Насловна / Архитектура / Светлосни тавански „капки“ кои ја менуваат бојата во зависност од временските сезони

Светлосни тавански „капки“ кои ја менуваат бојата во зависност од временските сезони

Cafeteria_courtyard-600x400 Cafeteria_eastern_courtyard-600x400

Новата кафетеријата во главната зграда на Техничкиот универзитет во Берлин, го добива името Молња затоа што е полна со амбиентално и променливо светло во зависност од временските услови. Ателјето The Baupiloten ја конструираат новата кафетерија во рамки на проектот за реконструирање на главниот објект при Техничкиот универзитет. Кафетеријата поврзува две дворишта на старата зграда која датира од 19 век, додавајќи им нова функција. Карактеристичниот прозрачен таван на кафетеријата, е видлив од фојаето на Универзитетот и низ прозорците од внатрешните дворови.

Cafeteria_Sheet_Lightning-600x400
За изградба на кафетеријата, зградата помеѓу двете дворишта моралa нужно да се разруши и циркулацијата да биде реорганизирана. Кујнските области за подготовка на храна и миење садови, се преместени во соседните простории, така што централниот простор би се користел исклучително како трпезариски за послужување храна и пијалаци. Површината каде се издава храна е директно поврзана со кујната и ја дели трпезаријата дијагонално. Постојаната област за седење доаѓа долж обете страни, во облик на свиткана лента со различна ширина, која продолжува кон дворовите. Областите за седење се проектирани да ги следат светлосните делови во внатрешноста, а во двориштата се сместени под крошните на дрвјата. Самостојние столици и маси се изработени од истиот материјал како и шалтерите – не’рѓосувачки челик. Поставени се столици и на послужувачкиот шалтер за оние што брзо сакаат да испијат кафе.

Cafeteria_spring-autumn-600x400 Cafeteria_winter-600x400

Таванот е посебно интересен фокус во ентериерот. Тој се состои од осум светли делови налик на големи светлосни капки обликувани од текстилни елементи, кои го обезбедуваат главното осветлување во просторијата и на места насочено кон сегментите со трпезариските маси. „Таванот со капки“ ја крши формалната доминација на конструктивните греди во просторот и создава единствен простор заедно со шалтерскиот простор за седење и храна. Формите на светлосните капки преку својата прозрачност ја дематеријализираат сопствената тежина. Долниот дел на „капките“ е направен од слабо транспарентна, бела, вештачка трева која не само што дистрибуира светлина туку ја подобрува и собната акустика.

Cafeteria_sitting_area_2 new

Cafeteria_summer-600x400

Временските сезони ја диктираат бојата на светлосните капки. Во летниот период, колку е поголема надворешната температура, толку капките добиваат ладни, освежувачки тонови, како сината тиркизна која создава ефект на небо и море. И обратно, ниски зимски температури надвор создаваат топли бои како сончевата портокалова која го стоплува амбиентот внатре. На пролет и на есен, боите се мешаат меѓусебно. Сето тоа e искомбинирано со суптилните црвени детали на мебелот и зеленото ненаметливо осветлување во заднината.

Cafeteria_floor_plan_winter-600x252 Cafeteria_section_A-A_winter-600x373

Испрати коментар

Scroll To Top