
Нема ниту една градба во Македонија со која би можела да се спореди оваа сала, затоа ќе треба и дополнително да ја тестираме, смета управителот Борис Змејковски
Спортската сала “Борис Трајковски” е не само најмодерен, туку и единствен објект од ваков тип во земјава, поради што ќе мора дополнително да се тестира, смета Борис Змејковски, директор на друштвото што управува со овој комплекс.
- Првиот тест салата го помина успешно, со манифестацијата за отворањето, кога “Харлем Глобтротерс” ги забавуваа скопјани. Луѓето обично велат дека ако нешто не знаете, треба да го препишете, но, ние ниту сега, ниту додека траеше изградбата немавме од кого да ги преземеме искуствата. Ваков повеќенаменски спортски објект нема во целата земја. Има во соседството, но не можеме да се споредуваме со нив, затоа што градежните работи, уредувањето, опремата и се друго има различни цени во различ ните држави. Најдобро е да направиме уште неколку тестови со максимално оптоварување со луѓе, за да видиме дали ќе се појават одредени аномалии. Ако има такви случаи, уште веднаш ќе реагираме - истакнува Змејковски.
повеќе »