Насловна / Вести / Македонско градежништво – лет во место или нова надеж

Македонско градежништво – лет во место или нова надеж

Со гордост да се потсетиме на  последните дваесетина години од минатиот век, кога македонската градежна оператива беше вистински бренд и заедно со тогашната југословенска, беа во самиот врв на европското и светско градежништво, како по величина така и по квалитет и способност за проектирање и изведба на врвни градежни проекти. Се разбира најмногу присутни во земјите од Неврзаниот свет, каде и Југославија како нивни водач беше особено почитувана во секоја смисла, како во политичка така и во економска.

Се потсетувам на огромните проекти на териториите на Блискиот Исток / Ирак, Иран, Либан, Кувајт…/, Африка / Либија, Алжир, Танзанија, Нигерија, Гана /, на Советскиот  Сојуз, Белорусија, Германија… Во тие времиња македонската оператива беше секако најголемиот извозен бренд, кој годишно имаше по неколку стотина милиони долари реализација. Гигантите на таа оператива  Пелагонија, Гранит, Бетон, Маврово, па и Илинден и Техника имаа кадар, знаење и искуство да проектираат и изведуваат големи станбени, воени, индустриски комплекси, инфраструктурни, хидротехнички проекти и сл.

Со пропаста на бившата ни држава и вкупните  тектонски  геостратегиски промени во светот кон крајот на дваесеттиот  и почетокот на новиот век, се случи и пропаста на нашето грaдежништво, кое со нашите неспособности во време на приватизацијата, што државни што персонални, доведе до буквално самоуништување на големите градежни фирми.

Од пепелта на големите изникнаа десетици мали фирми кои беа добри само за задоволување на внатрешните, локални потреби и пред сè главно на правење бизниси во сојуз со политичките елити, а на штета на сè што дотогаш значеше пристоен урбанизам и инфраструктура во државата. Катастрофалниот  декадентен  проект „Скопје 2014“ и потрошените 600 – 700 милиони евра, само лажно ѝ даде живот на дел од градежната фела одбрана од коруптивната власт. Вистински капитални инвестиции немаше, провинцијата беше заборавена и отсечена од Скопје, што драстично придонесе за нејзиното забрзано празнење. Градежништвото продолжи во својот ЛЕТ ВО МЕСТО.

thumbnail_miladinovci_01

Автопат Миладиновци-Штип

Дури во последните пар години, власта се сети на инфраструктурните проекти кои беа тотално заборавени. И тие почнаа да се случуваат. И повторно коруптивно и катастрофално лошо проектирани и водени. А имено:

-          зошто воопшто мораше  делниците Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип да бидат скапи и економски тотално неисплатливи автопатишта  за сиромашна и раселена држава како нашата, наместо сосема доволни магистрални – брзи патишта / сегашните на пример:  Велес – Кадрифаково, Штип –  Кочани, Градско – Прилеп, Штип – Радовиш…/

stip radovis

Магистрален пат Штип – Радовиш

-          лоши и недовршени проекти, со многу додатно појавени технички проблеми при нивната изведба

-          коруптивно договорени, за кои сè уште се водат судски постапки

-          се појавија повеќе странски, сомнителни градежни фирми од Шпанија, Италија, Албанија… кои продуцираа бавна и неквалитетна изведба, што доведе до прекин на изведбата на некои делници

-          Единствениот солидно проектиран и изведен автопат во овој период на Коридорот 10, Демир Капија – Смоквица, беше изведен од грчки „Актор“ но,  со многу финансиски контроверзии, кои до ден денес останаа нерасветлени.

ДЕНЕШНИТЕ СОСТОЈБИ НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА

Од новата власт од пред 3 – 4 години очекувавме брзо решение на старите и проблематични случаи и конечно чисти ситуации за нов залет на градежништвото во изградбата на патната и железничката инфраструктура, како примарна цел. Но не испадна баш така. Многу споро и тешко се решаваат спорните „стари“ проекти како на пример: патните делници Кичево – Охрид, Градско – Прилеп, Ранковце – Паланка лот 1, железницата кон Крива Паланка… но и започнување на новите приоритети како Скопје – Блаце, Струмица – Бугарска граница итн.

