Насловна / Арт и дизајн / Комбинација од дрво и цемент за избалансиран дизајн

Комбинација од дрво и цемент за избалансиран дизајн

saksija La Morena_3_resizeЦементот и дрвото се два материјали кои се во контраст, но во естетска смисла прекрасно се сложуваат, кога ќе бидат искомбинирани од талентирани дизајнери и уметници водени од новите технологии. Креативните луѓе од мексиканското дизајнерско студио ‘Shift’ успеале студениот и сив материјал каков што е цементот, да го претворат во нешто сосема поинакво и во контекст на современиот (индустриски) дизајн. Така, тие дизајнирале уникатна саксија за цвеќе насловена како ‘La Morena’, која е комбинација од дрво и цемент. Ова решение претставува хибридна мешавина од два материјали и технологија која им овозможува реализација на избалансиран дизајн. Технологијата вклопува два контраста, моќта на органскиот и неоргански материјал, а резултатот е современа индустриска естетика, која уште еднаш ги потврдува неограничените можности кога се во прашање различните и на прв поглед неспоиви комбинации.saksija La Morena_2_resize saksija La Morena_4_resize saksija La Morena_5_resize saksija La Morena_1_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top