Насловна / Вести / Повеќе од 70 години од смртта на Никола Тесла

Повеќе од 70 години од смртта на Никола Тесла

Вчера се навршија точно 76 години од смртта на Никола Тесла, еден од најголемите иноватори и научници во историјата.
Никола Тесла е роден во фамилија на православен свештеник на 10. јули 1856. година во Смиљане, денес Република Хрватска. Неговите родители Милутин и Георгина, покрај Никола го имале и синот Дане и ќерките Ангелина и Милка, постари од Никола и Марица најмладото дете во фамилијата Тесла.

2
Школувањето го започнал во родното место, каде ги поминал најбезгрижните денови на својот живот. По несреќниот случај, кога на фамилијата Тесла и загинува прворедениот син Дане, фамилијата се сели во Госпиќ каде младиот Никола го продолжува школувањето. Никола го измачувал фактот дека по завршување на гимназијата во Карловац ќе треба да ја продолжи фамилијарната традиција и да стане свештеник. Тоа не му давало мир, бидејќи искрено го интересирале природните науки. По завршување на карловачката гимназија, Никола се враќа во Госпиќ и се разболува од колера.
„Во еден од смртните мигови за кои мислеа дека ми се последни, татко ми влета во мојата соба. Сеуште го паметам неговото бледо лица додека се обидуваше да ме развесели. Со неигурен глас му реков: -Можеби би можел да се опоравам ако ми допуштиш да студирам техника.
-Ќе одиш во најдобрата техничка школа на светот, одговори свечено, а знев дака така и мисли“.

5
Како што му ветил татко му, Никола Тесла 1875. запишува Виша техничка школа во Грац и покажува огромно интересирање за совладување на предметите.
1879. година почнува да работи како помошник инженер во Марибор. Истата година умира татко му и за да ја исполни неговата желба да заврши факултет 1880. Тесла запуштва факултет во Прага. Годините кои следат претставуваат значаен период во неговата кариера. По работата во Будимпешта во Централниот телефонски уред, следел пронајдокот обртно магнетно поле (февруари 1882.). Истата година по препорака од своите претпоставени се запослува во Париз во Едисоновото континентално друштво. Тука поминал две години на многу одговорни работи. Неговата умешност не можела да помине неприметено, па е препорачан и на самиот Едисон. Во тоа време Едисон бил најзначајната личност во техниката во Америка, херојот на електриката, кого цела нација го славела. Тој на Тесла му дал работа во својата лабораторија во Њујорк 1884 година, но нивната соработка не траела долго.
Незадоволен од односот на претпоставените кон неговата работа, Никола Тесла веќе наредната 1885. година го напушта Едисон и со помош на накои инвеститори го основа „Tesla Arc Light Co”. Тука тргнал во реализација на своите проекти од областа на полифазни наизменични струи. По предавањето „Нов систем на мотори и трансформатори на наизменична струја“ кое го одржал на 16. мај 1888. пред Американскиот институт на електроинженери (AIEE), Тесла добил понуда од фирмата Westinghouse за откуп на патентите од областа полифазна струја.
Следат години во кои Тесла со инженерите од Westinghouse работел на практична примена на своите пронајдоци. Во јули 1891 година добива државјанство на САД.
Добар дел од 1892. година Тесла поминал во Европа. Тој преку многубројни предавања ги промовирал своите идеи. Своето предавање „Експерименти со наизменичните струи со високи напони и високи фреквенции“ го одржал во Англија пред Институтот на електроинженери и Кралевскиот институт, Истото предавање го одржал во Париз пред Интернационалното друштво на електричари и Француското друштво за физика. Го посетил и Белград, каде останал три дена. Во 1892 умира мајка му и оваа загуба му паѓа многу тешко.

US390721
По враќањето во САД уследила нова борба. Заговорниците на употреба на еднонасочна струја, воедно и противници на наизменичната, предупредувале на опасноста од користење на наизменична струја. Триумфот во оваа борба, позната како „Војна на струите“ во 1893. година го понеле оние кои имале повеќе визија. Таа година светската изложба во Чикаго била осветлена со помош на наизменична струја.
Следело истражување во полето на бежичен пренос на сигнал и енергија. Својата идеја и намера своето истражување да го насочи во овој правец, Тесла јавно ја изнел во говорот за време на пуштањето во погон на електраната на Нијагарините водопади во 1897. година.

3
Голема мистерија претставуваат истражувањата на Тесла на ова поле. Иако поминал година дена во Колорадо Спрингс (1899-1900) и водел исцрпен дневник за своите истражувања, до широка употреба на бежичен пренос на електрична енергија не дошло ни до ден денес. Некои свои откритија ги опишал во есејот „Проблем на зголемување на човековата енергија“, кој предизвикал големо интересирање кај научниот и деловен свет.
Веројатно и самиот заинтригиран од есејот, J.P. Morgan (John Pierpont Morgan 1837-1913), во тоа време еден од најбогатите луѓе во Америка, понудил финансиска подршка на Тесла. До соработка дошло на проектот „Светски радио систем“ кој Тесла го водел во својата лабораторија во Лонг Ајленд. После само една година во 1901. Morgan на научникот му ги скратил финансиите. Поводот за прекин на соработката бил првото успешно трансатланско бежично праќање на радио порака, кое го извел Маркони (Guglielmo Marconi 1874- 1937). Тогаш Тесла на Морган му признал дека тој такво нешто можел одамна да направи, но дека тоа не е целта на неговите истражувања. Морагн поради ова бил бесен и никогаш повеќе не соработувал со Тесла.

