Насловна / Градежништво / како до подобар закон за Градење?

како до подобар закон за Градење?

fakom-ad-thumb.jpgСегашниот Закон за
градење претежно
се занимава со
регулирање на
формалните права
и надлежности,
пред сè на
органите на јавната
администрација.
Значи, во повеќе
од две третини
од законот, тој се
занимава со правата
и надлежностите
на инспекцијата,
министерството
и глобите!

Најнапред неколку збора за
тоа која е или би требало
да биде функцијата на
Законот за градење? Во прв ред
негова основна функција е да
ги регулира односите меѓу сите
учесници во процесот, нивните
права, обврски и одговорности, во
сите фази од зачетокот на идејата,
па се до крајот на животниот век
на градбите. Потоа, да воспостави
ред во согласност со европската
правно-техничка регулатива,
стандарди за квалитет и „добрата
практика“. Имплицитна, но не
помалку важна функција е да
овозможи природен развој со
перманентен раст на квалитетот,
компетентноста и референтноста,
да е заснован на природниот
процес на градење, етаблиран низ
светската градежна традиција.

 

Дали актуелниот закон ги исполнува
овие функции? Да почнеме
од основната. Да ги регулира
односите меѓу сите учесници
во процесот, нивните права,
обврски и одговорности, во сите
фази од зачетокот на идејата,
па се до крајот на животниот
век на градбите. Да воспостави
ред во согласност со европската
правнa и техничка регулатива,
стандарди за квалитет и „добрата
практика“. Тоа го прави само
делумно! Законот претежно
се занимава со регулирање на
формалните права и надлежности,
пред сè на органите на јавната
администрација. Ова оттаму што во
повеќе од две третини од законот,
тој се занимава со правата и
надлежностите на инспекцијата,
министерството и глобите!
Или, дали актуелниот закон ги
исполнува имплицитните функции?
Да овозможи природен развој со
перманентен раст на квалитетот,
компетентноста и референтноста,
да е заснован на природниот
процес на градење, етаблиран низ
светската градежна традиција.
Одговорот е воопшто не! Законот
ги изедначува фирмите со докажан
квалитет, компетентност и
референтност со „човек-фирмите“.
Целосно е занемарен природниот
процес на градење – испуштени се
суштински важни фази во пред-
проектниот процес и во процесот
на проектирање/градење.

 

Да почнеме од лиценците. Тие
се даваат за проектирање,
ревизија, градење и надзор.
Формални услови за нивно
добивање се фирмата да има
регистрана дејност и минимален
број овластени инженери. За
лиценца за проектирање, за
лиценца А, фирмата треба да
има три инженери од кои еден
со овластување А и еден со Б.
За да добие фирмата лиценца
Б, треба да има два инженера,
од кои еден со овластвање Б. За
да добие фирмата лиценца А за
изведување треба да има вработено
најмалку 20 лица. Од нив тројца
треба да имаат овластување А
и еден Б. Додека за лиценца
Б за изведување е потребно
фирмата да има вработено пет
лица, од кои две треба да имаат
Б овластување за изведување. Но,
одиме понатаму. Според член 27
од Законот за градење изведувачот
може изведувањето на одредени градежни работи да ги довери на
друго правно лице (подизведувач)…
Но кои работи, кој процент?
Ништо не е кажано, ниту е јасно.
Уште почудно е решението за
лиценци за градење. Законот
фактички стимулира постоење на
фирми – човек. Во вкупниот број
вработени лица за А или Б лиценца
(20 или 5) спаѓа и помошниот
кадар (возачи, секретарки, курири,
хигиеничарки …). Овде се јавуваат
и некои парадокси. Парадокс
бр.1 (член 57), градби од прва
категорија: нуклеарни електрани,
термоелектрани и хидроелектрани,
патишта и железнички пруги,
регионални водоводи …градби
од втора категорија: индустриски
градби, деловни градби,
колективно домување, трговски
центри, хотели, спортски сали
под 10.000 гледачи…полн со
несогледиви и непоправливи
последици. Странски фирми –
човек (нивни претставништва)
изведуваат градежни работи
вредни милиони евра!

fakom-ad.jpg 

А што ни бараат нам странските
клиенти за да земеме работа на
нивните пазари? Бараат пред сè
производна опрема и машини. Тоа
значи технологија, CNC машини
за сечење и дупчење, автоматски
линии, старост, број и капацитет,
обученост на оператори. Ни бараат
дигалки и монтажна опрема, нивен
број, носивост, дофат, итн. Бараат
машини и апарати за работа на
терен, сертификати и лиценци:
ISO, DIN, BS, EN, бродски регистри
…Се бараат референци, пред сè,
објекти во странство, инженерски
кадар по специјалности, искуство,
лиценциран софтвер …
Кај нас, пак, за добивање
на лиценца за градење не е
потребно да имате (законот не
ви бара), на пример, барем ISO
9001, сертификат за изработка
на заварени и/или динамички
оптоварени конструкции, барем
минимум производен кадар, барем
список на производна опрема,
машини, дигалки итн. Барем
референци за изведени објекти.
Кај нас категоризација на
објектите е извршена не според
сложеноста, видот и карактерот на
натоварувањата, инвестиционата
вредност, туку единствено
според надлежноста за издавање
на градежната дозвола!
Но, тоа не е се. Неколку збора за
природниот тек на пред-проектните
и проектните фази. Се почнува со
пред-физибилити студија, потоа
доаѓа физибилити студија, па се
прави идеен, па основен и изведбен
проект (проект за подготвителни
работи). Потоа, проект за проект за
изведената состојба и за употреба и
одржување. А што е предвидено со
Законот? Оставени се само основен
проект, (проект за подготвителни
работи), проект за изведена
состојба и проект за употреба и
одржување. Ниту збор за пред-
физибилити студија, физибилити
студија, идеен проект, изведбен
проект. Исчезнаа во Законот.

 

За попластично да биде
прикажано, еве некои
специфичности за проектите
во челична конструкција. За
која било покомплексна градба
(мост, конструкција со поголем
распон или поголема височина)
не можете да го предадете
проектот без проект за монтажа.
За каква било конструкција, не
можете да започнете со изработка
без работилнички цртежи и
без проект за технологијата за
заварување. Тука е и одговорот
на прашањето зошто е неопходен
изведбениот проект? Па тој зависи
од опременоста на фабриката
и познавањето на процесите
од страна на проектантот.
Конечно, како заклучок, може да
се каже дека Законот за градење
од 2005 година, во клучните –
технички одредби е подобар
од актуелниот! Што треба да се
измени? Задолжително да се
вратат идејниот и изведбениот
проект, а да се дефинира кога се
потребни физибилити студиите!
Задолжително да се врати старата
категоризација на објектите, но
да се избришат апсурдите со пет
лиценци, како и да се исправат
апсурдите со овластувањата што
ги издава Комората на овластени
архитекти и овластени инженери.

 

проф.д-р Тихомир Николовски ,
ФАКОМ ад Скопје

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top