Насловна / Вести / Хотел на остров од пластични шишиња (видео)

Хотел на остров од пластични шишиња (видео)

Францускиот бизнисмен Ерик Бекер изградил необичен остров во близина на Обала на слоновата коска, користејќи илјадници пластични шишиња, стиропор и други пловечки пластични материјали.
Острвот на кој се наоѓаат хотел, ресторан, караоке бар и два базена е мошне посетен, а дел од енергијата се произведува со помош на соларни панели.

ос1
„Кога станува збор за овој концепт, одлично е тоа што загадувањето од пластични шишиња го претвораме во нешто позитивно“, вели Бекер за својот пловечки остров.
Тој сака да го промовира зелениот туризам и се надева дека неговиот концепт ќе поттикне и други луѓе на сличен чин.
Острвот е тежок околу 200 тона, изграден е во лагуна, бидејќи плитката вода е подобра за концептот на градбата.
Сите објекти имаат електрична енергија на соларен погон, а слатка вода добиваат од копно, лагуната во близина на Абиџан, административниот центра на Обала на слоновата коска.

ос2
За вечер во ова одмаралиште потребно е да се издвојат 100 долари.
Сепак, Бекер смета дека ова острово сеуште не е совршено. И покрај тоа што е еколошки поприфатливо од стандардните хотели, гостите и понатаму оставаат отпад, а канализацијата се испушта во лагуната што е случај и со другите места во Абиџан. Пради тоа Бекер ја тестира технологијата на претворање на отпадот во ѓубриво за растенијата на островото.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top