Особено ми паѓа тешко што и натаму повеќето поголеми проекти ги добиваат странски фирми. Дали баш мораше да биде така.

krupiste

Магистрален пат Штип – Крупиште

ТРИ ИСКУСТВА ОД РЕГИОНОТ

-          Хрватска  пред 15 – 20 год. имаше огромна градежна офанзива за изградба на автопатиштата низ целата земја и особено на тешки делници по јадранското приморје. Се разбира сè тоа се финансираше со странски кредити, но во изведба на хрватски градежни фирми / тоа државата со закон го форсираше. Десетици години тоа значеше спас и огромен бизнис за градежниците од Хрватска пред сè / нешто чепнавме и ние /. Но што се случи потоа – катастрофален пад на градежните активности и пропаст на дотогаш големите фирми. Многу коруптивни афери и слабо менаџирање на државата за спас на градежништвото, кое и до ден денес во Хрватска е на колена.

-          Србија во последните десетина години има огромни инвестиции во патната инфраструктура, но кај нив во огромен процент кајмакот за изведба го земаат странски градежни фирми од Кина, Грција, Австрија, Азербејџан, САД  /скапи кредити и високи цени на изведба /  … се разбира по диктат на надворешните кредитори на истите. Српското градежништво главно ги изведува проектите од високоградбата. Големи српски фирми за изведба на инфраструктурни проекти во вистинска смисла во Србија нема.

-          Црна Гора тотално заглави со кинеските инвестиции во автопатот за Србија, што ги чини  24 милиони евра по км?? и вкупна вредност од 1,2 милијарди  евра што за малата држава е катастрофа и должничко ропство. Крајот на изведбата не се гледа, цената расте, државата бара спас од Европската Унија… А градежништвото нивно не постои.

    avtopat-kicevo-ohrid-izgradba-na-mostovi-vijadukti-1

Автопат Кичево – Охрид

МАКЕДОНСКО ИСКУСТВО

-          Изведувачи на големите патни проеки во моментов се следните фирми:

-          Експресни патишта: Крупиште – Кочани – изведувач Синехидро / Кина /,  Штип – Радовиш – Струмица , Дреново Фариш – изведувач Страбаг / Австрија – Србија /, Куманово – Страцин лот 2, Ранковце – Паланка  изведувачи Гранит, Бетон, Градско- Фариш изведувач –  во тек е тендер на кој изборот е меѓу Синехидро или Страбаг

-          Рехабилитација: Крива Паланка – Деве Баир, Кичево – Македонски Брод изведувач Гранит, Куманово – Страцин и Петровец – Катланово изведувач Бетон, Маврови Анови- Жировница изведувач Пелагонија/ИСА , Карпалак – Желино изведувач В-Група,  Узем – Тораница и Саса – Македонска Каменица изведувач Ескаваторе.

Многу , нападно упадливо е присуството на странски изведувачи на сите главни делници.

avtopat-kicevo-ohrid-izgradba-na-mostovi-vijadukti-1

Автопат Кичево – Охрид

Да потсетам и за најновата можна голема зделка за патниот правец на Коридорот 8 од Гостивар – Кичево, Струга – Ќафасан, Прилеп – Битола , како можен инвеститор, проектант и изведувач / по жолт Фидик /  се јавува светскиот гигант Американско-турскиот конзорциумот  Бехтел-Енка, со кој македонската Влада потпиша Меморандум за разбирање. Делува прилично надежно и убедително, но по која цена и услови, ќе покаже престојниот период. Големиот Бехтел  е со многу контрадикторни референции на проектите во регионот. Транспарентноста за овој бизнис-договор мора да биде голема, со однапред  дефинирани можни замки при реализацијата и наплатата на истиот. И особено важно при евентуален договор – Каде се нашите фирми во овој страшно голем бизнис од можеби 1 милијарда евра…

Од последните искуства во нашата  пракса може да резимирам дека  еден Страбаг,  со сето тоа што го носи со себе како организација, технологија , па ако сакаме да бидеме искрени и со цена, брзина и квалитет на изведба е добредојден, но едно големо НО е кои се другите кои беа и се изведувачи, а се покажаа, благо речено не баш коректни, со сомнителни технички и изведбени резултати,  на наша сметка. Конечен резултат од сите тие „силни изведувачи“ – ЗАСТОЈ  и секако натамошен пад на нашите изведувачи.

