Насловна / Архитектура / Во Виетнам е отворен првиот златен хотел во светот

Во Виетнам е отворен првиот златен хотел во светот

Неодамна во Виетнам е отворен првиот хотел обложен со злато наречен „Долче бај Виндам Ханој голден лејк“.

hotel1

Хотелот е сместен на брегот на езерото Гијанг Во во централната област на Ханој, и има идеална локација за да се истражуваат некои од најпознатите места во градот, како мавзолејот на Хо Ши Мин, Храмот на литературата и Стариот дел. Хотелот се градеше 11 години и чинел околу 200 милиони долари.

hotel

Надворешноста на хотелот е целосно обложена со 24-каратно злато, како и некои внатрешни делови и простори. Хотелот располага со фитнес центар во кој гостите имаат на располагање професионални тренери, а на покривот е бесконечен базен, исто така обложен со 24-каратно злато.

hotel3

Тој има 342 соби, десет дуплекс апартмани и еден претседателски дуплекс апартман. И покрај сиот луксуз, престојот во хотелот не е така недостапен, бидејќи цените на собите почнуваат од 250 долари.

hotel5

hotel2

hotel6

hotel4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top