Насловна / Арт и дизајн / Дали Кристо ќе ја покрие реката Арканзас?

Дали Кристо ќе ја покрие реката Арканзас?

kristo3.jpgСлавниот концептуален
уметник Кристо, во
реализацијата на
својот најнов проект наиде
на неочекувана пречка –
прелиминарен извештај
за негативното влијание
на неговиот проект врз
околината. Се работи за
проект, во кој Кристо планира
во рок од еден месец во 2013
година, да монтира паноа
од ткаенина во должина од
9,5 километри преку реката
Арканзас во американската
сојузна држава Колорадо.

За таа цел, Кристо за својата
најнова јавна инсталација,
која ја смислил во соработка
со својата покојна сопруга
и соработничка Жан-Клод,
побарал од државата
Колорадо студија за
влијанието на проектот
врз околината: колку
монтажата и изведбата
ќе влијаат на околината,
колку туристи ќе ја посетат
неговата инсталација, колку
ќе треба да се размонтира
целата конструкција…

 

 kristo4.jpg

 

Според американските
медиуми, во одговорот на
сојузното Bureau of Land
Management за можното
влијание на проектот врз
околината на реката помеѓу
градовите Салида и Кањон
сити, било потенцирано
дека може да дојде до
загрозување по околината
и сериозна опасност по
самата постоечка флора и
фауна. Во извештајот, помеѓу
останатото, се истакнува
дека на Заводот најмногу ќе
му се допадне ако Кристо
својот проект за покривање
преку реката го намали за
половина во својата должина.
Ова не го обесхрабрило
славниот уметник, туку
напротив, тој бил воодушевен,бидејќи според неговите
зборови „во концептуалната
уметност, самата подготовка
и сите препреки, кои притоа
мораат да се совладаат,
се интегралниот дел од
уметничкиот израз.

 

Инаку, Кристо овој проект
го подготвува уште од 1992
година, а дозвoлата ја бара
од 1997 година. Платното би
било закачено хоризонтално,
на околу 7,5 метри над водата,
и би се гледало и од автопатот.
Но, уметникот, кој самиот ги
финансира своите проекти,
покрај државниот завод
има уште една препрека за
реализација на својот иден
проект: групата разбеснети
Американци на кои неговата
уметност им е неразбирлива
и формираше здружение
за спречување на Кристо
„Не со крпи преку реката
Арканзас“.

 

Од друга страна,
Керол Вилсон од Колорадо,
која и порано соработувала
со бугарскиот уметник – таа
и нејзиниот сопруг во 1972
година му изнајмиле земјиште
за проектот „Завеса во
долина“ – неодамна изјави
дека нејзините искуства
со Кристо се позитивни и
дека ги одобрува неговите
проекти. „Тој работи
надвор од мејнстримот
на современата уметност.
Жителите на гратчето Рифле
во седумдесеттите години
исто така се спротиставуваа на
проектот ‘Завеса во долина’,
сметајќи го за бесмислен.
Но, потоа, тие сфатија дека
можат да заработат од
големиот број туристи кои
ја посетувале поставката
на Кристо", вели таа.

 

Дејан БУЃЕВАЦ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top