Како ќе може најголемиот и единствен вистински  градежен бренд  „Гранит“ со целата своја тежина, историја па и тековна солидна, технолошка и кадровска развиеност  да расте, ако постојано добива проекти со сомнителни подлоги, нерешени експропријации, и што уште не, со краен резултат во 2020 год. Вкупен приход  помал за 20 % , а добивката е за 74 % 5 помала од онаа од 2019 год. Тој исти Гранит тешко доаѓа до големи проекти во нашата држава, а бараме од него/ со полно право / да се врати на меѓународниот градежен пазар, каде што му е и местото. За да стане конкурентен надвор мора и дома да добие предност за домашни проекти. /И не само Гранит. /  Тука секако може и мора државата да помогне.

Не може за еден проект од тип на обична земјена брана на река Отиње кај Штип, во вредност од 9 до 10 милиони евра, да се постават нереални тендерски услови што наша фирма не може да ги задоволи!?

Едноставно кажано државата, особено кога таа се јавува како кредитор на некој инфраструктурен проект  со предусловите на тендерите да прејудицира домашен изведувач. Доволно евтино се продаваме на странците. Ако сакаме да имаме домашни фирми за големи проекти, кои ќе можат потоа и надвор да конкурираат, ќе мора да им помогнеме да станат тоа .    /впрочем како што и беше пред 30 – 40 год ./

Изјава на Андреа Серафимовски, Претседател на здружението за градежништво при Стопанска комора на С.Македонија. 

„И покрај тоа што се мислеше дека градежништвото успешно се справува со корона-кризата, годишните резултати на компаниите покажуваат драстичен пад на обемот на работа лани и намалување на профитите. Почетокот на годината не е ништо подобар.

Ако продолжи практиката на развлекување на тендерите за државните инвестиции и условите во кои нема  да можат да конкурираат домашните градежни компании, нема да има никаков раст во градежништвото кое е еден од носечките столбови во земјата.

Најавените капитални инвестиции доцнат / пред сè поради доцнењето и одлагањето на тендерските постапки /, а тоа значи задоцнет почеток на изведбата и одложена сезона за градежниците.

Во регионот државите со законски или со други мерки предност за изведба на проектите им даваат на домашните фирми за полесно справување со пандемијата, а кај нас експресните патишта и автопатиштата ги градат странски фирми, а нашите често не се ни подизведувачи. Браните за наводнување се посебен проблем. За нив тендерите траат со месеци зашто се направени така за да не можат домашните фирми да конкурираат, а потоа истите се поништуваат затоа што нема пријавени. А тоа се лесни за изведба и за наши компании, кои имаат долга традиција на градба на истите”

ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА

pruga-kumanovo-beljakovce-2020-18

*Извор: (Новинска агенција МETA) Железничка пруга Куманово – Крива Паланка

Веќе е многу извесно дека Коридорот 8 и поврзувањето на источната и западната граница, ќе биде најголемата капитална инвестиција во наредните неколку години во С Македонија. Секако освен на патната, следува конечно и забрзано изведување и на железничката траса на релација Деве Баир – Ќафасан.

Во тек е тендерска  процедура  за изведба на делницата од Куманово до Крива Паланка – втора фаза. Пријавени се 20 странски конзорциуми

Вкупно за изведба се предвидени:

-          Делница  Куманово – Крива Паланка  – 64,8 км, вкупна вредност околу 152 милиони евра, со рок на изведба 36 месеци.

-          Крива Паланка – Деве Баир / граница со Бугарија/- 24 км.

-          Делница  Кичево – Албанска граница –  63 км со предвидена вредност од околу 420 милиони евра. Во тек е проектирање на трасата, со веќе детектирани проблеми во Албанија и градот Лин на крајбрежјето на Охридско Езеро/ каде што треба да има железничка станица / и  дали ќе се дозволи првобитниот проект на пругата од УНЕСКО, што може да се одрази и на нашиот дел од струшка страна.

-          Финансии за првите две фази кон Крива Паланка се обезбедени, со големи грантови од Европa:

-          ИПА 2 програма од 2016 год. – 60 м евра за прв дел и  од Европската банка  2017 год. – 68 милиони за 2 дел;

-          Плус 182 милиони евра од инвестицискиот  грант од Европски фонд за Западен Балкан;

-          Пруга од железничката станица Илинден – Аеродром Петровец – должина 8 км.

