Author Archives: ivan
Feed Subscription130
Во април издадени 233 одобренија за градба
Скопје - Во април се издадени 233 одобренија за градба што е за 11,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 се наменети за објекти од високоградба, 23 за објекти од нискоградба и 26 за реконструкција. Кај 183 објекти од вкупно 233-те, како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 50 - инвеститори се деловни субјекти.
Во Тетово продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи
Тетово - Општинскиот инспекторат за градежништво на Тетово ќе продолжи со акции за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи, беше соопштено на прес-конференцијаta што следи по акцијаta кога беше отстранета металната конструкција пред ресторанот „Тич“.
Почна изградбата на градска плажа на кејот на Вардар во Скопје
Скопје - Град Скопје го почна проектот за изградба на градска плажа на кејот на реката Вардар, зад Луна паркот. Со проектот, на површина од 1.775 метри квадратни ќе се постави урбана опрема од монтажен карактер, 20 маси, 80 столчиња и 80 лежалки. Плажата ќе биде со ситен песок, а се предвидуваат две куќички и простор за детски забавни содржини. Градската плажа ќе работи од 10 до 23 часот и граѓаните ќе можат бесплатно да ја користат. Посетителите на градската плажа ќе можат да ги користат тоалетите од Луна паркот.
Медиумски покровител на Конференција за енергетска ефикасност 2010.
На ден 03.06.2010 во хотелот Континентал се одржа КОСМО 2010 Конференцијата за енергетска ефикасност насловена - Енергетски ефикасна градба.. Беа присутни предавачи од значајни европски и македонски компании кои зборуваа на различни теми:
Еко лушпа отпорна на урагани
Монолитната купола (Monolit
Dome) е конструктивен систем
од тенка армирано бетонска
лушпа. Овој тип на конструкција
популарен е во САД заради својата
отпорност на силни ветрови и
релативно ниската цена на градба.
Институтот за монолитни куполи
(Monolithic Dome Institute) своите
конструкции од овој тип ги нарекува
и еко-лушпи (ecoShell: economical,
eco- friendly thin- Shell)
Предностите на куполите Monolithic
се: при градењето користат
двојно помала количина бетон и
арматура за иста површина во однос
на класичниот систем на градба,
закривената површина куполата ја
прави отпорна на сини ветрови, при
земјотрес конструкцијата се подигнува
заедно со тлото и не се руши, отпорни
се на оган и спаѓаат во долготрајни
конструкции. Исто така, бетонот на
куполата создава термичка маса
која допринесува за енергетска
ефикасност што е голема предност
во однос на другите конструкции.
Без „Танге 1963“ немаше да го има „Скопје 2014“
Сметам дека ниту објектите
изведени по земјотресот 1963
година, ниту проектот „Скопје
2014“ што се реализира во 2010 година,
не се сместени ниту во времето, ниту во
контекстот. Изградбата на Скопје 1963
година била авангарда за тоа време, а
проектот на Кензо Танге го подигна нивото
на животниот простор на жителите на
Скопје. „Скопје 2014“ од своја страна
го вкопува градот под земја, со него
се враќате назад. Целта на овој проект
веројатно била да оформи некакви
темели. Тие темели се градат на основата
на некои остатоци, кои се базирани
на оригинал кој реално не постоел.
Антонио Петров, предавач на универзитетот Харвард.
повеќе »Велосипедот и градот
Во рамките на креативниот фестивал за велосипеди ВелоФест 2010 во Скопје, се одржа работилница за проектирање на велосипедски патеки. Нејзини организатори беа: Одржливи иницијативи во партнерство со Архитектонскиот факултет – Скопје, во соработка со Коалицијата за одржлив развој и поддршка од Град Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.
повеќе »