Насловна / Вести / Нова енергетски-ефикасна фасада на зградата на „Цицо Поповиќ“ бр. 4 во „Пролет“

Нова енергетски-ефикасна фасада на зградата на „Цицо Поповиќ“ бр. 4 во „Пролет“

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, со своите соработници беше на средба со жителите на зградата на улица „Цицо Поповиќ“ бр.4 во населба „Пролет“.

Оваа е една од повеќето згради кои ја формираат населбата „Пролет“, изградена во 1948 година, како прва станбена населба по Втората светска војна од архитектот Михо Чакеља.Slika - Sredba so gragani (3)

Руинираната фасада на зградата наскоро ќе добие нов изглед, бидејќи Општина Центар врши реконструкција со поставување на нова, енергетски ефикасна фасада.

Како и кај сите претходни фасади, се задржува автентичниот изглед, а жителите самите одлучуваат за бојата на фасадата. На вчерашната средба,  граѓаните избраа нивната зграда да биде во пастелни, светли бои.Slika - Sredba so gragani (1)

Новата фасада ќе им овозможи многу подобри услови за живеење, заштитени од влијанието на промените на годишните времиња и 30% пониски сметки за електрична  енергија. Зградата е со површина од 1500 м2. Претходно, Општина Центар ја реконструираше и зградата на улица „Цицо Поповиќ“ бр. 7.

Ова е четиринаесетта зграда која што добива енергетски ефикасна фасада.

Како што им кажа градоначалникот Жерновски на жителите, проектот продолжува понатаму и тој очекува да бидат реновирани нови фасади на зградите во Пролет. Ги ислуша нивните проблеми и предлози, за кои ќе се бараат решенија во програмата за работа на Општината и буџетот за 2018-та година.

Еден коментар

  1. Mene fasada koa ke mi naprais? Za nekogo majka Za nekogo makea…. konj

Испрати коментар до Stole Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top