1-Stolbovi-zheleznichka-pruga-kaj-Kuklica-pred-Kratovo-okt2017-Meta

*Извор: (Новинска агенција МETA) Железничка пруга Куманово – Крива Паланка

Сè на сè големи проекти, за кои ќе треба да се ангажираат и големи и квалитетни фирми   / ех да ги имавме нашите бивши големи фирми од пред триесетина години што ќе ги истераа првите фази од овој проект /. Да се надеваме дека и нашите градежни компании ќе се најдат во тој избор, барем како добри подизведувачи, заедно со големите странски конзорциуми, специјалисти за овој тип на проекти.

РЕЗИМЕ

Престои период во кој може да го живееме вистинскиот градежен бум во државата во вредност од неколку милијарди евра. Да се надеваме дека државата ќе биде и доволно паметна  да го помогне и подигне на повисоко ниво НАШЕТО ГРАДЕЖНИШТВО. За тоа да се случи ќе мора и самите градежни компании да се воздигнат над своите досегашни краткогледи амбиции со поголеми вложувања во техничко-технолошка смисла и пред сè во подигање на релативно ниското ниво на сопствените кадровски потенцијали, да бидат поконкурентни во острата борба со странската конкуренција.  СЕПАК ДО НАС ЌЕ ТРЕБА ДА Е ПРЕД СÈ. Во спротивно и оваа надежна епизода во реализацијата на капиталните инвестиции, за нашите градежни компании, може да помине во веќе видениот долгогодишен ЛЕТ ВО МЕСТО.

 

 

28 Коментари

  1. сте заборавиле да напишете дека авторот е и директор во гранит. да не се чудат читателите зошто бара да му се даде помош на гранит.

    • ing. arh. Lj. Atanasovski

      Стефан, авторот на темата нема врска со Гранит. А за “помошта” на Гранит ?? Мислам дека им треба само подршка на државата при избор – ангажирање на странски фирми, кои се покажаа катастрофално лоши.А сепак нашите фирми мора да имаат предност, особено на проектите, каде ние со наши пари плаќаме.

      • се извинувам, дали претседателот на здружението на градежниците е и директор на гранит? да, директор е. а тука се изнесуваат негови ставови, кои истите ги кажа и пред медиумите пред некој ден.

        на 90% од проектите парите се од европска и светска банка. тоа не се наши пари.

        да, помошта. кој чита, ќе прочита меѓу редови што сака авторот да каже. меѓутоа ова не е барање помош за обичниот и напатениот мајстор. ова е барање помош за директорите.

  2. п.с. може сте заборавиле да го избришете, но името на директорот е во средина на “вашиот” текст. секое добро!

    • Avtorot go pisuva jasno na krajot, izjavata vo srdiana e citat. No, vasata zelba da napdanete nekogo e pogolema od vasata percepcija. Totalno nebitno e koj e avtor na krajot, bitno e sto pisuva i vo koj kotekst go pisuva. Zalno e sto istrcavte da zazemete stav protiv nekoj i da se osvrnuvate na avtor, a ne njapisavte sto tocno mislite za tekstot. Od toa sme na ova nivo, od zloba i zavist.

      P.S Pobogati firmi – pogolemi plati, nema drug zaklucok… Pobogata drzava, pobogati gragjani, isto e

      Pozdrav, Ljpco super e testot – prodolzi da podrzuvas se sto vredi vo nasta zemja i sto e sopstven produkt

  3. Stefan, imas nesto da kazes za pisuvanoto? ako imas poveli, jas 100% go podrzuvam avtorot, koj i da e na krajot. Da nema pomos, majstorite da zemaat golemi plati – abe kaj ziveete, glaven kriterium e niska cena a na tenderite se favoriziraat stranci, ubavo pisano e. Jas rabotam vo golema proizvodstvena gradezna kompanija i ja razbiram omrazata ne neuspesnite i kompleksiranite kvazi gradeznici, ok e.

