Пет хотели, катна гаража и спортски
комплекс со апартмани и спортски терени ќе се градат под Кале. Амин за овие
градби даде Советот на Општина Центар усвојувајќи го Деталниот урбанистички
план “Централно зеленило покрај река Вардар-Парк 2“. ДУП опфаќа површина од
19,79 хектари, земја која во најголем дел е во државна сопственост.
Целиот план за реонот предвидува изградба на нови објекти, а единствено се потврдува и се планира надградба на резиденцијата на поглаварот на МПЦ. Планот овозможува и изградба на нови содржини во функција на постојните верски објекти.