Насловна / Вести / Кој е одговорен за рекордниот раст на цените на гасот во Европа?

Кој е одговорен за рекордниот раст на цените на гасот во Европа?

Жителите на Европа ја дочекаа зимата освен повторно со корона кризата и со високи цени на енергентите кои значително удрија по нивниот стандард, а бројни енергетски компании турнаа во банкрот. Стариот континент се соочува со рекорден и невиден пораст на цените на природниот гас, кој е главниот извор за греење во домаќинствата. Многу компании за дистрибуција на енергенти се пред банкрот, бидејќи не можат да го поднесат ова вртоглаво зголемување на цените. Цените на гасот во Европа се зголемиле за повеќе од 600% од јануари до денес. Европа ја плаќа цената на речиси целосната зависност од увоз на гас, особено од Русија. Германија на пример, увезува 90% од своите потреби од Русија, а Велика Британија околу 70%.

gas1

Нивото на складирање на гас во Европа ги достигна најниските вредности во последните десет години. Од почетокот на ноември, складирањето во Европа паднало за 14,1 милијарди кубни метри, во споредба со просечното повлекување од 11,1 милијарди кубни метри во текот на зимата, кога побарувачката на природен гас за греење расте. Затоа, земјите како Франција, Шпанија и Португалија соопштија дека се соочуваат со незапамтен недостиг на гас. Што се однесува до Велика Британија, оваа земја го затвори својот капацитет за складирање, па затоа и нема никакви резерви.

gas2

Европските обвинувања се адресирани до Русија, за намерно намалување на испораката на гас кон Европа, и покрај уверувањата на Москва дека се обидува да одржи нормално ниво на испорака. На пример, гасоводот Yamal, кој е во сопственост на руски „Газпром“, а кој минува низ Полска, го намали нивото на снабдување за 11%  во само два дена. Оваа линија е најмалата од трите линии за транспорт на руски гас во Европа, и одговорна е за испорака на 10% од вкупните количини. Русија уверува дека ова намалување на испораката е поради две причини. Првиот е зголемување на потрошувачката во Русија, а потоа и зголемената побарувачка во Азија. Европа е убедена дека целта на Русија е да изврши притисок на европските држави, како би се согласиле на контроверзниот гасовод „Северен ток 2“, кој минува низ Балтичко море, а Европа се заканува дека ќе го запре доколку Русија преземе било каква воена акција против Украина.

Gas bill, UK

Европските компании се соочуваат со големи тешкотии во снабдувањето со гас, имајќи ја во предвид конкуренцијата од кинезите кои покажуваат подготвеност секогаш да платат повеќе. Според пишувањето на  Financial Times, Велика Британија започнала преговори со Катар, со цел потпишување долгорочен договор со кој Катар би бил „снабдувач во краен случај“.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top