    P.S Ljupco ne pisuvaj vakvi komplicorani tekstovi, ne mozat lugjevo da svatat pa ke si imas problemi vo komentarive :) Sepak , ne se site uceni i pametni

  4. Stefanco – Parite ne se na Svetska banka i EBRD, toa
    se krediti…so parite na gragjanite se vrakjaat tie krediti, nepismen eden

  5. Da ne se podrzelo nisto makedonsko, se da smeta , se da se mrzi…amannnn

  6. Злате, јас немам ништо против авторот. Имам против изнесените тези во текстот. Да, секаде е критериумот ниска цена. Ако се стави критериум навремено завршување на проекти и референци во последните 5 години, мислиш дека гранит ќе има предност пред големи конзорциуми како Актор, Штрабаг и слични ним? НЕ! Потсети ме на кој проект последно гранит завршил согласно предвидениот рок? Еве, сега на проектот во Крива Паланка кој требаше да го завршат во 2021ва година, до кај се? Не, јас не сум градежник. И не знам зошто е некој искомплексиран ако има свое мислење, а спротивно од твоето. Или не знаеш што да кажеш па ајде ќе пишам дека овој е неписмен. Нека бидам. Еве, јас како неписмен, ќе те насочам на тоа дека се пишува “сФати”, а не “свати”.

    Мојсо, парите се дел донација, дел кредит. И сите пари ги контролираат банките кои ги даваат парите. Значи, не се наши парите. Ако се наши, ние ќе ги контролираме и ние ќе ги оформуваме условите, ама ете, не е така. Делот од кредит, да, ние треба да го враќаме, и баш заради тоа, треба да се бориме да добиеме што побрзо нов пат по кој ќе возиме. До сега на сите патишта кај што работат нашите изведувачи се соочуваме со доцнење, продолжување на рокови и сл. Се соочуваме со многу послаб квалитет. Еве, земи го за пример автопатот Миладиновци-Штип (на пример делот што го градеше Бетон), и спореди го со автопатот кој го изгради Актор (Демир Капија смоквица). Можеби сум неписмен како што велиш ти, меѓутоа не сум слеп. Или и тоа сум, и не знам што гледам дур се пазам да не падне некоја косина врз мене?

    Боки, те молам кажи ми што да се поДДржи (да, со две “Д” се пишува). “Подржи” е нешто друго. Отворете правопис, прочитајте го. Аман!
    Директорите ли да се поддржат за да може да се богатат уште повеќе? Директорите кои кратат плати на мајсторите а си делат 500.000е бонуси? Директорите кои ги намалија дивидендите на акционерите поради ковид кризата ама сепак си поделија себеси 500.000е бонуси?

    Голем поздрав од еден неписмен и искомплексиран Стефан.

    • Protiv Beton, protiv Granit, protiv pomos na domasna operativa, protiv pretsedatel na Zdruzenieto. Pozitivno za Aktor, za Strabag. Slika si i prilika druze. Ti si slika na ona sto i se slucuva na Makedonija i kako se toa se degradira i pluka od potrebata svojata neuspesnost da se opravda. Ti ne si gradeznik, hahahahaha, slatko ke se nasmeam.Ti si car, da kazes koj si stvarno Stefane vo ogledalo ke ti bide sram da se poglednes, ama nejse

      • Aktor i Strabag ne se konzorciumi, ne znaes sto pisuvas, a kazuvas koj sto naposal i dali e pravilno ili ne e. Kompleksot ti e evidenten a zlobata ocigledna, i ke si zivees so toa dolgo dolgo

    • EBRD i SB ke vi prodolzat rok na izgradba ako nemate debelo objasnuvanje i opravduvanje ? Nema. Za toa i se raskinati dogovori na mnogu firmi ( Tirena , Rubau.. ), taka da ne kasni izveduvacot, kasni investitorot drugarce. Za zavrsuvanje vo rok ti kazuvaat samo mal del na proekti za koj ne se zapoznaeni za problemite i pretpostavuvaat deka izveduvacot treba da e magionicar i se da resi. Toa dali kasni nekoj e mnogu osetlivo, bitno e koj pokrenuva razvoj vo drzavata a koj ostava zad sebe dolgovi kon kooperanti, inzeneri na vremeno vrabotuvanje na ulica posle prokekt.”
      Logikata deka so zaemite glavna cel e brzo da se izgradat patustata e pogresna, ne deka ne e cel – no ne e goavna cel. Glavna cel da izgradime ekinomija so zaemite koi gi koristi drzavata, a toa opfakja povekje raboti megju koi obet na sredstvata vo domasnata ekonomija.

