Насловна / Вести / Париз забрани, а Скопје ќе воведе изнајмување електрични тротинети

Париз забрани, а Скопје ќе воведе изнајмување електрични тротинети

ЈП Градски паркинг Скопје почна со реализација проектот за изнајмување 500 електрични тротинети, стационирани на 19 базни станици низ градот.

„Сите електрични тротинети се опремени со GPS уред, а со цел зголемена безбедност на корисниците, нивната максимална брзина може системски да се ограничува до 24 километри на час“, информираа минатата недела од претпријатието.

т2

Целта на овој проект, како што велат оттаму,  е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните да користат алтернативни начини на превоз, со што би се намалило загадувањето од возилата учесници во сообраќајот.

т1

Во меѓувреме минатиот месец во Париз се одржа референдум на кој Парижаните изгласаа од улиците на француската престолнина да се тргнат електричните скутери за изнајмување, со високо мнозинство од 90% гласови. Поради непостоењето на регулатива во оваа област, градските тротоари во Париз станаа борбена арена помеѓу возачите и пешаците.

Референдумот се одржа затоа што жителите на Париз се жалат дека возачите на електрични тротинети возат неодговорно, по тротоари и паркови, не ги почитуваат пешаците или сообраќајните прописи и ги паркираат тротинетите каде ќе стигнат.

Париз беше пионер кога во 2018 година воведе електрични скутери или тротинети, бидејќи градските власти настојуваа да ги промовираат видовите на јавен превоз кои не ја загадуваат околината. Но со оглед дека на овие возила на две тркала им растеше популарноста, посебно меѓу младите, така растеше и бројот на несреќи – во 2022 гоидна три лица го загубиле животот а 459 се повредени во несреќи со е-скутери во Париз.

2 Коментари

  1. Референдумот во Парис имаше 9% излезност од вкупниот број на гласачи. Што остава сенка на легитимност.
    Да можеби во Парис скутери ќе прават гужва низ град сметајќи колку жители се движат низ градот но Парис има добра алтернатива. Е скутери како такви може да имаат огромен бенефит но секако има потреба да се регулира користењето, нешто што Германија почна да го прави. За медиум како вас мислам дека текстот има негативна конотација. Поздрав

  2. Бројката на е скутери што беа на располагање во Париз никако не може да се спореди со бројката што би ја имало во Скопје. Дополнително што Париз има годишно 30 милиони туристи кои активно ги користат е скутерите и кои реално не водат грижа за тоа каде ги оставаат. Е скутери се користат во Скопје веќе повеќе години од страна на граѓаните, така што тоа не е ништо ново.
    Единствено нешто за кое треба да бидеме загрижени е колку време ќе опстојат без да бидат уништени, украдени или фрлени во Вардар.

Испрати коментар до BG Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top