Насловна / Вести / Сè во знакот на елката

Сè во знакот на елката

Елката претставува центар на вниманието на најголемиот празник во годината за многу семејства. Самото име елка претставува општо прифатено име меѓу народот, а како најкористен вид за новогодишно и божиќно дрво се користат видовите од родот ела (Abies spp.) и од родот на смрчите (Picea spp.)

5

Во поглед на изборот некои го претпочитаат природниот мирис на дрвото и негуваат традиција да го внесат во своите домови, додека други се потпираат на полесната опција со користење на пластичната сорта.

Секогаш се поставува прашањето,  што е подобро за околината? Во период кога загадувањето е многу осетлива тема, сечењето на дрвја се смета за грев. Во развиените земји тоа е нормална појава, бидејки божиќните дрвја се растенија одгледувани во расадници исто како и градинарските продукти кои ги консумираме. Тие не се сечат од јавни површини, тоа може да се види и по декларацијата која оди заедно со растението. Во секој случај ваквите елки се подобро решение од пластичните и дигиталните елки кои би се разградувале со години.

2

Во суштина ваквите типови на растенија се одгледуваат во расадници на повисоки надморски височини, во услови каде други градинарски култури би имале помал успех или би требало да се инвестира за да се создадат услови за нивно одгледување.

Производството на божиќни елки е доста бавен и тежок процес. Во делови од Европа постојат планини на кои се одгледуваат садници за таа намена, при што се прави селекција во однос на густината на игличките, како и степенот на големина и формата на гранките. Во голема мера тие се подложени и на поткастрување сè со цел да се добијат висококвалитетни елки.

3

Најдобро решение е природна елка со здрав коренов систем

Најдобро решение е да купите растение од класичен расадник со здрав бусен, кое потоа би го насадиле во саксија или контејнерски произведени садници. Ваквите садници се најдобри бидејќи растението ќе можете да го пресадите во вашата градина или некаде во природа кога условите би го дозволувале тоа.

prague-christmas-markets

Природна новогодишна елка како традиција во Прага

Елката во Прага се избира на конкурс во конкуренција на повеќе од 20 различни производители, што значи дека не се користат садници од јавни површини. Поставувањето на дрвото во центарот на празниците претставува престиж дека вашето дрво ќе восхитува стотици илјади луѓе. Сопственикот не добива ниту еден денар за дрвото.

Божиќното дрво за 2019 година во Прага доаѓа од приватен производител во близина на Либерец. Неговото сечење е проверено и потврдено од стручни лица. Дрвото е старо 55 години и има висина од околу 25 метри.

Кај нас во последните години е зголемен интересот за купување на природни елки, но сепак сме далеку зад светските практики.

4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top