  7. Si se ospednal druze stefan so pari i so direktori. Ne e toa temata. Ova e strucno , neimarako prasanje. Zadaca na drzavata e da napravi razvoj na kompaniite, kapacitetite
    se bildaat so rabota a ne so nerabota.
    Za kvalitetot na firmata sto ja spomnuvas i so koja si se opsednal prasaj u Hrvastaka i u Srpska, ke ti kazat, priznanija od najvisok rang. A za tuka…razgledaj gi proektite i pricinata ke ti bide jasna zosto se kasni i zosto e kvalitetot takov kakov sto e. Mojot sin raboti tamu, masinski inzener, zadovolen e u sekoj pogled.

    P.S Strancite ne kasnat, Aktor povekje od
    godina ( ne mozea da isperat pari u Negotino , takov li primer treba da podrzime ) a Strabag na Stip- Radovis ( pred vremw sto ke go zavrsese ) vekje kasni dva meseci…ramnica, mostovi mali, lesna trasa prva liga

    • Воопшто не е мој Штрабаг. Не работам во градежен сектор, ама тоа не значи дека не следам што се случува и како стојат работите во последните години кај нас.
      Штип-Радовиш е завршен од пред два месеци, се чека на инвеститорот да си среди експропријација за да го пушти. Зголемување од 29 на 42милиони. И покрај толкаво зголемување на обемот на работите, завршен во првичниот рок. Проследено со сите проблеми кои ги имаат и другите фирми (алибито за доцнењето на другите проекти). Ако браниме македонски компании, зошто плукаш по македонските проектанти дека не знаат да направат квалитетен проект?
      Во република Српска не работеше сам гранит, беше во конзорциум со Интеграл.
      Одлично за син ти, му посакувам само успеси. Сепак бил твој Гранит, а не мој Штрабаг.

      • Konzorcium Granit/Integral ( ne gledam kakva vrska ima toa, eve Granit izvel 90 nil evra ako ti e taka polesno ) , znaes zosto ? Zosto Integral nemase referenci, nemase iskustvo, a NAS Granit imase. Na svecenoto otvaranje timot na premierot Vucic vrsi obikolka i resava da se vozi na delot koj to gradese NASIOT Granit i taka da se otvori avtopatot i pokraj ogromnata zelba na domakjinot Integral da se otvori vozejki po delot koj oni go gradele , znaes zosto ? Zaradi podobriot kvalitet ;) Zarem toa ne e gordost NASA , neli ?

        P.S Ne velam jas loso protiv NASITE proektanti, TI i tebe slicni imaat. No fakt e deka primarniot problem se losite
        proekti, Ne mi smeta mene dokolku se kasni nekade, mi smeta sto za toa gi obvinuvate izveduvacite. Jas bi da se kasni ama nasi da rabotat, zosto ke srabotat na kraj so garancija

      • Od kade znaes kakvi problemi imal Strabag , zosto ne e pusten vo upotreba ? Ova ne se javni informacii, sekoja cest za negradeznik tolku da si upaten. Uste da kazes cenite od aneksot ke ti poveruvam deka rabotis vo pekara :)

        • отвори по форуми, ќе ги најдеш сите информации кој јас ги знам и кои ги пишав. или мора да сум градежник за да читам и да се информирам за градежништво?

  8. Granit na vreme ( rok tri godini ) zavrsil proekt vreden 180 milioni evra u Srpska. Uste proekti ti trebaat li ili ova e dovolno? Tvojot Strabag za tri godini 40 milioni evra ne moze da zavrsi, e toa se sporedbeni kapaciteti ako sakas da sporeduvame babi i zabi :)

  9. Aktor stana golema firma so golema refernca i znaenje blagodarenie na izgradbata na Via Egnatia od Kozani. Strategijata bese da se vlozat golemi pari za izgradba a us toa da se stvorat golemi i mokni grcki firmi. Aktor e taka vozdignat na nivo, iako sega so drugo se zanimava. I proektnatite koi rabotea na toj pat, sega se vrvni. Zosto? Zosto drzavata taka resi i go sprovede toa so uspeh.
    Se soglasuvam so site vas lugje. No sto da pravime, novi firmi ne mozeme da stvorime evidentno ( Grad Skopje go gradi sekoja budala i se gleda deka se e vo parite ) a
    postoeckite gi degradirame na sekoj mozen nacin. Sto ponataka e prasanjeto?

