Насловна / Вести / Се отстранува оградата околу објектот на Владата, но не и фасадата (сеуште)

Се отстранува оградата околу објектот на Владата, но не и фасадата (сеуште)

Неколку десеттини работници утрото започнаа со сечење и вадење на железните решетки меѓу столбовите, на оградата околу објектот на Владата.

1
Отстранувањето на оградата беше најавено уште во предизборието од страна на владејачкиот СДСМ, а одлуката беше донесена на завчерашната владина седница, а вчера ја објави и владиниот портпарол. Одлуката за отстранувањето на оградата беше донесена со цел, како што беше наведно, да се ослободи целосно јавниот простор околу владината зграда, за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.

2
Од Владата велат за отстранувањето не се трошат пари од граѓаните, туку се користат внатрешните ресурси, односно постојаните капацитети на службите во рамки на Владата.
Оградата ќе се одложи во депо. Бетонските столбови засега нема да се уриваат бидејќи, според објаснувањето на портпаролот, нивното отстранување ќе чини премногу, затоа што, меѓу другото, биле вкопани 1,3 метри во земја.
Останува да се надеваме дека ова можеби е почеток. Можеби Владата ќе покаже доблест и храброст да продолжи понатаму. Да го врати автентичниот изглед на објектот.

5 Коментари

  1. Jas mislev deka vo Vladata ima luge so umOva tOva reshemie e katastrlofa. Od gotovo napravivte ruglo..So gruevistichi potezi sakate da dobiete glasovi.Ne razocharavte!!!!!!!!!!!!!.Ja dounishivte drzavata.

  2. Pa za ova li se borevme da se gradi a ne da se rusi.Gi pominavte prethodnive za nepolni dve godini.Lom napravivte sramota!!!!

  3. Александар

    Многу се загрижиле за тоа што најавиле во програмата да исполнат. Па ништо од бљуботиниве до сега не ви беше во програмата, па не ви беше срам да ги избутате.

    Мрш неспособни.

  4. А да направивте нешто? Како е загадувањето? Економијата? Здравството? Судството? Криминалот? Образованието?

    Тргнале ограда. Чудо едно.

    Отидовте против гласот на народот на референдумот, и покрај тоа што полневте кутии. За ништо не ви е гајле.

  5. Мизерија, неспособност, лаги…

Испрати коментар до Никола Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top