6
Следеле години во кои Никола Тесла работел на усовршување на постоечките и патентирање на нови пронајдоци во областа на машинството. Тие години биле мошне тешки за него. Јавноста се потсетила на големиот гениј кога во 1917. година му е доделаена Едисонова медаља, најголемо американско одликување во областа на техниката. Во 1919. Никола Тесла ја објавил својата автобиграфија преку серија написи во списанието Electrical Experimenter. Можеле да се прочитаат неговите често и премногу сензационални изјави. Изјавите како „Растурање на торнадо“ или „Како да се сигнализира на Марс“, тогаш повеќе се сметале како резултат на бујна фантазија одошто можно научно достигнување. Тесла некако опстојувал од помош на пријатели и скромна пенизја која нерадо ја прифатил од тогашната југословенска влада. Неговото здравје се влошило по смртта на неговите пријатели Robert Underwood Johnson и Richmond Pearson Hobson во 1937.
Сам, без фамилија и само во друштво на внукот Сава Косановиќ и неколку пријатели, Тесла ретко се појавувал во јавност во доцните години од својот живот. Исклучок била посетата на Крал Петар II Караѓорѓевиќ кој дошол да се запознае со Тесла во јуни 1942. година во неговиот апартман во хотелот „Њујоркер“, каде што Тесла ги помина последните десет години од својот живот.

Краљ_Петар_II_у_посети_Николи_Тесли
Во осумдесет и седмата година од животот во хотелот „Њујоркер“ на 7. јануари 1943 година претсанало да чука срцето на овој племенит научник. Во катедралата на Св. Јован Богослов на 12, јануари на неговиот погреб се собрале 2.000 луѓе, меѓу кои имало голем број научници, добитници на Нобелова награда, светски признати имиња од областа на електротехниката, југословенски дипломати.

sahrana
Два дена порано, тогашниот градоначалник на Њујорк, Fiorello La Guardia, одржал посмртен говор кој бил директно пренесуван на радио Њујорк.
…Тесла бил голем хуманиста, чист научен гениј, поет во науката…Тој правел извонредни, запрепастувачки, чудесни работи во текот на својот живот. Го правел тоа, едноставно за да му служи на човечкиот род, а за своите услуги не барал ништо.
Парите – не му значеле ништо.
Почест- кој е тој што може друг да почествува. Тоа беше неговиот став.
Благодарност – тој ниту ја очекуваше, ниту ја бараше.
Оној значаен дел на Тесла живее во неговото достигнување, кое е огромно, скоро невозможно да се пресмета, кое е составен дел на нашиот живот и составен дел на нашата цивилизација, нашето секојдневие…“, ќе каже градоначалникот.
Посмртните останки на една од најзначајните личности на минатиот век се наоѓаат во музејот на Никола Тесла во Белград, урна во идеална сферна форма.

1024px-Urn_with_Teslas_ashes
Денес името на Никола Тесла се извикува гласно, со голма почит, што овој човек и заслужува. Бројни здруженија, студентски и инженерски организации го чуваат споменот на великанот на светската наука. За него се напишани многу книги и раскажани разни можни и невозможни теории, но само една е вистина. Никола Тесла бил голем научник, човек без чии пронајдоци тешко би можеле да живееме онакако како живееме денес, со многу комфор и слобода кои ни ги пружа електричната енергија. Наша должнотст е да не дозволиме да се заборави неговото име.

800px-Spomenik_tesla_ispred_etfa
Фундаменталните откритија на Тесла, обртно магнетно поле, индукцион мотор на наизменична струја и систем на нејзино произведување, пренесување, високонапонски генератор (Теслин калем), телеаутомат, робот-брод на далечинско управување, светски систем на бежичен пренос, неговите турбини засновани на нов принцип на користење на енергија на флуиди по пат на триење, неговите 112 патенти одобрени во САД, а 168 во други држави, као и 55 пронајдоци за кои не добил патенти, неповратно го измениле светот и начинот на живот на модерниот човек.
Соочени со ова неисцрпно наследство, илјадници истражувачи ширум светот уверени се дека делото на Никола Тесла има уште многу нешта да ни каже и дека неговите нови плодови ќе продолжат да го восхитуваат светот.
И навистина, опусот на генијот од Смиљане и понатаму носи многу тајни, чекајќи на среќниците кои ќе успеат да ги откријат.

2 Коментари

  1. 70 децении??? проверете дали се работи за печатна грешка или за поголем пропуст во знаењето :)

Испрати коментар до Сања Раѓеновиќ Јовановиќ Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top