Насловна / Author Archives: ivan (page 31)

Author Archives: ivan

Feed Subscription

Подемот и падот на кулата

podemot_i_padot_na_kulata.jpgТри 99 катни кули се предвидуваат за девет хектарската реперна парцела во Општината Центар наспроти хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. Тие треба да обезбедат станбен, јавен, комерцијален и деловен простор на оваа локација, веќе наменета за облакодери по урбанистичкиот план на Танге.

повеќе »

Поставени двата лава на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“

lavovi.jpgСкопје - Општина Центар утринава почна со поставувањето на двете спомен-обележја „лав“ на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“, од авторите Елена и Дарко Дуковски. Лавовите се високи пет метри и пет тони тешки, а излеани се во бронза во леарницата „Фернандо Маринели“ од Фиренца. Лавовите се поставени на армирано-бетонски постаменти, со висина 3,5 метри, ширина 2,4 метри и должина 5,5 метри, изработени од фирмата „Бетон“.

повеќе »

Две фирми заинтересирани за инвестиции во штипската техничко-технолошка зона

zona-stip.jpgШтип - Две странски компании се заинтересирани за инвестирање во новата техничко-технолошка зона кај приградската населба Три чешми во Штип.
Според градоначалникот Зоран Алексов, заинтересираните инвеститори оствариле средби со него, но склучувањето на договорите го реализира централната власт.

повеќе »

Осум компании заинтересирани за Полошката депонија

poloska_deponija.jpgСкопје - Осум компании се пријавиле на Јавниот повик за доделување концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионална депонија за комунален цврст отпад во Полошкиот плански регион.

повеќе »

Автопатот Приштина – Скопје ќе биде финализиран во септември

avtopat.jpgПриштина - Косовскиот министер за транспорти телекомуникации Фатмир Лимај најави дека наредниот месец ќе се финализира проектот за автопатот Приштина - Скопје, кој ќе биде даден под концесија.

повеќе »

Околу 40 милиони денари за изградба и реконструкција на комуналната инфраструктура во Струмица

strumica-infrastruktura.jpgСтрумица – Во општина Струмица е во тек реализацијата на триесетина комунални и инфраструктурни објекти предвидени со програмата за оваа година, а финансирани со околу 40 милиони денари од касата на општинскиот буџет.
Во моментов интензивно се работи на комплетната реконструкција на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во вкупна вредност од 3,5 милиони евра. Финализацијата на овој капитален проект треба да биде заокружена до почетокот на декември оваа година.

повеќе »
Scroll To Top