  10. Rokovite koi se prodolzeni site se prodolzeni so pricina i zaradi toa nema nikakvi negativni referenci. znaci kriv e sistemot, a firmite kolateralna steta. Prijatno

  11. Parite zemeni kako kredit za gradenje od EBRD, EKSIM BANKA i Svetska banka, mora da gi vrati gragjaninot. Ne e tocno deka so granotvi se gradi, granotvi se mnogu mal del ( pos 5% ) , taka da osven konezite i svabive, da im dademe pak i na grcite da gradat i da gi vratime italijanive pa se taka na kup parite da se odleat , zosto nasite ne bile kvalitetni i brzi.. Kakva sramna logika, kakva sramna teza. Drzava ne se gradi so ovaa logika, Fujjj

  12. Kumanovo- Rankovce ( Tirena Skavi izveduvac , raskinat dogovor, objavem povtorno denovive, rok na gradba 2 godini )
    Rankovce- Kriva Palanka ( Granit/Beton, rok kraj 2021, se ocekuva juni 2022 da bide gotov )
    Gjabe ke bide gotov delot sto go gradat nasite kompanii, bez prviot nema da bide funkcionalen. Brzi bea italijanive i stvarno ja opravdaa doverbata na Svestska Banka . A i kvalitetno gradat, sekoja cest. Like

  13. Vo eden minut mi stana jasno sto se slucuva ovde koga nepismeni lugje stanaa gazdi na firmi i pocnaa da dibivaat tenderi, Od takvi firmi parime, od firma so 2-3 dusi. Tie go napravija ispid nivo u gradenjeto i se.

    Zosto akcineri da zemaat pari a vraboteni ne nagradi. Vraboteni rabotat, a akcioneri moze fa rabotat i kaj konkurencija. Tie sto rebotat treba de se nagradat, a ne nekojda raboti drug pari da zema. Kaj ima taka

  14. Mnogu loso komentari citam od vas kolegi, se gleda deka ne postoi edinstvena slika kaj narodot za toa sto treba da se napravi i kako treba da se napravi. Cudno mi e, site se borat za nivnoto, samo na nas tugjoto ni e pomilo. Znaci opstestvoto degradirabo e do taa merka sto na forum za strucnost se mesaat potika, plati, direktori. Ne ne biva, najloso e tugji pari da brois, a nie celo vreme samo toa broime

  15. Никој не се запрашува за тоа каква е сегашноста и иднината на македонските инженери. Компаниите имат како и да е поголема слобода во одлуките, но инженерите работат во услови коо ги наметнуваат општествените текови. За да добијат знаење ретко кој се бори, сите за плата се борат. Заради тоа идат од една фирма во друга, но со тоа мигрирање не стекнуваат никакво знаење додатно, туку им поминува времето во адаптација и проценка на услови. Во развиените држави ова не се случува и системот генерира побарувачка на добри инженери, но не им го губи времето во адаптации безконечни. Заради тоа , мораме да се бориме за компаниите да бидат помоќни, поппремени, расадник ма знаења и вештини. Оваа борба е на државата во секој поглед ( да креира систем за развој, со оглед дека само преку реализација на големи капитални проекти може да се створи развој општествен ). Вo овој контекст подржувам помош во секој поглед на домашните компании, а потоа нашата борба ќе биде како таа помош да му помогне на нашиот инженер да стане врвен стручњак ( и сега постојат такви, но тоа се луѓе со исклучителент талент и памет, треба и добриот, и мн добриот инженер да стане врвен и одличен доколку помине низ проекти кои тоа ќе му го обозможат )

  16. Текстот е одличен и мислам дека и други вакви текстови треба да се прикажуваат се со цел да согледаме што се случува. Чудно е како сите се брзи, спори, лоши, добри а никаде не спомнавме каква улога имаат надзорните инженери. На пр. во Шведска, баш они го водат проктот, главен фактор се при решавање на проблемите и одговорно за крајниот рок на изведба. Глани чинители се, и најспремни технички. Кај нас, која фирма кого избркала, се вработува и станува надзор. За тоа не се знае, ни крај ни почеток на проектите

  17. Мислам дека треба да се вложува во проектанти, инженери и компании. Но џабе, кога нема кој да напише програмска задача. Во сите институции кои водат проекти треба да се вработат инженери со соодветни примања ( консултантски нека ангажираат ). СКМ за тоа може да помогнат, факултетите и стручните друштва. Да се формира тело за водење на проекти, барем на оние проекти кои имаат статус на големи, капитални, битни

Испрати коментар до Jovan Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top