Насловна / Вести / ЕК тужи четири држави поради возачките дозволи

ЕК тужи четири држави поради возачките дозволи

Европската комисија (ЕК) ќе ги тужи Хрватска, Холандија, Португалија и Шведска поради неисправното пренесување на прописите на Унијата во возачките дозволи.

ЕУ утврдила дека постојат неколку недостатоци во пренесувањето на Директивата за возачки дозволи, вклучувајќи го и направилното пренесување на важноста на дозволите во Холандија, како и пропустот на Португалија која не обезбедила едно лице да може да има само една возачка дозвола.

Хрватска ќе биде тужена бидејќи таа не се поврзала во системот на возачки дозволи во Европската унија. Со оваа мрежа се олеснува меѓусебната соработка на државите членки и обезбедува издавањето на дозволите да биде според прописите на ЕУ.motorway-driving

ЕК бара од Хрватска, Кипар, Естонија, Полска, Романија и Словенија, во најкус можен рок, во целост да ги применат новите правила на ЕУ за ревизија.

Забележан бил и пропустот на Шведска, која недоволно правилно ги пренесува условите за здравствената способност на возачите кои се зависни од алкохол.

Во Директивата за законските ревизии на годишните финансиски извештаи и консолидираните финансиски извештаи, се утврдуваат условите за издавање на одобренија и дозволи за работа на лицата кои вршат законски ревизии. Со измените дополнително се зајакнува независноста и објективноста на лицата кои вршат ревизии.

Државите членки имаа обврска овие правила со сопственото законодавство да ги внесат до 17.јуни 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top