Насловна / Вести / Наградени дела на авторката Пандора Апостолоска Саздовска на меѓународни изложби

Наградени дела на авторката Пандора Апостолоска Саздовска на меѓународни изложби

Од 21 до 24 септември се одржа 24. издание на меѓународниот ликовен натпревар EX TEMPORE во Грожњан, Хрватска, една од најголемите ликовни манифестации на Националната Италијанска заедница. Организатори на манифестацијата се Италијанската унија во соработка со Народниот Универзитет од Трст Италија, општината Грожњан Хрватска, Заедницата на Италијанци во Грожњан, Советот за Национално малцинство на Република Хрватска и Министерството за Надворешни работи на Италија како главен спонзор на настанот. Оваа година учествуваа 246 интернационални автори со вкупно 255 изложени дела.1 nagrada forma viva slovenija (katalog)

Стручното жири составено од професори, ликовни критичари и галеристи и тоа: Ликовниот критичар и професор Рензо Григолон од Италија, ликовните критичари Клаудио Силвини и Марко Пунтин од Трст, куратор Мајда Божеглав Јапељ од Пиран, ликовниот критичар и скулптор Јуџин Броковски од Грожњан и уметникот Бруно Паладин од Словенија.

Првата награда во износ од 2 500 евра ја доби хрватскиот уметник Радовал Куниќ со делото „Црна овца“, втората награда во износ од 1 500 евра ја освои уметницата Пандора Апостолоска Саздовска од Македонија со делото „Поинаков поглед на Истра“, додека третата награда во износ од 500 евра му припадна на хрватскиот уметник Ведран Шлипетар со делото „Пејсаж 1“. и Наградата на Град Грожњан во вредност од 500 куни ја доби Ева Шлитцер од Австрија за делото „На мојот живот му се потребни соништа“.

На Пандора Апостолоска Саздовска наградата и ја врачи ликовниот критичар и професор Рензо Григолон од Италија, кој изјави дека во „Поинаков поглед на Истра“ препознал уметничко дело кое во себе содржи чувство на поетски сензибилитет и валентност но, во исто време и екстремна композициска ригорозност во начинот на изведба. „Ова е единствено дело со политичка содржина кое на суптилен, но јасен критички начин ја прикажа сликата на Хрватска и Словенија помеѓу граничниот спор и кризата во 2015 година.“izlozba kina

Исто така, авторката Пандора Апостолоска Саздовска во месец септември учествувала на меѓународен уметнички фестивал „Патот на свилата“ што се одржа во Националниот музеј Си’ан во Кина, а во организација на Министерството за Култура на Република Кина и Владата на Шанхи и во соработка со Академијата за Ликовни уметности и Универзитетот за архитектура и технологија во Си’ан. По завршувањето на изложбата, делата на авторката ќе бидат дел од постојаната колекција.

 

Еден коментар

  1. шармы пандора значение

    { Красиво сказано}. С благодарностью.

Испрати коментар до шармы пандора значение Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top