Насловна / Архитектура / Почина архитектот професор Александар Никољски

Почина архитектот професор Александар Никољски

Вчера на 81 годишна возраст не напушти еден од доајените на македонската архитектура и омилениот професор на Архитектонскиот факултет, професорот Александар Никољски. Во своето долгогодишно работење се занимавал со повеќе сегменти од архитектонската професија како проектант и како педагог.

ник
Професор Александар Никољски е роден 1937 година во Пеќ. Основно и средно образование завршил во Скопје и Ваљево.
Студиите на Техничкиот факултет – Архитектонски оддел во Скопје ги завршил во 1963 година. По дипламирањето се вработува во „Јавор“ каде се занимава со проектирање мебел и внатрешно уредување. Во 1964 станува асистент на Архитектонскиот факултет на предметите Елементи на проектирање и Проектирање 1. Од 1969 година е асистент на предметот Внатрешна архитектура, а подоцна од 1985 г. и редовен професор.
Во 1972 година од Републичкиот совет за култура добил стипендија за специјализација во Франција и асистира на Високата школа за декоративна уметност ENSAD, Париз.

2
Во 1984 г престојува во Краков, Полска во рамки на размена на наставници со Краковската политехника.
Омилениот професор на факултетот уште од основање на Летната школа за архитектура е нејзин активен учесник и прв Претседател на советот на летната школа.
Бил декан на Архитектонскиот факултет во мандатите 1985/87 и 1991/93. По повод јубилејот 50 години на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ добил плакета за најдобар професор на Архитектонскиот факултет.

4
Била активен и во архитектонските здруженија. Бил претседастел на САДАМ, еден од основачите на БИМАС и Претседател на Собрание на ААМ.
Добитник е на повеќе награди на архитектонски конкурси.
За својата стручна дејност професор Никољски е добитник на наградата „13 Ноември“ на град Скопје, специјални награди и дипломи на БИМАС 1983, 1989 и 1993 Главна награда, Голема годишна награда за аехитектура 1998.

ник1
Добитник е наградата „Андреја Дамјанов” за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2006 година, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, а истовремено е член на Архитектонската академија на ААМ.

Позначајни реализирани дела:

- Ентериер на продавница „Грациа“ 1967 г.
- Уредување на просторот за шаховска Олимпијада во Скопје 1972 г. со арх. Пулејков
- Дом на култура во Србица, Косово со арх. Пулејков 1984 г.
- Киоскот „КЦ-190“ 1986 г.
- Мотел „Македонија“ кај Велес со арх. Пулејков
- Куќа на фам. Куцурелос во Скопје 1997 г.

3

Еден коментар

  1. Ja mislam deka vo bozjiot nov svet bog che go vrati dedo aco vo zivot.

Испрати коментар до Matej Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top