Една од големите предности на Цирих е што можеш да го прошеташ целиот град одејќи пеш.
Циришкиот систем на градски транспорт е познат по ефикасноста, точноста, адекватната поврзаност на центарот на градот со околните населби и многуте разнообразни сообраќајни линии. Циришани главно користат четири вида превозни средства, а предност има еко-трамвајот со кој се возат девет од десет граѓани.
Author Archives: ivan
Feed SubscriptionИталијански бои за рибарската населба покрај Темза
Реконструкцијата на стари населби или
постоечки станбени и јавни објекти е многу
чест градежен зафат во многу Европски земји.
Пред да се започне со неа, најпрвин се
проценува дали постоечкиот станбен фонд има
историски и архитектонско-градежни вредности и
дали се вклопува во околината, согласно изменетите
услови на живот. Потоа, се прават многу анализи,
студии и проекти. Најсетне, се отпочнува со
градежни зафати.
Сите ке живееме во еден бесконечен град
Големите градови во светот, кои во последниве години
добиваат димензии на мегаградови, почнуваат да се
спојуваат и да формираат огромни мегарегиони кои
може да се протегаат стотици километри низ
државите и да бидат дом на повеќе од 100 милиони луѓе.
Ова го покажува последниот извештај на Обединетите
нации, кој деновиве го пренесе британскиот весник
„Гардијан“.
Науката ќе ја спасува Венеција
Венеци ја е во опасност да ја снема во брановите на Јадранот по 12 векови
постое ње. Светот го обиколи ја фотографиите од са јтот Ју тјуб каде сурферите
од сите зем ји од светот доаѓаат во ово ј град за да се во зат со гондола
на плоштадот пред по знатата црква Santa Maria della Salute за време на
Aqua Alta, - високата мода .
Нов урбан развој на Њујорк
Поранешниот републиканец, а сегашен
независен кандидат за градоначалник,
милијардерот Мајкл Блумберг, неодамна
го доби третиот мандат за градски татко на
Њујорк. Жителите на градот со најголема
популација во САД , повторно го избраа за
прв човек, пред се поради неговата упорност и
способност да ги оствари своите визии, дури
и во времето на енормната економска криза,
која ги стави пред колапс урбанистичките
планови во градовите во речиси сите земји во
светот.
Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 7
Со доградбата на Уметничкиот
музеј Џослин во Омаха, Небраска
(1992-94), Норман Фостер
покажува дека е мајстор и за создавање
на обликовно единство на старото и
новото. Новиот волумен тој го прави од
ист материјал и со иста височина како
пониското крило на стариот објект, со
тоа што воспоставува врска меѓу нив со
вовлечен стаклено-челичен кубус.
Гимназијата Алберт Ками во Фрежис,
Франција (1992-93), е поставена на еден
брег кој гледа кон морето, а нејзиниот
концепт претставува модерна
инерпретација на локалното
долговековно градителство.
Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 6
Норман Фостер (1935-), по дипломирањето во Манчестер, магистрира на универзитетот Јејл во САД,
каде што го прима влијанието на Сергеј Чер маев и
Луис Кан. Во 1963 година, заедно со Ричард Роџерс во
Лондон ја формира фирмата Тим 4, а потоа соработува на
многубројни про екти со Бакминстер Фулер. Од 1975
година тој постојано го зголемува бројот на сора ботниците
во својата фирма, така што во средината на 90-тите години
има над 250 соработници разместени во не колку ателјеа
низ Европа и Азија.
Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 5
Во 1977 година е формирана
фирмата ричард роџерс и
партнерите, која следната
година победува на
конкурсот за седиштето на
компанијата Лојд во Лондон (1979-
86). Исто како и кај центарот во Париз,
и овде се следи скулптуралната
експресионистичка линија на хај-тех
архитектурата. Објектот е конципиран
за да ја изразува постојаната
експанзија на компанијата, што значи
дека може да се доградува чекор по
чекор со додавање или одземање на
елементи, без да се наруши неговиот
интегрален архитектонски израз.
Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 4
Следните дела на Џејмс
Стирлинг нудат нови раз-
мислувања за компози-
цијата на формите, така
што неговата филозофска
склоност прави пат за новиот екс-
пресионизам. Таквата тенденција е
веќе присутна кај галеријата Клор (1980-
86), како и кај доградбата на галеријата
Тејт (1985) во Лондон. Архитектурата
на последниот објект, преку изнена-
дувачката трансформација на фасад-
ните материјали, бара рамнотежа со
стариот објект.