Насловна / Author Archives: ivan (page 52)

Author Archives: ivan

Feed Subscription

Гранит АД Скопје – нов договор вреден 465 милиони денари

Скопје – ГД Гранит АД Скопје  и Министерство за правда на РМ. потпиша договор за изградба на нова судска зграда -Кривичен суд во Скопје. Вредноста на договорот изнесува 465.190.282,00 денари со вклучен ДДВ и рок на изведување од 18 месеци. ...

повеќе »

Скопје 2014 – триумф на политичарите, пораз за урбанистите и архитектите

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/kosto.jpgДолго размислував дали вреди сега да се дебатира и пишува за политичкиот проект Скопје 2014, зашто триумфот на политиката и поразот на урбанистите и архитектите се евидентни. Дали е возможно да се дебатира со владината машинерија, со платени индвидуалци од сите области, со набрзина новооформените ,,невладини здруженија и организации,, се разбира и тие добро платени, и не сакаат да слушнат за поинаква размисла, а камоли да дебатираат аргументирано и цивилизациски.

повеќе »

Заборавете го плоштадот

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/blagica-blazevska.jpgБлагица Блажевска, дипл.инж.арх.

 

Запомнете го плоштадот, зашто плоштад веќе нема да видите. Кога сите јавачи ќе го вјавнат и објектите ќе се доградат, ќе остане малку место за нешто друго!

повеќе »

Кичот ме стаписа, се чувствувам потценето

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/sanja-radjenovic.jpgШто претставува проектот “Скопје 2014“?

 

Обид по секоја цена за самонаречена грандиозност и монументалност на архитектурата, а и скулптурата. Тие не се одраз на естетско - филозофска студија. Тука има вткaено дневна политика за локална употреба, неиживеани и злоупотребени национални наметнувања од различни пориви, присвојување на туѓи вредности. Стануваме паланка каде секој може да го докаже своето лошо воспитување, љубовта кон кичот, ниската страст, насилништвото, немањето чувство за заедништво, јавен интерес, обврски и права кои произлегуваат од сето ова и без кои градот го нема.

повеќе »

Што да се каже повеќе за проектот СКОПЈЕ 2014, а да не е веќе кажано?

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/kk.jpgКорнелија Конеска, дипл.инж.арх.

 

Проектот е мегаломански кич и е одраз на комплекс на помала вредност и фрустрација. Не само што генерално не одговара наменски и функционално, туку под знак прашалник се ставени скоро сите професионални аспекти: димензионирање, инфраструктурно поврзување, вклопување во опкружувањето (зашто не станува збор за градење на празна ливада, туку за вклопување во веќе со векови оформено урбано милје), а да не зборуваме за стилската (не)прикладност и економската (не)оправданост. 

повеќе »

Поставувањето на Триумфална порта во центарот на Скопје е интересна идеја

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/triumfalna3.jpgПоводот за моето размислување на темата триумфални порти е секако нејзиното предвидување во урбанистичкиот план на центарот на нашиот главен град.
Затоа ќе напишам нешто за оваа тема која во моментов го окупира вниманието, како на архитектите, така и на пошироката јавност.

повеќе »

Да ги погледнеме работите од друг агол

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/zoran-petrov.jpgОд друг агол, ке казам нешто за нашата несамокритичност и илузија во која живееме, која не донесе во ситуација на катастрофална ерозија на моралните вредности. На најхрабрите им остана привилегија барем да имаат свој став по некои работи и истиот да можат да го презентираат, а вие сте храбро списание. Затоа ја почитувам вашата рубрика како едно од малкуте места каде може слободно да се дебатира, а да не се посега по делови од сопствено искажаното мислење, кое има смисла со својата целовитост.

повеќе »

ДИСКУСИЈА ЗА “СКОПЈЕ 2014” – ПОРТА 3

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/001.jpgАрхитектонскиот еснаф испадна повторно “спанко” кога се во прашање проекти од типот “Скопје 2014”. Предлогот нè потсети дека се изгубивме во дебатирања, кои досега не донесоа егзатни предлози, поставени стандарди, конкретни решенија, кои точно ќе ги презентираат нашите колективно недвосмислени стручни поставки за просторот.

повеќе »

“Скопје 2014” – римејк на филмот “Франкенштајн”

Визуелизацијата на проектот “Скопје 2014” на дел од Малиот ринг прикажува еден архитектонско - урбанистички “Франкенштајн”.
Се прашувам зошто има толку сличности на проектот “Скопје 2014” што ме потсетуваат на филмот “Франкенштајн”.

повеќе »
Scroll To Top