Насловна / Архитектура / Дизајнерите на Салерно – „нова италијанска крв“

Дизајнерите на Салерно – „нова италијанска крв“

dizajnerite-na-salerno-7.jpgСалерно, градот што лежи на брегот на Тиренското Море, во кризните
времиња реагираше на себеси својствен начин: се подигна и прооди.
Повеќегодишната криза ја погоди економијата на целата земја, задушувајќи
ја секоја можност за претприемништво. Покрај тоа што куповната моќ е
намалена, што значително влијаеше на стандардот и очекувањата,
економската криза се одрази и врз архитектурата.

 

 Единствен начин за излез од кризата претставува дополнителниот ментален и креативен напор за изнаоѓање на нови решенија. Токму така, за време на запирање на тековите, настана идејата "нова италијанска крв". Оваа идеја, која ја осмисли архитектот од Салерно, Luigi Centola, овозможува интерактивна презентација и поврзување на архитектите, дизајнерите и пејзажните дизајнери и нивно слободно изразување во "Real time" без никакви ограничувања, односно нешто сосема различно од традиционалните пишани медиуми. На тој начин, може да се биде и дел од проектот newitalianblood. com и да дојде до поврзување со некој кој се наоѓа во претсобјето со поглед на локалниот ИН-Центар, кој го проектираше архитектот Manuel Tortorella.

 

dizajnerite-na-salerno-1.jpg

 

"ИН – ЦЕНТАР"

 

Отвореноста, размената на идеи и културата отсекогаш биле одлики на градовите на море. Овде во ИН- центарот, можно е да се споделат дури и најинтимните моменти. Екстравагантно и иновативно, решението има и ограничувања од архитектонска природа, со оглед на тоа што е вметнато во објектот со носечки ѕидови, што не дозволува многу слобода во изработката на архитектонското решение. Сепак, ова решение оптимално го користи дадениот простор, и во исто време, на генијален начин се промовира себеси.

ИН-центарот, кој има стратешка положба со поглед од 180°, како на внатрешноста така и на морето, е погоден простор за различни истражувања и иновативни материјали. Еден од најзаслужните за оваа инвестиција е и Massimo De Divitiis, пејачот на групата "Neri per Caso", која некогаш победила на фестивалот во Сан Ремо. Manuel Tortorella многу експериментира на тема површини и избор на бои, благодарение и на соработката со жените, кои ја имаат таа предност погледот да им е помалку "далтонистички" од оној што го имаат мажите.

 dizajnerite-na-salerno-2.jpg

Жолтото и зеленото, боите што доминираат на сликите ја менуваат перцепцијата и варираат во текот на сезоната, и заедно со светлото прават ефект на движење на дрвја на главното шеталиште. Мудро направената комбинација со ретро и модерни елементи ја прават кастилијанските лустери, "floss" ламбите и рамките "barissol", нагласени со ЛЕД осветлување.

 

"MANEKI NEKO"

Морето, како контемплација и великодушност, го формирало Nicola Ferrara и неговиот архитектонски израз во Салерно, градот што може да ве маѓепса и да ве одведе во еден момент во "фантастичниот град" на Myazaki. "Maneki neko", којшто го креирал Ferrara е доживување од престојот во Wunderkammer, каде што не функционираат некои основни правила на јапонскиот амбиент, почнувајќи од црешовиот панел со сечен таван, кој нема остри рабови, туку елегантни проширувања каде светлото се разлева и повикува на гостопримливиот амбиент на источната култура.

Самото присуство во "Maneki neko", на некој начин, овозможува да се нурнете во еден велеградски Shakkei, каде се чувствува модерната Јапонија со урбаниот Токио и манга стриповите. Со Ferrara, градот Салерно ја покажа својата солидарност во реализација на народната кујна за сиромашни од Сан Франческо.

Со барањето да се проектира место за народна кујна, се наоѓа и големата желба со проектот да се даде достоинство на просторот и на луѓето што тоа го изгубиле, пред или во текот на тешкиот период од кризата. Кујната е замислена како домаќинско место за нејзините корисници, со пријателски и гостопримлив карактер. Функционалноста и естетиката одат заедно, иако типологијата на објектот не мора нужно да го предвиди естетскиот аспект како значаен елемент. Од таа причина, одбрано е квалитетно дифузно природно и вештачко осветлување. Вешто користејќи ги материјалите се успеа во намерата просторот да зрачи со топлина. За подножјето е користена кафена боја, едноставни материјали, кои се врзуваат за франческијанската идеологија, која елегантно старее заедно со луѓето што го посетуваат тој простор. Топлината, енергијата и солидарноста едноставно пловат во овој стар дел на градот.

 

"ДИВ ОБЛАК"

Овде се наоѓа дивиот облак на Fabio Quinto, направен од паралелопипеди направени од четинари, со спирална форма и вулканска енергија, со формално експериментирање и геометриски дебаланс заглавени помеѓу лентите. Неговата сила е да влезе во излогот на ателјето на младите "Vestros" дизајнери. Влегувајќи, тој отскокнува од ѕидот за повторно да излезе. Неговата насилна енергија се руши единствено со стриктни општински регулативи, кои велат дека проекцијата не може да биде повисока од 60 сантиметри.

