Насловна / Архитектура / Изложбата „Скопските вертикали“, проучува, вреднува, документира и опоменува

Изложбата „Скопските вертикали“, проучува, вреднува, документира и опоменува

Вчера пред многубројна публика во Музејот на град Скопје беше отворена изложбата „Скопските вертикали“. Авторите на изложбата, архитектите Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков со своите соработници, студенти на почетокот на пректот, сега веќе дипломирани архитекти и кустосот, советник, директорката на музејот, архитект Фросина Зафировска во обраќањето на присутните говореа за мотивот и важноста на овој истражувачки проект.

4H5A8435
На најголемиот ѕид во просторот, по должина, поставена е панорамска фотографија на Скопје, каде во силуетата и контурата на градот, секако дека доминираат вертикалните градби, но не само поради висината, тие акцентираат одредено подрачје, намена, функција или свесна наметливост, секој со својата цел и идеја.

4H5A8345

архитект Александар Серафимовски, кули на ул. „Кеј 13-ти ноември“

На изложбата претставени се 50 висококатници кои припаѓаат на периодот од 1950 година до доцните ’80 години, што воедно претставува и критички преглед на архитектурата на вертикалите. Прикажани се делата на некои од доајените на македонската архитектура, како што се Александар Серафимовски – Снко, пионерот на проектирање на станбени висококатници или неговата колешка, Васка Ладинска, едни од најдобрите, најрационални и најбарани проектанти на станови. Евидентен е и квалитетот и обемот на работа на тогашните големи и значајни проектантски бироа („Македонијапроект“ е најзастапена со свои проекти).

4H5A8446

архитекти: Драган Томовски, Никола Лагудин, Атанас Банчотовски,

Кирил Муратовски, Васка Ладинска, Симеон Апостолоски, ул. „Методиј Шатров-Шарло“

Посетителите имаат ретка можност да се најдат во средиште на еден град на скопските висококатници, помеѓу 12 макети изработени во голем размер, 1:50, поставени во еден простор. Јавноста може да ги види некои од најзначајните објекти во нашиот град, заедно, на едно место, поставени на маси, како на дланка и да го согледа она што можеби окото досега не го забележало, додека помеѓу се преплетува фото и проектна документација на објектите.

4H5A8418
По периметарот на музејската сала поставени се архитектонски цртежи на основи и фасади. Како и макетите, така и цртежите се чесни, архитектонски, прикажани едноставно во својата суштинска сложеност, прикажани изворно, без лузните на времето и искасапени од граѓаните, прочистени, вистински без накитеност од додатна допадлива бужутерија, непотребни визуелни ефекти и нереални перспективи.
Авторите потикнати од личната љубопитност и потребата да се истражат овие градски доминанти, изработиле проект кој го проучува, вреднува, архивира и документира квалитетното архитектонско наследство на градот.

4H5A8429

Кула Автокоманда, архитект Трајко Василев

Ова истражување и документирање има за цел да зачува вредни податоци за нашата архитектура кои ги немаме доволно и се тешко достапни, голем дел и уништени, некои во распадот на бироата, некои во пожари и полави. Овој проект опоменува, ја обврзува јавноста, ја потсетува, ја учи и се надевам ја подигнува свеста, а и алармира совеста за најзначајниот период на формирање на градската урбана слика на Скопје. Слика во која секако дека доминираат вертикалите, но не само со висината, туку и со квалитетната и функционална архитектура. Вертикали кои го издржале времето и историската дистанца, без разлика што сите општествени превирања и жителите на тие објекти, оставиле лузни кои впечатливо упаѓаат во очи. Што во безпоштедна борба за некој квадрат плус, што во нездржливата потреба да се „доразубави“ објектот подобро од тоа што го направил авторот.

4H5A8399

Осигуривање „Македонија“ (поранешен ДОЗ)

архитекти: Кирил Муратовски, Мирослав Сидовски

Забележливо беше и присуството на повеќе генерации архитекти, како и присуството на еден од проектаните, архитект Александар Смилевски.
Овој проект е на некој начин е и благодарност на авторите на овие објекти, без кои ќе беше невозможен почетокот на формирање на градската, урбана слика на Скопје и нејзиното забрзано оформување се до почетокот на ’90 тите години кога над градот се роди село.

4H5A8410

4H5A8386

4H5A8440

Работнички дом „Кочо Рацин“, арх. Славко Брезовски

4H5A8353

„Нова Македонија“, арх. Благоја Колев

4H5A8361

4H5A8411

Кули на ул. „Бојмија“ бр.2, арх. Васка Ладинска

9 Коментари

  1. Dali znaete dali moze (i kade) da se nabavi publikacijata (knigata) od izlozbava?

  2. Книгата ќе може да се купи од вторник во продавницата „Ап(о)тека“ во склоп на МКЦ

  3. Nekoj upaten da ne znae dali moze da se najdat nekade knigite za Chipan (“Po patot na eden modernist” – isto bese izdanie na Muzej na Grad Skopje) i Gulevski (po povod nagradata Andrea Damjanov)? Fala

Испрати коментар до Pero Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top