Насловна / Вести / Прва продукциска верзија на автомобил на соларен погон

Прва продукциска верзија на автомобил на соларен погон

Холандската компанија Lightyear го претстави, како што самата тврди, првиот соларен автомобил на светот спремен за производство. Моделот Lightyear 0ne е семејна лимузина со вградени 5 квадратни метри соларни панели, кои можат да обезбедат енергија за 70 km возење дневно.  Холандската компанија со 500 вработени склулила договор со над 100 добавувачи и има намера да започне со производство на овој електричен автомобил на соларна енергија. Освен соларните панели, автомобилот има и бетарии кои овозможуваат автономија до 560 km.

solar1

solar2

Производителот истакнува дека коефициентот на отпорот на воздухот на овој автомобил е 0,19, што го прави најаеродинамичниот семеен автомобил кој досега е направен. Но, наспроти ефикасноста, перформансите не се токлу импресивни. Имено, потребни му се полни 10 секунди за да забрза од 0-100 km/h, а достигнува максимална брзина од само 160 km/h. Што се однесува до ентериерот, возилото има пет седишта и изработен е од материјали од растително потекло, рециклирани PET шишиња  и ратан палма.

solar3

solar4

Уште еден податок не му оди во прилог, а тоа е цената. Компанијата вели дека ќе бидат произведени само 946 примероци кои ќе се продаваат по цена од  250.000 евра, а испораките ќе започнат во ноември. Меѓутоа, доколку комплетната серија на возила се распродаде, компанијата вели дека ќе продолжи со развојот, па би се очекувало во 2025 година, овој модел да чини 30.000 евра.

 

Еден коментар

  1. Анонимен

    Цената е 150k, не 250k

Испрати коментар до Анонимен Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top