Насловна / Архитектура / Нов модернистички сјај на куќа од 60-тите во старото градско јадро во Скопје

Нов модернистички сјај на куќа од 60-тите во старото градско јадро во Скопје

modernisticka kuka vo cair (22)

Неодамна, скопската општина Чаир се закити со прекрасен архитектонски бисер. Станува збор за реновирање на куќа која е сместена во историско јадро на градот Скопје, помеѓу Старата чаршија и скопската тврдина. Интервенцијата што беше направена на постоечката куќа е дело на проектантското трио: архитектите Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Амине Адеми, додека за конструктивниот дел беа задолжени градежните инженери Денис Поповски и Миле Партиков.modernisticka kuka vo cair

Проектот беше изработен во 2014 година, а завршниот лик куќата го доби оваа година. Таа е една од четирите куќи во низа, што се наоѓаат во интензивен урбан контекст. Датира од 60-тите години на минатиот век, со скромен и јасен модернистички изглед, но не издржала под забот на времето па била нужна нејзина итна обнова.modernisticka kuka vo cair (3)

Гледано однадвор, доминираат првобитните волумени. Архитектите својот проектантски пристап го акцентираат кон функционалноста, така што прават мали измени во однос на програмските содржини во куќата, задржувајќи ја првобитната логика на комуникациите и просториите, но приспособени кон современиот начин на живеење.

Па така, сутеренот што претходно се користел само за складирање, сега добива сосем нова функција, станувајќи активна алка од дневниот престој, каде е сместена голема дневна соба и трпезарија со кујна која завршува во директен контакт со дворот.

modernisticka kuka vo cair (5)

На приземјето повторно е ставен акцент на дневниот престој, но овој пат со поголема отвореност, додека првиот кат ја презема улогата на ноќниот мир каде се сместени спалните соби. Новата главна спална соба е сместена на вториот, односно најгорниот кат, добивајќи привилегија на пристап кон две големи тераси кои нудат панорамски поглед кон Старата чаршија и градскиот пејзаж на Скопје.modernisticka kuka vo cair (29)

Како што објаснуваат проектантите, најкомплицираниот предизвик од интервенцијата претставувал статичкиот аспект, бидејќи постоечките куќи во низата биле изведени сите четири наеднаш, со заеднички конструктивен систем. Сепак, со внимателно избрани методи, успешно ја реанимираат куќата без оштетувања на соседните објекти. Структурната логика е сочувана, иако се направени статички засилувања на носечките елементи, како што се главните столбови, ѕидовите и сите меѓукатни плочи. modernisticka kuka vo cair (31)

Покрај тоа, додадена е челична конструкција за да ја поткрепи екстензијата на задната страна на куќата и на покривот. Сите отвори беа ревидирани и додадени нови, со цел да донесат уште повеќе количество на дневна светлина во просторот. Бидејќи интервенцијата е многу очигледна и доминантна, архитектите решаваат да ја обложат со нов слој на полутранспарентна фасада. modernisticka kuka vo cair (7) modernisticka kuka vo cair (11) modernisticka kuka vo cair (9) modernisticka kuka vo <a href=casino online cair (13)” src=”https://www.porta3.mk/wp-content/uploads/2015/11/modernisticka-kuka-vo-cair-13.jpg” width=”620″ height=”413″ /> modernisticka kuka vo cair (15) modernisticka kuka vo cair (19)

Првобитните волумени се обединети во нова полупропустлива обвивка изработена од композитни штици (дрво 70% и смола 30%) поставени на челична потконструкција. Со тоа, хетерогените елементи од кои е сочинет објектот се обединуваат во една целина. modernisticka kuka vo cair (20) modernisticka kuka vo cair (21) modernisticka kuka vo cair (23) modernisticka kuka vo cair (24) modernisticka kuka vo cair (26)

Визуелно создаваат ново ниво на интерпретација и контрола на микроклимата, а со почит оставена е видлива постоечката архитектонска синтакса на стариот објект. Рустичноста на фасадата, покрај естетската интерпретација, овозможува и директна поврзаност со историските градителски обрасци присутни во непосредна близина.modernisticka kuka vo cair (14) modernisticka kuka vo cair (18) modernisticka kuka vo cair (16)modernisticka kuka vo cair (14) modernisticka kuka vo cair (10) modernisticka kuka vo cair (12) modernisticka kuka vo cair (6) modernisticka kuka vo cair (8) modernisticka kuka vo cair (2)

Фотографии: Андријана Тилиќ, дипл.инж.арх.

3 Коментари

  1. причины образования камней в почках – симптомы вагинита, синусовая аритмия

  2. купить прицеп в ижевске – алюминиевые катера, купить легковой прицеп

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top