На некој начин тоа е како крај на еден сон, во овој случај на Fabio Quinto, што инаку често се случува во Италија. Тој ист закон, сепак, не успеа во целост, туку придонесе во внатрешноста да се задржи облакот, и да се оствари нов однос помеѓу содржината и просторот. Фабио ја замислил архитектурата како игра каде што еден од основните елементи е морето со својата енергија, и тоа се гледа во неговите дела.

Користи деконструкција со геометриска неурамнотеженост и формални експерименти: непостоење на шанк во барот Largo Cassavecchia, кој на тој начин ги става во директен дијалог клиентот и неговиот алкохолен сон. На тој начин тој успева да го реши функционалниот проблем на недостиг на простор и во исто време да се откаже од класичниот израз за барови. Овој негов експеримент е уште попровокативен во фактот што не постои врата помеѓу главниот простор и тоалетот. Со користење на огледало успева да го "дуплира" тесниот простор.

dizajnerite-na-salerno-4.jpg

Користи контраст помеѓу стаклата и ѕидот од тули, кој потсетува, без разлика на иновативноста, на карактерот и историјата на градот. Оригиналноста на пристапот кон архитектурата на архитектот Fabio Quinto е пренесена на надежните млади луѓе од групата "Vestros",Antonio Maria Silvestri, Andrea и Luigi Amoroso, кои создадоа нов бренд, со многу труд, со оглед на тоа што немаат намера да се откажат од своите сништа. Енергијата, волјата за иновација и раст го водат Салерно кон секторите што не се типични за тој град.

 

"BAI"

 

Пивницата "BAI", дело на архитектите од студиото "Ghelostudio", домашното пиво го става во прв план во оваа зона позната по вино. Малата но гостопримлива пивница се наоѓа во објектот со остатоци од римскиот и од средновековниот период. Визуелната пропустливост на надворешната површина овозможува контакт со историските архитектонски изрази, кои достигнуваат фигуративна тензија и ја истакнуваат различноста на архитектонскиот израз. Позитивистичкиот пристап кој се држи до функционалниот принцип на дистрибуција на пивото нема да биде во конфликт со слоевите на историјата, напротив, со постојаните комбинации на старите материјали, природниот камен и модерните материјали, како стакло, дрво или челик, просторот има карактеристика на богато обоен амбиент.

Според проектот на студиото "Ghelostudio", лесно ветре дува над пченицата, која го прави составниот архитектонски дел на тлото. Ова е необичен проект, чиј фокус бил на формите, а не на површините, отскокнува од класичниот концепт на траторија- ресторан, кој е многу вкоренет на југот на Италија и во целост претставува простор кој лесно се адаптира на дневните потреби на корисниците, од појадок до вечера. Концептот KM0 ја следи актуелната филозофија на користење на храната, што е локално одгледувана, избегнувајќи употреба на храна која заради потребата да биде транспортирана од далечни краеви често е набрана прерано и поинаку е чувана, губејќи ја притоа својата вредност.

Спротивно од ставовите на мултинационалните компании, локалната храна е гарантирано органски одгледана без генетски модификации.

 dizajnerite-na-salerno-6.jpg

Користените материјали во нивната основа и функција се необични: електрична ограда вкрстена со гранки и поле од пченица, додека шишињата вино се наоѓаат на ѕидовите, а палетите стануваат маси. Прифаќајќи го концептот KM0, архитектите посакале да ја приближат природата кон просторот за консумирање, заради тоа внатрешноста на просторот е збогатена со едно засадено дрво маслинка, кое треба да донесе "духовен мир во овие тешки модерни времиња". Наспроти топлината на жолтата боја во внатрешноста на просторот, која доаѓа од медитеранската страст за јаки бои, се спротивставува влажниот ветер кој доаѓа од кулата. Во денешно време дизајнот стана многу битен аспект на современото општество, фокусиран првенствено на потребите на луѓето и неопходноста на намалување на трошоците. Секако, најважен е социјалниот ефект.

Салерно, благодарение на далековидната администрација, ги гледа економските ефекти, кои многу се однесуваат и на квалитетот на живот. Исто така, благодарение на локалната регулатива, која поставила одредено ниво на проектирање, настанале голем број бироа, кои се занимаваат со дизајнирање на ентериери, со авангарден пристап кои го водат градот кон далечните цели.

 

dizajnerite-na-salerno-7.jpg

 

Потребно е етиката и естетиката да одат заедно: ако едно лице, елегантно облечено седне покрај убаво поставената маса, тешко дека ќе јаде со прсти. Ако проектираме подобро и луѓето ќе се однесуваат подобро.

 

Франческо Читро, дипл.град.инж. (Италија/САД)

Испрати коментар

Scroll To Top