
- На градскиот плоштад Илирија немаше ниту една здрава плоча, сите беа искршени или оштетени од "забот“ на времето. Сега ќе ставиме гранитни плочи кои имаат поздрав тампон, за разлика од мермерните кои биле поставени пред три децении, изјави Неџати Јакупи од секторот за урбанизам при Општина Тетово. На плоштадот ќе се отстранат неколкуте големи жардиниери, на чие место ќе се постави зеленило. Идејата е да се овозможи полесно поминување низ плоштадот, а со тоа ќе може да се постават клупи за одмор. Исто така ќе се тргнат и меморијалниот ѕид на народните херои, мермерните клупи и фонтаната. Наместо обични светилки ќе се стават сензорски светла.
повеќе »
Локацијата кај Сушево каде ќе се гради карго аеродромот е идеална за оваа намена. Локалитетот Сушево е еден вид врата кон Овчеполието кое е претежно рамнинско, со идеална клима. Во текот на летото нема дождови, во текот на зимата нема магла. Тоа го прави сосема погоден за цивилен аеродром. Воздушната линија од 30 километри до Петровец и околу 75 километри од центарот на Скопје се дополнителен фактор.
повеќе »
... БЕЗ РЕБАЛАНС НА ГРАДСКИОТ БУЏЕТ НЕМА ГРАДЕЊЕ
Градоначалникот Трифун Костовски најави дека со вишокот пари во градскиот буџет ќе гради плоштад околу црквата “Света Богородица“, но Советот на градот ја одложи таа одлука па сега е неизвесно дали ќе има време за тој проект.
- Со проектот сакаме да го заживееме и левиот брег на Вардар, а нивото на реката да го подигнеме со поставување гумени брани. На тој начин би се овозможила и пловидба низ реката. Не можам да го замислам Вардар со фонтани во неговото корито. Уредувањето треба да се реши на поинаков начин. Бидејќи и Младинскиот културен центар е во близина, треба и дел негови активности да се преселат на кејот - рече Костовски неколку дена пред седницата на Советот.
повеќе »
Иницирање на опсежни уметнички, архитектонски, комунални и други размислувања за современиот градски простор во Скопје беше идејата на интердисциплинарната меѓународна работилница под наслов “Ремапирање на Скопје”, што од 29 септември до 5 октомври се одржуваше во културниот центар “Точка”. Организирани во интернационална група студенти и уметници од Скопје, Словенија, САД, Нов Зеланд и од Германија дадоа поинакви погледи на градот, при тоа обидувајќи се да ја покажат неговата сложеност и хетерогеност, со цел да придонесат за надминување на поделбата на градот долж етнички граници. Можност за своја партиципација во овој проект имаа и сите граѓани на Скопје кои беа поканети во таканаречената Урбана лабораторија - отворена архива во културниот центар “Точка” да ги изложат своите идеи, мислења и сеќавања на градот и да донесат стари фотографии.
повеќе »Со задоцнување од околу една недела Општина Центар ги достави потребните документи до Уставниот суд за да може да се оформи предметот за оценување на законитоста на Деталниот урбанистики план за Малиот ринг, по претставката што ја поднесе градоначалникот Трифун Костовски. Општината го проби рокот од 15 дена што Судот £ го даде за да достави одговор на барањето на Костовски. Таа требаше да даде мислење за тоа дали со усвојувањето на планот за Малиот ринг е прекршен Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Општинарите од Центар, ни изјавија дека испратиле одговор до судот, но не сакаа подетално да го коментираат случајот.
- Документите што беа побарани се испратени. Сега останува на Судот да одлучи дали има нешто спорно со планот или не. Причина за доцнењето беше тоа што немаше кој да ги потпише потребните документи - рекоа од таму.
повеќе »
В. Дефинирање и насоки (1)
Чарлс Џенкс смета дека постмодерната архитектура произлегува директно од т.н. модерен регионализам, кој својот врв го достигнува во теоријата и практиката најнапред кај Роберт Вентури, а потоа кај: Чарлс Мур, Роберт Стерн и Мајкл Грејвс. Џенкс тврди дека овие четворица американски архитекти на највпечатлив начин ја имаат одбележано постмодерната и можат да се наречат постмодерна школа за да се издвојат од широкото движење кое опфаќа мноштво други пристапи. Според Џенкс, два настана имаат пресудно влијание врз воспоставувањето на општиот карактер на постмодерната школа, а тоа се: Венецијанското биенале (1980), посветено на темата “Присуството на минатото“, каде што едногласно е потврдено прифаќањето на историцизмот; и постмодерниот класицизам на Џејмс Стирлинг и Мајкл Грејвс, што го одредува заедничкиот стил.
повеќе »Книга 1 : Големите движења и мајстори - резимирани извадоци
ПОСТМОДЕРНА ИЛИ АРХИТЕКТУРА НА КРСТОПАТ Б. Развој (4)
Истражувањето на силуети на огледалните објекти, кои најефектно би го изразиле блесокот и рефлексијата на стаклото, води кон традицијата на модерната од крајот на XIX век и кон, за тој период, омилениот судир на волумените со сложени праволиниски потези. Притоа, архетипови на огромните објекти повеќе стануваат минијатурните каприци на овој стил, како што е мебелот и урбаната опрема, отколку самата архитектура. Карактеристичен пример за наведената поставка претставува административниот објект во Ипсвич, В. Британија (1975) на Норман Фостер (1935). Со меко извитканата огледална фасада од темно стакло, овој објект прави асоцијација на гигантско пијано. Критичарите, во неговиот блесок гледаат семантички одраз на “студенилото” во административната дејност.
повеќе »