Насловна / Вести / ЕУ прогласи „вонредна состојба“ во однос на климата, засега само формално

ЕУ прогласи „вонредна состојба“ во однос на климата, засега само формално

Откако Европскиот парламент со големо мнозинство ја усвои резолуцијата, Европа е првиот континент кој прогласи „вонредна состојба во однос на климата“.Претседателот на Комисијата за животна средина во Европскиот парламент, Паскал Канфин, признава дека терминот „вонредна состојба“ всушност го нема во европските договори, поради што одлуката нема формално правни последици. Резолуцијата на Европскиот парламент има симболично значење, конкретни мерки од политиката треба да следат наскоро.
Европскиот парламент пред новиот протест против климатските промени, кој ќе се одржи денес и пред почетокот на Конференцијата на ОН за климата во Мадрид следната недела, во уште една резолуција побара емисијата на штетни гасови во Европа до 2030 година да се намали за 55% во однос на референтната 1990 година. Сепак, земјите членки на ЕУ, кои треба овие цели да ги спроведат во конкретни политички мерки, сѐ уште не се вклучени. Како што стојат работите, тие не можат да ги постигнат ниту досега зацртаните цели.

eu
Прогласување на „вонредната состојба“ е проследено и со критика која пред се доаѓа од десничарските партии. Тие предупредуваат од климатска хистерија и погрешни научни наоди и сметаат дека ЕУ има и други итни горливи теми за кои треба да се прогласи вонредна состојба, како на пример невработеноста и миграцијата.
Новата Европска комисија за две недели треба да го даде предлогот за „Зелен договор“- сеопфатен пакет законски мерки со кои треба да се ограничат климатските промени и последиците од нив. „Европа мора да ја преземе предводничката улога во светот на овој план,” изјави новата шефица на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен откако беше изгласана доверба на нејзиниот тим, и покрај тоа што ЕУ продуцира само со 9% од штетните гасови за климата на глобално ниво.

Извор: Дојче Веле

eu1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top