Насловна / Вести / Жителите на Капиштец со нов парк

Жителите на Капиштец со нов парк

kapistec park (2)

Општина Центар го отвори паркот Капиштец. Тоа е парк за секого, за сите годишни времиња. За деца и возрасни, парк во кој заедно растат децата и билките. Ова е парк со нова перспектива.

„Ова е најубавиот парк, не само во Центар и во Скопје, туку и во цела Македонија. Во личната карта на паркот стои дека е на 20000 м2, од кои 12000 м2 се тревна површина, најголемиот природен зелен килим во Центар. Има две детски игралишта за деца од различни возрасти и кошаркарски игралишта за соодветна подлога за таков вид на спорт“, рече на отварањето на паркот градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Поставена е урбана опрема по која паркот ќе се препознава. Таа е убава, сигурна и трајна.kapistec park

Има два типа осветлување – амбиентално и високо осветлување, со канделабри. Поставен е автоматски систем за полевање, техничка вода се црпи од два ископани бунари.

По 40 години, кога за прв пат се уредува зеленилото, се заменија со нови патеките кои претходно беа тесни.

Паркот Капиштец го красат 18 зимзелени дрвја, 6 листопадни цветни дрвја, 6 високи грмушки, 582 цветни листопадни и зимзелени грмушки, кои цветаат во различни периоди од годината, 104 листопадни грмушки, 430 декоративни зимзелени грмушки, 184 покривачи, 4010 перени, 20 високи украсни треви, 870 мини-треви и 1450 луковици од лале, зумбул, нарцис и мускари.kapistec park (3)

Испрати коментар

Scroll To Top