Насловна / Вести / Зделка на година: Microsoft ја купи социјалната мрежа LinkedIn за 26,2 милијарди долари

Зделка на година: Microsoft ја купи социјалната мрежа LinkedIn за 26,2 милијарди долари

Microsoft ја купи социјалната мрежа LinkedIn за 26,2 милијарди долари.

LinkedIn, чија идеја е да ја олесни врската меѓу работодавачите и вработените и професионалните односи во целина, ќе задржи препознатлив бренд и независност како компанија, гласи пораката на Microsoft. Извршниот директор Џеф Винер ќе ја задржи функцијата, а ќе одговара пред неговиот колега во Microsoft – Сатја Надела.

Двете компании имаат слични мотиви – да поврзуваат професионалци и да го подобрат бизнисот.micro_linked

По излегување на информациите за трансакцијата, акциите на социјалната мрежа скокнаа за цели 48%.

Во моментов LinkedIn е најголемата и најскапата професионална социјална мрежа, а за последната година нејзините активни корисници се зголемени за 19% до над 433 милиони.

Винер и коосновачот на професионалната мрежа Рид Хофман, кој е и главен акционер во неа, го одобрил стекнувањето, кое ќе биде спроведено до крајот на годината.MS-Linkedin

„Екипата на LinkedIn изградила фантастичен бизнис, ориентиран во поврзувањето на професионалци во светот. Заедно ќе можеме да го зголемиме растот, како на LinkedIn, така и на Microsoft Office 365 и Microsoft Dynamics (софтвер за бизнис менаџмент), за да најдеме начин да му помогнеме на секој човек и организација на планетата“, изјави Сатја Надела.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top