Насловна / Вести / БиХ: Витешка борба на жените од Витез – реката сочувaна од изградба на нови мали хидроцентрали

БиХ: Витешка борба на жените од Витез – реката сочувaна од изградба на нови мали хидроцентрали

Во местото Крушчица кај Витез во Босна и Херцеговина, после 18 месеци протести, па дури и полициска бруталност врз демонтрантите -жени кои престојувале под шатори, целта е постигната. Имено, овие жени го победија системот и ја сочуваа реката од изградбата на нови мали хидроцентрали. Сите издадени дозволи се повлечени. Приказната за храбрите жени го обиколи светот.

most3

most4

И покрај претрпеното насилство од полицијата, во моментот кога со употреба на сила се тргнати од местото заради обезбедување услови за работа на градежната механизација, тие не се откажале и успеваат да стигнат до правдата која е бавна но сепак достижна. Една од учесничките на протестите вели дека со ова нивната борба не е завршена. Следната нивна цел е укинување на концесиите на постоечките мали хидроцентрали, кои со години се продолжуваат. Исто така, тие велат дека преку својот адвокат ќе бараат одговорност од надлежните кои ги издавале дозволите.

most2

most1

 

Еден коментар

  1. ing.arh.Ljupco Atanasovski

    E ova e vistinska borba za zacuvuvanje na lokalnata negibnata prirodna ubavina. Dobar stimul i za nasata provincija za zacuvuvanje na ekologijata vo sopstvenata sredina.

Испрати коментар до ing.arh.Ljupco Atanasovski Откажи

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top