за музичка литература, апартмани за гостувачки професори
– уметници, апартмани за тален
­тирани студенти, пропратено со простории
за угости
­телски содржини.

Масите на филхармонијата, оперско-балетска­та
зграда, киното, просторно создаваат некаква школ
­ка отворена кон Вардар, така
што таа платформа е прекрасен простор за летна сцена. Значи, имаме прос
­тор
заштитен од околниот сообраќај, ориентиран на свежината на реката, а при тоа прикрепен
на објекти од културата (училиште, филхармонија, опера и балет) што значи достапност
до персонал, опрема и учесници. Вонредни погодности. Дали е тешко да се разбере
дека тој простор треба да се сочува?

За жал, комплексот културен центар
не е доизграден. Ако се изведе филхармонијата и пропрат
­ните
услужно трговски дејности и ако се санира подот на платформата, ќе може просторот
да заживее, ќе може цело лето да се изведуваат настапи и културни настани на отворен
простор, пред реката, а за скопската клима нема подобро решение.

Дали е тешко да се разбере дека
тој простор треба да се сочува и заштити од непредвидени градби? Зошто сето тоа
треба да го уништиме, зошто тој прос
­тор убаво замислен да го
обезвредниме подигнувајќи об
­јекти на кејот?

Да размислиме!

Ова ќе биде генерациска грешка.
Грешка на векот!

Како заклучок: тој простор припаѓа
на градот, на граѓаните и како генерација сме должни да го сочуваме.

Архитект Олга Папеш.

 

Испрати коментар

Scroll To Top