Насловна / Архитектура / Најзеленото училиште на планетата

Најзеленото училиште на планетата

Што ако би можеле да посетувате училиште со скоро нула влијание врз животната средина, каде што зградите се направени од локални, природни материјали, каде што екологијата и одржливоста се секојдневни лекции вткаени во традиционалните предмети? Зеленото училиште на Џон Харди на брдата на Бали, Индонезија е токму такво. Прогласено е за „најзелено училиште на земјата“, иако основачите скромно тврдат дека им претстои уште долг пат. Имаат амбициозни планови!

6_resize

Еколозите и дизајнерите, Џон и Синтија Харди, го основаа Зеленото училиште на Бали уште во 2007 година. Сакале да ја мотивираат заедницата да живее одржливо. Дел од тој напор вложиле да им се покаже на луѓето како да градат од локални материјали, пред се од бамбус.

1_resize

Покрај училиштето, тие ја покренале и Фондацијата Meranggi, која поддржува одгледување насади од бамбусови растенија како достапен градежен материјал за околните фармери на ориз. Со истата цел, тие ја основале и PT Bambu, непрофитна компанија за проектирање и градежништво која промовира употреба на бамбус како примарен градежен материјал, во обид да се избегне понатамошно исцрпување на прашумите.

9_resize

Џон Харди и неговата сопруга го замислиле „зеленото училиште“ за да ја прошират нивната одржлива алтруистичка порака, преку алтернативен образовен систем за локалното население и за странците. Во рамки на PT Bambu, тие ги развиле техничките аспекти на бамбусот и го унапредувале дизајнот за целосно искористување на потенцијалот на овој распространет материјал, од големи носиви конструкции, преку рекреативни и декоративни, до подови, маси и мебел. Спојот на локален народен израз и современ дизајн претставува убавина која е привлечна и денес, 14 години по нејзината изградба.

3_resize

16_resize

Рбетот на дизајнот на „срцето на зелената школа“ се врти околу три линиски лоцирани јазли од кои сите останати програмски елементи зракасто се протегаат во спирална организација.

12_resize

На секоја прицврстувачка точка, испреплетените долги колони од бамбус се протегаат низ целата висина на конструкцијата, која завршува околу светларник во дрвен прстен. Флуиден спирален кровен столб потекнува од секоја главна вертикална потпорна завртка за да се овозможи светлината да допре до сите простори. Три главни скали ги поврзуваат трите ката со повеќенаменски простори и различни нивоа на приватност за многубројни активности.

5_resize

10_resize

Неколку интересни факти за Зеленото училиште расподелени во следните категории:

 Архитектура

-          Сите згради се направени од бамбус. Претежно се отворени наткриени простори

-          Зеленото училиште има 7 километри вграден бамбус

-          Мебелот е исто така направен од бамбус, од мали столчиња во прво одделение до конструкцијата на училиштето, што е можеби највисоката бамбусова конструкција во светот.

-          Постои наменска арена за борење во кал, каде се изведуваат посебни балиски боречки вештини. Тука, малите деца можат да се тркалаат само за забава и до неколку пати месечно

-          Зградите се поврзани со патеки карпи од лава

-          Училишниот базен е прекрасен природен извор со мал водопад покрај коритото на реката

2_resize

8_resize

7_resize

Енергија

-          80% од енергијата во училиштето е обновлива и генерирана од серија соларни панели во форма на папрат

-          Генераторот на училишен vortex е прв од ваков вид во светот, ја користи енергијата на реката и произведува доволно енергија за целиот комплекс

13_resize

14_resize

Флора и фауна

-          Во тек е проект поддржан од студенти за одгледување загрозени растенија. Останале помалку од 20 во дивината на Бали. Училиштето досега  однегувало 94

-          Во кампусот има кози, кокошки, свињи и водени бизони, кои децата ги одгледуваат како дел од своето образование

-          За секое одделение постојат полиња со ориз и градини, така што децата настојуваат да се хранат одржливо и да продаваат производи на школскиот штанд за други семејства.

17_resize

18_resize

Одржлива опрема

-          Училишните табли се од бамбус обоени во црно

-          Белите училишни табли се рециклирани прозорци на автомобили со бела хартија од долната страна

-          Вреќите за ѓубре се направени од ткаенина

-          Тоалетите се компостираат

-          Остатоците од ручекот се храна за свињите за кои се грижат учениците од четврто одделение

-          Оризовите полиња, градини и езерца и овозможуваат самата институција да стане учител за одржливост на селото.

15_resize Green School Bali Indonesia

Меѓународни и регионални уметници, кои често го посетуваат овој комплекс, организираат разни активности. Инсталирана е харфа на неколку носечки столбови, претворајќи ги во музички инструменти за секого, правејќи го целиот склоп интегративно искуство, кое директно одговара на основните образовни принципи.

21_resize 20_resize

Визијата на Харди за училиштето претставува целосно еколошки одржлива околина во која образованието го опфаќа ученикот како целина. Во едукативна смисла, акцентот е ставен на тоа како се однесуваме едни кон други и како се однесуваме кон планетата. Со тоа е опфатено сè. Резултатот е холистичка зелена заедница со силен образовен мандат кој се обидува да ги инспирира учениците да бидат пољубопитни, поангажирани и постраствени во поглед на околината и планетата.

17_resize

22_resize

14_resize 11_resize

Еден коментар

  1. Atanasovska Tsvetanka

    Prirodata pruza izvonreden priroden gradezen msterijal koj sto ligeto so tekot na vekovite go zanemarile No se pokazalo deka takvite materijali sevistinski.Pruzat ekoloski i zdrav zivot provetruvanje na prostorot vo sklad na vistinkite potrebi na covekot koi zaboravil da gi vrati starite vrednosti za ziveenjeto No sepak pocnuva poleka da se vraka kon iskonskoto

Испрати коментар до Atanasovska Tsvetanka Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top