Насловна / Архитектура / Во Санкт Петербург се гради златна четврт

Во Санкт Петербург се гради златна четврт

Проектот наречен Златен градски блок, чиј проект е потпишан од компаниите „Orange Architects“ и „KCAP“, е во фаза на изградба и ќе се наоѓа на брегот на Финскиот Залив во Санкт Петербург.

zlaten

Проектот е дел од новиот урбанистички план за островот Василиевски, а кулите од блокот 6, како и блоковите 7 и 8, веќе се во изградба. Инспирирани од морфологијата и структурата на Санкт Петербург, урбаните блокови се формирани со затворени градини и дворови и интересни фасади. Како најинтересен, но и најдоминантен дел од проектот се секако златните кули што ја водат зградата од правоаголната основа до триаголните завршни делови на објектот. Завршувањето на кулите е изработено во злато со образец кој потсетува на јајцата Фаберж, што на овие станбени и деловни блокови им дава експресивен и препознатлив карактер.

zlaten1

Темата за отворен простор реализирана низ дворовите и зелените предели во блокот 7, е создадена од традицијата на замоците во Санкт Петербург.

zlaten2

Сепак, оваа конфигурација на изградената конструкција нуди и заштита од ветерот што доаѓа од морето. Блокот 7, кој е во фаза на изградба, се состои од самостоен шесткатен објект што носи три кули од 17 ката и има два двора, од кои едниот е затворен, а другиот е отворен и ориентиран кон југ. Зградата има и едно подземно ниво, а покрај приземјето, резервирано за трговски објекти, другите пет се станбени, пишува ArchDaily.

zlaten3

Новиот блок, со вкупна површина од 15 хектари, ќе стане нов препознатлив дел од градот и лицето на градот што ќе може прво да се види при влегување од море.

zlaten4

zlaten5

zlaten6

Еден коментар

  1. Cvetanka Atanasovska

    Voodusevena sum od Ideite za urbano ziveenje..vo Oslo. Osobwno me fascinira osloboduvanjeto na ulicite za smetka na pesacite i velosipedistite.Sloboda koja ja uzivale graganite pred 100 godini odnosno do pojavata na avtomobilite..Interesni se gradeznite planovi vo Sankt Peterburg.kade graganite si naogaat privatno katce za ziveenje vo ramkite na eden blok stanbeni zgradi.Oslobodeni od ulicniot zagor.oslobodeni od stres

Испрати коментар до Cvetanka Atanasovska Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top