Насловна / Вести / Промовирана книгата „Тајните на Исарот“ – постхумно дело на штипскиот археолог Звонко Белдедовски

Промовирана книгата „Тајните на Исарот“ – постхумно дело на штипскиот археолог Звонко Белдедовски

Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, синоќа беше домаќин на промоцијата на книгата „Тајните на Исарот“ од Звонко Белдедовски.

Станува збор за постхумно дело на еден од најпознатите штипски истражувачи и арехолози, долгогодишен вработен во Заводот и музеј Штип, кој сиот свој живот, меѓу другото, го посвети и на Исарот.zvonko promocija isar_7

Како што кажа и Милена Ристова-Михајловска, директор на НУ-УБ „Гоце Делчев“, промоцијата на ова дел е од голема важност за градот, бидејќи останува патоказ за понатамошни истражувања на штипското кале.

Белдедовски е заслужен за многу откритија кога е во прашање Исарот, а тие се содржани хронолошки како податоци во ова постхумно дело кое го издава неговото семејство, но исто така и по многу други важни арехолошки откритија за Македонија вклучително и теракотните икони во Виничко:

– Од исцрпувачката работа во античката Баргала, старословенските материјални арехолошки наоди, откривањето на виничките теракоти, 50 статии и трудови издадени од 1977 до 2010, до „Тајните на Исарот“, сите заедно, тоа се моќните високи стожери што ја вознесуваат душата на човекот и археологот професионалец, сопругот, таткото и милиот дедо Звонко Белдедовски кон вечното паметење – кажа промоторот на книгата, Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.zvonko promocija isar_1

Звонко Белдедовски (1948) е роден  во Берово каде што завршил основно и средно образование, а во 1974 година  дипломирал на Филозофскиот факултет, група археологија во Белград. Беше вработен во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип во 1974 година. Бил учесник е на бројни национални и меѓународни симпозиуми од областа на археологијата и член на МАНД  (Mакедонско археолошко научно друштво).

Работеше на местото советник кустос археолог, раководител на античкото и средновековно одделение. Своите истражувања ги преточувал во соодветни записи уште од 1977 кога пишувал за Исарот во Штип како средновековна населба. Почина во 2011 година а неговата пасија за Исарот, постхумно е преточена во новата книга „Тајните на Исарот“ во 2016 година од неговото најблиско семејство.

Испрати коментар

Scroll To Top