Насловна / Вести / Ќе се реновира плоштадот кај споменикот во Струга

Ќе се реновира плоштадот кај споменикот во Струга

Struga plostad

Општина Струга деновиве ќе почне со реновирање на просторот околу споменикот на градскиот плоштад. За реализација на проектот предвидени се околу 2 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.

Портпаролот на општина Струга, Роланд Амзаи денеска информира дека со проектот предвидено е да се намали висината на бетонската платформа, да се направат пешачки патеки кои плоштадот ќе го поврзуваат со улицата, а ќе бидат направени и скали и нови зелени површини.

–  Со еден збор, просторот околу споменикот ќе се претвори во атрактивно катче, каде стружани ќе го минуваат слободното време, изјави Амзаи.

Тој појасни дека реновираниот плоштад во Струга ќе биде осветлен и ќе биде пријатно место за претстој и во вечерните часови.

Испрати коментар

Scroll To Top